Исто и неговите деца. Ако тој не мислел и ако тој е педофил не се тие виновни, ама за жал нашиот менталитет е да ги колниме и да ги пцуеме кутрите деца. Не ти се обраќам тебе, зборам за тие шо коментираат на Фејсбук.
Ама море природно си е тоа, пример ко ќе ја сретнат неговата сопруга или ќерка му ќе речат ене ја од педофилот. И според тебе да не треба да поќутуваме? Па тој педофилот требало малку повеќе да има емпатија и да си речи "чекај бе и јас имам ќерка, што ако сексуално се задоволува некој постар, како ќе ми биди?". Мислам дека ја претеруваш овде и најдобро е да се фокусираме само и да следиме дали ќе добие задоволителна казна и да биде лустриран. За утре други ден да не помисли да биди во близина на друго девојче.
Па можеби татко ти или маж ти се педофили, а ти не знаеш. Како што не знаела и неговата фамилија, верувам. Како си ти виновна за тоа? После ни крива ни должна ќе си патиш. Зошто? Не е во ред децата да страдаат и другите од фамилијата.... И неговите деца се за жалење сега, не се за потсмев...
Кај нас менталитетот е таков,покрај сувото и суровото ќе гори. Јас воопшто не сум за такви погрдни зборови,колнење и сл навреди упатени кон неговата фамилија. Тие не се виновни што тој е болен во мозок. Тој треба да плати .
Секоја чест за адвокатот. Менталитетот наш заебан е таков ,кој и да е за што и да е прво колни да ти се врати на децата за жал. Мене друго ме копка а верувам и жена му ,ако се ова е вистината кој гарантира дека утре нема да посегне по неговите деца...ако и веќе не посегнал
Не, немам ништо против неговата фамилија, ама па и да си почутувам нешто као демек да не му навредам нивните чувства, мало морген. Срам да му е, ништо не го искупува од тоа што му нанел на девојчата како траума или болки, па сеа ќе исправам кривини дрини дали негојте че се навределе.
А која е сатисфакцијата со фрлање клетви,дрва и камења по неговото семејство? Некаков тип на делење правда или...
Па и тие исто имаат трауми и болки. Мислиш лесно им е сега? За вакви злодела се криви педофилите и само педофилите. И голема вина имаат неговите родители. Ниту жртвата си го барала, ниту децата негови се за потсмев и за покажување со прст. Скоро секоја фамилија си носи некоја трагедија како товар... Ако не се деца на педофили, тогаш се на алкохоличари, на насилници, на самоубијци, на крадци... Ние како нација мора да се едуцираме малку. 99% од силувачите силуваат не затоа што сексуално мотивирани туку затоа што си влечат последици од детството: или силно биле понижувани од родителите или и самите тие биле жртва на силување. И не се менуваат, за нив само најстрога казна и толку! Ама верувај, ниту на тие што живеат со ваквите не им е лесно. Како знаеш дека и ќерките не си ги силувал? Како знаеш како се однесувал дома, можеби ги тепал, ги навредувал... Ваквите болки се пренесуваат од една генерација на друга. Неговите деца не се виновни што се негови деца. И не се дефинирани од своите родители. Него треба да го осудиме, нема збор! Ама неговите деца сигурна сум дека и без нашите вперувања со прст доста потешкотии поминале и уште толку допрва ги чекаат. Ајде да не бидеме толку малограѓани....
Никој не вели да ќутиш, шо сакаш речи му и прај му, малку му е дури. Ама него, не на детето негово исто така малолетно. Шо те прај поразличен од него ако речиш: да ти е*ам ќерката? Во дилема сум, заради вакви коментари не е во ред шо се објави јавно, од друга страна убо е да се знај кој е.
Апсолутно не ги оправдувам таквите коментари, тоа све се малоумни луѓе според мене. Него од се срце му посакувам да скапе во затвор, да биде регистриран педофил и да не смее да се доближува до образовни институции или институции каде има малолетни деца. Гној од човек, со самото тоа што е тренер по џудо претпоставувам дека жртвите немале апсолутно никаква шанса да се одбранат од него. Ама не смее да се крие идентитет на злосторник. Затоа што се дури ги криеме и штитиме си земаат за право ова да го прават. Жал ми е за неговото семејство, ама тој се огрешил пред закон, нанесол незамислива болка на 3 девојчиња и не смее да се штеди. Затоа што ако го пишат со иницијали, утре друг ќе си рече ми е гајле ако ме фатат, 3 години затвор, идентитет скриен и цепај. Настрана зошто да не го знаат луѓето откако ќе искочи и да не бегаат од него? Толку ќе му дадат, немој да мислиш дека ќе добие којзнае колку години во затвор. А ако не го знаат кој е може многу лесно пак да нападне невина жртва. А семејството не знам зошто не се остави на мир. И тие се жртви на психопатот, освен ако некој не знаел и ќутел што го прави соучесник. Ама се дури не знаеле што прави овој дебилов и се само несреќни што завршиле со него не треба да се чепкаат. Нека си живеат луѓето, од мене нема никаков коментар поган да чујат. Ама не треба и не смее идентитет на педофил да се крие.
Идентитетите на педофилите не се кријат,ги има јавно,така да секој може да дојде до информации колку се осудени,за кое дело,колку одлежале и слично.
Vo red mozhebi pogreshno se razbravme, ama sakam toj da bide lustriran i d ne strada drugo nechie dete.
Најпаметното нешто што може да биде направено,е што се јавно објавени.Србија уште се бори за тоа,кај нив се уште не е воведено.Денес листав и гледав,има регистрирано преку 200 педофили,најстариот мислам беше роден 1934 год се згрозив.Силувал дете под 14 год.
На една слика од ќерка му пишал “мојата слабост”. Сам си ја става на тапет со тоа објавување на секое слики од детето. Тие кои ги силувал се исто така нечија слабост. Не би ме чудело истото да му се деси на девојчето. Да, таа не е крива ама по “слабоста” најмногу боли ударот. Него и за к*р да го обесат малку му е ама верувам дека влакно да и фали на ќерка му нема да му биде сеедно.
Што е со тоа што го објави Антонио Милошовски во собрание дека некој од пратениците силувал жена, за кој станува збор?
Отворете го регистарот на педофили, испод сликата на секој педофил стои и колку затворска казна заработил. 6 месеци, 1,2 3, поретко и 5 години. Углавном до 3 години. 3 години ќе одлежи за нечиј цел упропастен век. Срамота.
Тоа забележав. И голем дел се ослободени пред истекот на казната. Со што ли заслужиле... Тоа не прави исти како него. Семејството да се остави на раат, греота е да се ставаат во уста. На девојчињата-жртви да не им се ставаат етикети "сама си го барала". А за ваквите ко него, нов закон кој ќе вклучува казна поголема од 3 години. Да се мрдни од мртва точка, можи ќе служи како пример за предаторите, охрабрување за секоја жртва да пријави и да е сигурна дека ќе биде заштитена. Ама вака во некој паралелен универзум.