Како да го заработат лебот? Со закани и уцени, за ако најдат некоја трага која посочува на финансиска, безбедноста или економска недоследност да бидат пасивно агресивно вербално и физички злоуставувани? Дурмо Турс е поприлично "стоеча" компанија со поддршка од сегашната влада, со дебел backround на малверзации и некомпетентни проверки на возилата. Мислиш дека долго би се влечеле така самостојно да немаа поддршка од повисоките црни сектори со минатата и сегашната власт? Не. Не се одговорни новинарите, државата ни е гнила, врвот смрди цела деценија. Тек топрвин "доказни материјали" ќе се изнесуваат во јавност. Целиот прљав веш нема да биде ни упола презентиран, ама ќе биде доволен за да чуете и сфатите колкава одговорност треба да сносат одговорните на оваа компанија.
Истиот шофер ли е, не разбрав за што...знам дека е истата компанија, даваа лани на телевизија и пишуваше по сите весници, но не бевме многу засегнати оти се случи во Косово.
Абе не ме зае*авај! И новинарите се криви! Значи, овај не е, онај не е, Петко не е, Трајко не е! А и овој и оној и Петко и Трајко, никој не си ја брка работата! Сите само со врски и преку ред глеат да завршат работа. Сите глеат да сработат колку можи помалку (во државен сектор импозантно многу луѓе тоа го прават)... И органите на власта, секако! сите овие 30 години 'самостојност'. Едните неспособни, не ги исклучуваат другите. СИТЕ! сме одговорни за ова, на кое дереџе сме. Топтан сите! Кој со делување несоодветно, кој со ќутење и игнорирање на несоодветното делување! Епа.. чорба!
Oкеј. Нека ја ризикуваат работната позиција и својот живот само за нас да не снабдат со информации.. Вајлд, новинарите не се светци, ама не можат ни својот живот да го ставаат во опасност. Не можеш да го бараш тоа од нив. Очигледно не знаеш какви закани стигнуваат до нив на дневна база доколку направат нешто против волјата на власта. Не сакам погрешно да ме разбереш, не ги оправдувам. Само ти кажувам кој би бил исходот, а во такви ситуации јавноста нема да може да ги заштити доколку законот им заврти грб. Во правно - функционална држава не би имало потреба од инфантилност и молк. Ама тоа во некој паралелен универзум со име Македонија.
И ние. Не само новинарите! Ако не ризикуваш, нема да добиеш. Како јас пријавувам ако разберам нешто? Нема шанси демек да ме дознаат? Му имам одено, и ги имам снимано со камера, в сурат! И шо ќе ми напрај? Ќе ме отепа? Многу си земат слобода тие што се со поголема моќ. Моќта ние им ја даваме. Повеќето сме ние, помалкуте се тие! Ај да видиме, кој ќе настрада најмногу?! Под услов, да сме обединети. А за плашење, ако се плаши некој да биде новинар, нека биде ѓубреџија! Не мора новинар!
Јас вчера поминав на местото на несреќата . Луѓе па тоа е страшна глетка . Три банкини смачкани . Провалија многу голема .. Траги од кочење не видов . Дали шоферот имал здравствен проблем ( а испитувањата покажале дека сепак немал ) или автобусот бил неисправен ( што сум 90% сигурна дека бил неисправен ) ќе чекаме на истрагата ( ако воопшто ја има ) . Меѓутоа , има благи кривини баш на тоа место . Големи се шансите да се заглавил воланот на кривината , и затоа да се случила оваа трагедија . Колку што сум јас упатена , ниту едно големо возило не може да закочи веднаш . Сопирачките работат на бари ( барем кај камионите и хермелините е така ) , па претпоставувам дека и автобусите работат на тој принцип . Маж ми ми спомна нешто кога полагаше за камион , мислам дека воздухот од моторот се пренасочува во сопирачките и така се закочува . Затоа и не може да закочи во место еден камион . Детали за несреќава кога треба да има отприлика ? До крајот на неделава ми се гледа далеку некако . Јас сум патувала со автобус , и не се има случено ништо . Меѓутоа , од сега ќе се запрашам дали ќе патувам со автобус пак .
Лесно ви е на вас што не мора да патувате секој ден во друг град со автобус. Али секое чудо за три дена велат, за некоја недела ќе се подзаборави се, ќе помине стравот и сакале нејќеле пак по старо. Ќе си се помириме со условите и ќе си се траскаме по кантине од автобуси јер нема друг избор за жал. Па уште кога ги видов ги снимаат возилана од брза помош и пожарна, произведени во 70-тите, распаднати, крпени, никакви. Се жалеа во емисија основна опрема немаат. А во ЕУ одиме демек... Бангладеш не ни е рамен.
Џабе е да отвориш и 10 очи отворени ако не ти е исправно возилото. Нешто смрди во случајов,па сега...
Паа сеа кажуваат банкината бидејќи многу дикази се докажаа дека шоферпт не е виновен па нема него да го затворат па ајде сеа банкината била крива, колку да не се затвори проклетата фирма или да го затбораат оаметњаковиќ директорот што си имал свој сервис.
И?мислиш дека нешто ке се промени?Имало еден куп протести,за све и свашта па ништо не се променило за ЖАЛ. Луѓе сватете дека оваа држава никогаш нема да биде нормална,затоа што 30 год ја водат,криминалци,лопови,кодоши,психопати,лудаци,неписмењаци.За оваа држава да функционира нормално,треба нормална власт,а таква никогаш ни дошла,ни ке дојде.Затоа и многу луѓе ја напуштија државата,а уште повеќе ке си заминат,доаѓа време на лошо и полошо за огромна жал.
Сведокот што сведочеше дека му помагал на шоферот за контола на воланот ја повлекол изјавата (гостиварци ми кажаа) Верувате сеуште во правда??