А, како го замислувавте вие убиецот? Со тетоважи, ќелав и дебел? Абе и јас имам милна фаца, ама мислењава тука не ме прикажуваат ко мила. Така да
Во свекрви и снаи сите зборат како се нема за стан, во Македонија е невозможно да заштедиш за стан, приморани сите да живеат во заедница. Тука од некоја за здрав разум непозната причина во обид да релативизирате, некако одма ви станува нормално да си имаш сопствен стан на 20. Браос.
Вака, дечково може е златен карактерно ама сега е убиец. По своја вина, ради курчење и не размислување. Не е мал па да не е крив, да му се одбие на години. Многу од нас возеле на таа возраст, па не сме коселе луѓе по улица, баш напротив. Лигуш
Не е нормално. Ама од кај знаеш мош е дете на некој виден богаташ. На 20г не знам кој има спечалено за стан и кола. Затоа и викам не можеш да знаеш од кај му се
Па тоа ти кажуваат сите, дека е некое распрдено дете очигледно. Ама тебе на слика фин ти гледал. Арно пиша некоја членка, ептен коинциденција што се овие децава на богаташи газат луѓе. Симптоматично.
По сликите не ми стое на некој багабонт. Ама јас не реков дека не е убиец. Овде некои читаат ама селективно така да, не знам зошто одма рипаат
Нема врска силата на моторот, секое возило без разлика колку коња е развива брзина од 100/120 км/ч, не знаеме со колку возел. Разликата во коњите е тоа шо ако е 80 коња, таа брзина пример од 0-100 км/ч би ја развил за 12-13 или 14 секунди, ако е 130 коња или 155кс (појаката верзија) од 0-100 развива за 9-9.5-10секунди. Почетна цена на Citroen C4 е 15.990 Евра а со највисоко ниво на опрема и мотор околу 27.000 евра и повеќе. Како и да е, ако бил нормален немало да вози на пешачки со дупла брзина од пропишаната. А станот на сестра му кажува се бидеќи е наша генерација и ние сме 20год и реално на 20год сам не можиш да спечалиш толку многу, очигледно се некој големци. Срамно ќе биде ако помини само условно или се суди како несреќа. Тој ќе излези за 2год а можи и за 6 месеци ама девојката никогаш.
Епа ако е вистина дека работела во пицерија, тогаш теоријата за комплексите ми делува уште поверодостојна. 20.000 евра ги кажуваш како да се 2000. Кое е тоа семејство кое живее од плата и си купува кола, макар и семејна, од 20.000 евра? Родителите у денешно време забораваат да си ги воспитуваат децата, и тоа го надоместуваат со коли, станови, облека, пари, пари, пари.
Коњажата ја спомнав, за да посочам дека е почетник А почетник не смее да си довволи такво претицавање и возење 50+ ни поискусен не смее, ама ќе препишеме дека со искуството доаѓа и осетот и проценката овој сиротиов не му текнало зашто тој пред него застанал.Мене тоа највише ме плаши.. е до толку не им работи мозокот значи не е способен да управува со кола Ја сум ЗА НОВА КАЗНА ВО УСТАВ: ЕМ ЗАТВОР, ЕМ КОГА ЌЕ ИСКОЧАТ ОД ЗАТВОР 2 ГОДИНИ БЕЗ ВОЗАЧКА.Ако ги фатат 500 евра казна. малце се бе 2 год пример да му даат, кога на девојчево цел живот му пропадна, а за дечкото и траумата што ќе ја има да не зборам..
Колку и да е човек работлив и вреден,тешко во рани 20-ти да заработи доволно за стан и кола со македонска плата.Единствено може да ги добие како наследство или поклон од некој близок. Ако ова ви личи на мирен човек...
Пиши ми во порака, ќе ти го пратам да го видиш, освен ако некој не го постирал овде во другите страни, бидејќи не можам да ги прегледам сите, премногу брзо пишувате.
Некаде пишуваше дека пред 1 година зел возачка... Како и да било, некои работи се учат и во основно, бар нас не учеа. Ама за некој ништо не важи.