Иако јадам месо,мене ми е жал за секое убиено животно за да се добие истото,но јбг неможе секој да биде вегетаријанец,а плус и од Господ е дозволено да се убиваат животни за прехрана на човекот,но на што е можно побезболен начин. Сметам дека немало потреба крвнички да се убие со секира кучето,можело на друг начин да се среди проблемот,но не ми се јасни овие од анима што бараат до 15 години затвор за човекот. Алооо сериозни сте?! Што не протестиравте вака упорно пред куќите на убијците на невини деца,пред куќи на педофили и сл. Ама не,вас поважни ви се животите на кучињата. Нека одговара човекот,нека плати парична казна,нека го носат по психијатриски установи да го лечат,ама да го етикетираат како сериски убиец и да му го вознемируваат домот и семејството со денови не одобрувам,што се виновни останатите од неговото семејство?! Дека во државата на секој чекор има сериозни и недоволно третирани проблеми со кучиња скитници-има.
Да , кучето ме нападна затоа што го осети мојот сарказам За ситуацијата во Дебар Маало кажав дека ја осудувам ,јас се надоврзав на твојот дел од постот дека кучињата никогаш никого не напаѓаат. Тоа што тебе не те нападнало не значи дека на никого друг не се десило. Не знам како да ти објаснам подобро. Супер за тебе што не си доживеала такво нешто, многу подобро и не ти посакувам да ти се случи. Тоа е тоа , просто е. Како што јас не негирам дека постојат мили кучиња и не тврдам дека секое е бесно и спремно да те гризне, така и треба да сфатите дека постојат и бесни , гладни, невакцинирани УЛИЧНИ кучиња- епа за тие зборам. Тие напаѓаат рандом саркастични луѓе Не не мислам дека треба да направам шер на фб и слично од проста причина : ваквите размислувања. Ако јас напишам вакво нешто ќе почне да се фрла со камења по мене како ја сум лошотилок, убиец, мразам кучиња , не сум нормална и слични дијагнози
Нема потреба за дебата на темава.Типот е лудак и ќе иде во затвор. Тоа што го направил не е нормално и во секој поглед погрешно.
Ахам, сеа зборчиња ќе копаме во недостаток на аргументи... Whatever, барем не сум дволична и не се правам премногу ЕМПАТИЧНА (среќа гугл постои иначе прв пат го среќавам зборов), емпатија не значи дека треба да се трескам од земја за секој мртовец и да одам да протестирам пред врата на секој што ќе прегази човек. Кај го научивте зборчево и значењето го отупевте со таа емпатија, а ни грам ја немате. Да беше ти емпатична персона немаше сеа тука да праиш споредба измеѓу живот на девојче и на куче...
Се сложувам со тебе дека напаѓаат. И мене ме има нападнато, пишав погоре, а и мој братучед ми кажувал. Се враќал од дискотека со девојка му и ги бркале кучиња, и тоа бааѓи големи, па он отрчал во некој двор и побарал помош и тие од куќата одма излегле да видат што-како. Не може никој да ми тврди дека куче не напаѓа од чиста мира. Јас такво куче нема да жалам. Би го лупнала со најголем камен што би ми се нашол.
Јас сум емпатична, и тоа до степен кај што ми смета во животот... Значи емпатична, со дијагноза, потврдено и од психолог. И сепак протестирањето пред зграда и плакатите ми се глуп начин за решавање на случајов. Чаре?
Мене ми е многу мило што работите конечно мрднаа од мртва точка. Многу се радувам кога кај народот се јавува свеста дека може нешто да промени и реагира некако. Независно дали се собрале 20 или 50 луѓе, битно е дека проработела свеста. До пред некое време, за жал не беше така. Луѓето беа само неми посматрачи, дали од страв или од што незнам. И не е битно дали се работи за куче или дрво или човек. Битно е дека луѓето почнаа да реагираат на нешто што е ненормално. Што се однесува до протестот пред куќата на монструмот и до плакатите дека е сериски убиец, 100 посто ги подржувам и сметам дека ќе бидат поделотворни од правната санкција. Во правото постои нешто што се вика прекршување на моралните и обичајни добра. Прекршување на нешто што е општоприфатено од заедницата или сторување на нешто што е неприфатливо од заедницата односно општеството. Во вакви случаи обично правните казни и санкции затајуваат или се многу мали, но затоа моралните санкции од општеството се најголема казна за сторителот. Потсмевот, вперување со прст се морални санкции што секој еден ќе ги сноси доколку ги прекрши обичајните и моралните норми. А грижата на совест која ќе ја има сторителот кога голем дел од општеството ќе му посочи дека направил нешто што е општо неприфатливо, ќе му биде најголемата казна.
Не знам дали јас сум глупа, наивна или пак ... Како што кажав не подржувам што на таков начин го убил кучето, но бев испровоцирана од статус од фб. Spoiler ОВДЕ ЖИВЕЕ УБИЕЦ! ДА МУ ПЛУКАТЕ ПРЕД ВЛЕЗ СЕКОЈ ДЕН И НЕМОЈ НЕКОЈ ДА МУ КОРИСТЕЛ УСЛУГИ ОД ФИРМАВА!! Да му плукаме? Ахм, океј ... Ајде стави се на место на член од фамилијата, да ти плукаат пред влез или татко ти/сопруг ти да го нарекуваат убиец. Да, тој погрешил, но како што кажав нема потреба од тие плакати, сериски убиец, плукања и слично. На фб прочитав и полоши коментари. Кој ме сфати, сфати.
