Сега на вести на сител кажаа. Нема на страната ништо можеш после да слушнеш во 19h. Ама немало повредени.
Имавме ситуација во маало пред многу години, детенце удри во ограда со точакот, едно железо се откачи и му се зари во мускулот од ногата. Први истрчаа еден пар да помогнат и жената се засили да го крене детето, и тогаш мажот и свика да не го мрда, оти може да напраи полошо и да му пресече вена или не знам веќе, па цело време му збореа на детенцето и го смирува додека не дојде брза помош. Не памтам што се деси понатака, ама затоа лекција ми остана дека ако не сум експерт, да не пробувам каде не треба. Знам дека луѓето имале добри намери и затоа не сакав да го коментирам тоа. Всушност повеќе од очигледно е дека ни е потребна едукација буквално во секоја сфера. Цел живот за Скопје патував со Дурмо, па и сеуште кога сум таму. Никогаш сме немале проблем, автобусите секогаш биле подобри од другите компании со кои имав ужасни искуства. Единствено што ми сметало е дека сите шофери возеа многу брзо и што автобусите се преполнуваа во термините околу 4 и 5 од Скопје за Гостивар. Не дека ги бранам, туку си кажувам дека со Дурмо сме немале никогаш дефект во годиништа патување. Е сеа сешто е можно. Може веќе почнале да откажуваат.. колку пати и самата сум се возела во тој црвен автобус.. Едно е сигурно, или е до автобусот, или до шоферот. Се надевам дека тоа ќе се обелодени.
Газдата на Дурмо изјавил дека океј биле автобусите и дека се слушнал со возачот и му рекол дека сам изгубил контрола.. Не да мириса нешто тука. Еве го баш линкот. https://www.brif.mk/ke-bide-li-voza...-trvdi-deka-izgubil-kontrola-nad-samiot-sebe/
како шо гледам од моја страна до автобусите ќе биде. не може два инциденти за два дена .. еве друг шофер е па и него ли му се слошило ... а и вчера газдата не сакал изјава да дава ..зошто?? нека си ја сносе одговорноста сега, еве и денес ако имало жртви фала му на господ шо нема и пак шоферов крив.. абе ајде .. нека ја затворат малку фирмата и нека си напраат технички ..
Плус компанијата имале свој сервис, со ист газда, што јас лично сметам дека не треба да биде дозволено.
Па сега дека цело внимание е насочено кон нив, намерно Марфи меша прсти. Како викаат? Кога ќе тргнат работите на лошо, одат на полошо. Неисправност, несигурнот...Каква рекламација си удрија деновиве Дурмо, не знам дали се свесни.
Газдата на Дурмо нема што да дава изјава дека се ок автобусите си има институции што треба тоа да го истражат. Иако кај нас и во институции се сомневам се е мито, корупција и врски.
---- Извор: https://sitel.com.mk/nov-incident-so-avtobus-na-durmo-turs ---- Нов инцидент со автобус на Дурмо Турс Македонија 15. February 2019 - 16:38 Нов инцидент со автобус на Дурмо турс утрово во Гостивар, за среќа нема повредени. Патниците кои утрово се качиле на редовната линија за Скопје за кратко биле принудени да го напуштата автобусот. Поради паниката која се создала сите побегнале од возилото. Трагите од кочење на булеварот Браќа Гиновски сведочат за инцидентот. Патниците тврдат дека се блокирале задните тркала по што настанала паника во автобусот кој бил покрај постојка во градот за да собере патници. Во автобусот утрово били Ферат Решани. Тој со автобусот од агенцијата Дурмо Турс тргнал на посета кај свој колега кој е еден од повредените во несреќата кај Ласкарци. Агенцијата по трагичната несреќа, продолжи да сообраќа на редовните линии кои ги има на релација Гостивар- Скопје- Гостивар, како и останатите релации во и надвор од Македонија. На интернет страната нема известување за откажани автобуски линии. ----
Може од шокот да не се сеќава возачот. Може и грешно да се сеќава на таа траума се е можно. Еднаш нека се расчисти што точно се случило, па после нека излегуваат со официјална изјава. Нит се знае кој пие, нит кој плаќа.
Може и од компанијата му праат притисок. Сеа еден куп теории се можни. Шоферот веќе зборел со надлежните. Не знам како газдава си зема за право да коментира дека шоферот нему му кажал нешто..
Тоа и јас си помислив после изјавата. Место мудро да молчи, тој одма се залета дека шоферот изгубил контрола над сам себе. Крај краева не е тој тој што треба тоа да го каже. Па стана уште посумливо.
Па и јас како да видов траги од тие снимените видеа по фб... Како туку така сам ке изгуби контрола и ке излета преку три ленти. Баш со мм зборев, се разбира со коли, автобуси, и реков да не излетал сам, да заспал или сл... Вика шанса нема, и да задремал ке се освестел и ке завртел Ова е ептен нагло вртење... и личи на закочен волан.. Или до толку да му се слошило па да не бил скроз при свест. Плус ете една изјава има од некој дека пробувале да завртат, не можеле...