Возач почетник смее да вози кола до 105 кс. Ако има толку ќеш, и 2+ год. искуство, зашто би возел кола испод 105 коња? И тоа пренов модел? Не мора да значи дека е 2+ Јас сега во декември положив.Кога ќе имам тек 22,5 ќе ми пројде тоа возач почетник
Не е наша работа тоа. Може е наследство од баба/дедо станот и колата.Од кај знаете? Или не е легитимно да се купи на внук/внука? 20 000 не се некои големи пари за нова кола. Не чини возилово 100 к па го направивте богаташ. На крај и не е важно. Единствено е важно дека не внимавал,не возел по прописи и убил девојка. Кое семејство може да си го дозволи и како не знам,ама многу во Скопје имаат имаат по две коли.
Без разлика што овде некои се глупират, за 3 дена ќе забрават се, се до наредната сообраќајка. Жално е за фамилијата на девојката и за дечкото. А такви несовесни возачи секогаш ќе има
https://a1on.mk/macedonia/video-voz...BLtAZaKlKU9S27mfv3lWtCfiJEkC-iVAEhggXhgMi9IfE цитирам ,, НЕ Е ЛЕСНО ЗА ПОЧИНАТАТА " Aj дечково шо е неурамнотежен, ама адвокатов? ,,овој притвор е изнуден од јавноста" Гос...не ни нарекува да го довршам зборот, Јанковиќ, читај овде и по коментари да видиш шо казна би му ставиле ние.Малце му е притвор
Луѓе што ви е со дискусииве, баби на селска чешма?Претерано, најозбилно, анализирате каква фаца имал.Не сте во csi епизода, доволно е ужасен настанов за да не го сведувате на непотребни трач муабети.
Да, ете мене ме излажа изгледот. Ама во ниедно мислење не го оправдав и не реков дека не е крив. Напротив
Дечково бил добар дечко, мирен и повлечен. Мој роднина со него учел, ми кажа дека бил одличен ученик во средно, многу фин.. се дружеле искачале не бил некој да глуми, да се понаша.. колава пред 10тина дена ја купил на ново, му се пофалил на братучед ми.. И него не му се веруваше дека он го направил ова, ама тоа е... за жал за несреќа малку фали како можел да претица кола пред него која видел дека кочи, а очигледно штом кочи значи има пешак.. не знам. Жално за семејството на девојката, млад живот згасна.. бог да ја прости
Јас може не знам математика, ама просечна плата у државава нека е 24.000, па да се заработи за кола од 20 илјади еури некако многу години ми се гледаат дека се потребни. Јас размислувам од перспектива на статистика, бидејќи зачестија сообраќајки во кои учесници се дваесгодишњаци со скапи коли, затоа што по дефиниција, да, во земја со економија како нашата, кола од 20.000 е скапа кола. И мора да се размислува во таа насока. Ова што се случува не е нормално. Ќе се удавиме во сопствените издувни гасови од сопствените скапи коли што ги возат нашите дваесгодишни деца и ќе ги закопаме овие другиве кои немаат 20.000 евра за кола и идат пешки. Таа хистерија колективна да се продадат нивите, и душата ако треба да се продаде, само "да се обезбедат децата/внуците" не доведе до урбанистички и сообраќаен хаос и сите го плаќаме цехот. После војна сите генерали, ама веќе стварно градов стана неподнослив.
Човечки живот згасна, а вие тупите упорно од каде му била колата и дали имале родителите пари да му ја купат?! Дали е тоа важно? Не се занимавајте со простачки и малограѓански работи. Повеќе треба да се загрижите за начинот на кој се добиваат возачките дозволи и за прогледнување низ прсти при правење прекршок. Син ми влезе 10 м. во еднонасочна и доби казна. Прекршок, нема ама. Кршење на закон. Точка. Од негови пари му ја платив казната. И ден денес го пцуе полицаецот, ама лекцијата си ја научи - се надевам.
за линкот кој го постира... Во нашава држава неположени без возачка па и со нерегистрирана кола возат а тој ти вика да му ја одземете возачката и ќе нема да го повтори случајот зашто ќе нема што да вози Ми текна и на тие децата кај inex Охрид што загинаа, мислам двајца дека беа. Уште и тие жртвите беа криви, тие излегле на патот ако виновниците се тркале и претекнувале.
Ама зошто е воопшто битно каква фаца имал, дали бил мирен или не? Битно е дека свесно направил прекршок и одзел живот. И воопшто не е за жалење. Треба ептен да си нетокму за да земиш да претицуваш застаната кола пред пешачки и да возиш повеќе од 50 во населено место. Овој не треба никогаш повеќе зад волан да седни. Многу приказни имам слушано за сообраќајот во Скопје колку е хаос, колку се нервозни возачите и колку многу прекршоци се прават. А и лично сум видела секако. И не мислам дека е случајност како најчесто богати се наоѓаат во вакви ситуации. Во Македонија сме, каде што со пари сѐ се решава. Размазени лигуши.
е тоа е разликата која наназад ја збореа. Можевте и вие да појдете тие пари да ги дадете на надлежните за да ја поништат казната. Ама испаднавте родител на место па дозволивте да си ја научи лекцијата - навреме. Можевте да го тапшате по рамо и да речевте ајде сине ништо не е мама/тато ќе плати ќе средиме работа нема веќе да те задеваат ама оставивте да осети на свој џеб па да види како е. Тие работи не ги прават сите.
Буревесник ја претера, од се прави сензација. Објавува за мајка му и разводот на неговите. Оженета била за дедо богаташ, па следуваат коментари дека била проститутка. Страшно. Детево е виновно, има суд, нека го казнат. Нема што да се вадат семејни работи и да се прави сензација. Овие работи ама баш немаат никаква врска со делото. За жал, сеирџиски народ сме.