јас зборев и денес со неколку луѓе, а претходно пишав и коментар на фејсбук како да се врати на Липски Најубава казна за Липски е камен во прозорец и тоа навечер по можност после 00:00 часот. Се остава неколку дена да го направи прозорот и штом го направи се мава по втор пат со камења. Тука веќе ќе се создаде нервоза и ќе се залуди уште толку, бидејќи: 1.прво не ќе знае кој го скршил и ќе се изнервира 2.Второ ќе мора пак да го прави. 3.Трето Ќе му влее тоа страв во коски бидејќи нема да знае т.е нема да биде свесен кога ќе престанат камењата и кршењето на прозори а и ќе се чуствува и тоа како небезбедно. Еве и по втор пат да го направи прозорот трет пат пак да се мава.. Јас верувам дека овој по третиот пат ќе се исели од таму ако воопшто издржи и до тогаш Тоа е еден од методите да се врати на Липски. Уште Поагресивен метод е да и при промена на живеалиште некој да пише каде е и таму да му се мавне уште по 1-2 пати на прозор. Веќе овој ќе полуди тотално и сам ќе се утепа кога ќе види дека нема мир. А клетвите или зборовите од типот ќе го убијам или истото би му го правел/а се само моментален израз на револт кој ќе помине и на тоа ќе остане. Казна нема да има, а и да ја има таа е минимална и Липски нема ни да го види затворот, а да лежи во него па ич. Некој пишал дека не е убаво да се протестира или пишува поради неговата фамилија. Мое мислење е дека не ни треба нас таква ненормална фамилија, особено не на нивните соседи. Сигурно ништо нема да загуби Дебар маало ако една таква фамилија ја снема па добро е да поработат на случајот. Еден до двајца се доволно да редат камења по прозор.
Не сакам животни, имам страв од улични кучиња поради траума од детство. Не сум за труење, ама не сум ни за забивање секира сред бел ден. Доколку мене или на некој член од фамилија ни се деси напад од исто куче, притоа да е пријавено во некои инситуции, а пак е во наша близина, би го треснала со првото што ќе ми дојде на рака и око нема да ми трепне. Човечкиот живот ми е пред се. Не сакам ради некои да имам трауми цел живот, белези или недостатоци на екстремитети. Разбирам дека ги сакате и сте љубители, ама бидете реални. Кај со муабетот дека куче не напаѓало само од себе?! Ви се молам. Застанете навечер на преминот на семафорите кај Капитол и видете што ќе ви се деси. Пред некој ден 5-6 кучиња им се пуштија на девојчиња, без претходни провокации или удирања. Девојкиве се стаписаа од страв, среќа од таксистите излезе еден човек и ги разбрка. Братучедка оди накај дома, од нигде никаде и скока куче ја гризе за бут и и откинува парче месо. И ден денес има толкава лузна што не се соблака летно време од срам и од што е непријатно за гледање. Не напаѓале мили биле.. Приказни за мали деца. Нека напраат некој центар за улични кучиња, се што е на улица да иде таму, се што е болно и опасно за околина на спиење и чао пријатно.
Знам дека не е смешно но ситуацијата во која ликот (го видов на видеото, подгрбавен средовечен чиновник фаца) демнее и шета во центар на Скопје со секира по улици ми предизвикува смеа Асоцијација на D-Fence ако некој го има гледано филмот со Мајкл Даглас кога беше службениче некакво...
Ваков лудак што е спремен да убие недолжно куче со секира насред бел ден треба народот да му пресуди, бидеќи овие институции не реагираат за човек а не па за куче.
Ако тебе не те нападнало, не значи дека не се случува. Мене "донашно" ме има нападнато, на излегување од зграда, ни провоцирано, ни ништо. Тоа што нешто не сте доживеале, не значи дека не постои. Градов има премногу кучиња по улиците. ПРЕМНОГУ. Овие протестантиве ако толку го сакале кучето што не го зеле дома? Лицемерие.
Да си ја мислел он. Ако односите во едно семејство зависат од однесувањето на неговите поблиски членови, како е народот инволвиран во тоа? Хипотетички, му е гајле некому како ќе се чувствува мајка ти/татко ти за неморално/незаконско дело кое си го сторила? Не. Малку му е по мое. Ако се прашува некој - не, не јадам никакво месо. Вегетаријанец сум.
Многу ја тупите за кучево. Го нашле кој е, нека му судат и готово, на човекот сигурно му фали нешто. Или ова е уствари казна за сите отруени кучиња досега? Фативме еден на дело и тој ќе плати за сите
Татко ми да направи вакво нешто лично јас ќе го пратам на лечење. И да ми протестираат вака лично ќе излезам пред нив, ќе се извинам и ќе ветам дека ќе биде сместен во соодветна установа, нема да се кријам дома и да дозволам цела фамилија да биде обрлежана од таква постапка на поединец. Ете ти ставање не местп на член од фамилијата, а вака што ми е гајле за неговата фамилија, можеби го поддржуваат и исти психопати се. Нека си ги сносат последиците сите, како прво да го видам татко ми со секира дека искача на улуца ќе го прашам кај иде така, што планира, ќе го спречам... Очигледно по дома го трпеле и игнорирале неговото психопатско однесување и не го однеле на лечење па ете до што доведе тоа... И не станува збор само за животот на кучето, како не сфаќате дека ситуацијата е многу пострашна од тоа. Не смее да се дозволи да помине неказнето монструм што сред бел ден на јавно место пред очите на луѓе усмртил животно на најсуров можен начин без причина. Дали за вас ова е нормално однесување???Ова е тешка дијагноза и опасност за цела околина. Па не бизнисот негов, па ја ни у кафичот не би стапнала веќе од страв да не ме нападне психопатот од нигде никаде.
My point exactly. Кажав уште погоре дека куче домашно може да нападне ако е учено на агресија од сопственик.
Јас не реков дека кучево беше учено на агресија. Кучето е животно, а не рационално суштество. Не расудува, не размислува - реагира.