Да им дотурам жар врз огнот. Како што им се брза секогаш, така јас да ги изнервирам поише со чекањето.
Aко го објават нема назад, сите ќе дознаеме чие галениче е. Вака овие гниди од новинари нема да пишат, дури не добијат дозвола (а тешко и дека ќе добијат), оти со некое илјадарче или со закана можеш да ги поткупиш да ќутат. Додека порано во светот да си новинар значеше да ти е гордост прв да објавиш информации, да дознаеш што повеќе, да обелодениш некои вистини, сега се само платеници да пишуваат она што ќе им се рече.
Од вчера чувствувам страшна вознемиреност од оваа вест. Па и новинарите лешинари што го зумираа телото на сиротата девојка за да бараат сензација. Грозно! А за возачот, кој и да е тој, доживотна казна и повеќе да не види слобода затоа што не ја заслужува. Ама знаејќи го нашиот скапан систем, тешко дека ќе го видиме тоа.
90?По 120 возат и више ако фати зелен брат.И на булеварон кај хотел Русија. Баравме нови улици, и пополнети дупки за да не кршиме коли, на крај добивме авионски писти и кршење глави. Треба пак да се раскопаат, па иди летај да те видам
Страшно. Да ти е страв да создадеш фамилија во Македонијава. Возачот уствари не е крив, криви се родителиве што уште недораснато толкави колишта им купуваат. А после нив возачот што нема две чисти во главата и на семафор претицува. Случајот се знае како ќе заврши, ама незнам совеста како нема да ги гризе.. Страшно.
Приведен е возачот кој синоќа ја усмрти 24 годишната Викторија Н. од Радовиш него зашо не го пишат а?
Си има платено кај што треба и не треба. Ама не сме способни како народ да се соединиме, да беше албанско дете до сега ќе го најдеа ќе изедеше прво ќотек, па после у притвор.
Зошто зборувате за ова? Искажете сочувство и доста е. Ич неубо да им читаат блиските анализи вакви-онакви
Името на Викторија прво, името на фраерот под наркоза никаде. Така одат тие работи тука во нашата држава.
Не дај Боже, да се клајме во ситуација на било кој од погодените... Дали да жалаат, дали да се нервираат оти некој ги зборува по интернет.
Пошто Вајлдке, ова мора да прекине.Сфаќам да е НЕСРЕЌА, кочници не работеле, лизгав коловоз, магла, не знам умор нешто.Ама на една од најпрометните раскрсници?? Дете плус, 22 год? Најлошото е само што, прво казните се мали.Мора Устав да се смени, од 4 год па нагоре. Некој ќе лежи под земја ЦЕЛ ЖИВОТ, а некој у Шутка само 2 години? Некои ни толку бе. Пак се враќам на муабетот со корумпираноста, и дека мора од корен се` да се смени.Знам мноогу што летааат. Ви кажував за 17 годишниот брат со Поршето што МАЈКА МУ сопствена се плашела со него да влезе у кола? Таткото у затвор, му остаил порше, кур ги боли.Мали шибај. Или не знам, сами да се пресметуваме. Сакам усвет да фатам од овде само ради менталитет (малограѓанство) и кривосудство, мито и корупција. Абе не дај Боже на близок вакво нешто, нема ни до Основен суд да дое. Ја каква казна ќе му смислам, на Ѓаволот нема да му текне. Шо ние, (ај ја не возам толку скоро ич шо се вика), шо возиме нормално, ненормални сме? Абе моиве и да може да потплатат, татко ми ќе ме исчука дома, и таква ќе ме однесе у полиција, а не уште врски да ми фаќа. Башка и да полежат малце ништо страшно.Да видат како е да изгубиш слобода @Hellobeautiful сигурно имало, препрепрометно е таму.И Жарко Димоски актерот бил таму.. а татко ми се врати среќа 40 минути порано дома, леле Господе. А сањав бе, сањав месецов коли сообраќајки, ме јадеше нешто нив да не им се деси. У курац
Се согласувам дека сме говно од држава, ама да не ги прајме туѓите трагедиии само причина за истурање на гневот, кога во реалност само на лаење останува. И шо постигнуваме? Некој шо е во жалост, да го разгневиме, истрауматизираме уште толку! Напрајте тема за корупција непочутување закони и таму ќе си збораме.
Дали е нормално ова? 15 месеци казна за сообраќајна несреќа со смртен исход (кажано беше во видеото за претходни сообраќајни несреќи дека возачите добивале вакви казни)? Ова не е држава.
E и да знаеш дека ќе направам. Да запалам само цигара за муабетов чекај шо? не го глеав видеото ја. Само 15 месеци?????
Не требаат такви за сеир. Некој не знам дали јавна фаца или што и да беше, пишал дека бил сведок на случката вчера. Се надевам ќе ја каже во целост. Се надевам ќе се јават уште сведоци, кај Сити мол секогаш има повеќе луѓе. Ова со сведоциве ми падна на памет, дека у прилогов од вести кажаа демек имало камери ама ништо чудно баш во тие моменти да не работеле. Се надевам што повеќе луѓе ќе дадат изјава и ќе му се суди дебело на копиљакот проклет.