Приказните не се секогаш израз на бес или некуктура или желба за трач. Јас не се сметам себе ниту за трач-баба, ниту за некултурна, не пукма сеир и озбилно, ама најозбилно не ме интересира кој со кого спие. Ама, приказните ги разбирам. Израз на немоќ и бес. Затоа што институциите, особено Мвр веќе не знае што да им прави на шерифите во овој град. Да ти е страв да излезеш на улица. Особено од Влае кон Ѓорче, само ако помислиш улица да поминеш, а има на видик кола и таа мора да ти застане, одма искача даса и со хебла те решава. Знаеш ли ти кој сум јас е секојдневие. Оваа трагедија го вади на пвршина тој загниен и застоен смрдлив бес. И не, не се случува истово со секоја трагедија. Една таква паметам пред неколку години кога камионџија згази дете во Хром. Да, го осудија, ама никој не пишуваше за него и неговата фамилија. Затоа што едно е несреќен случај со смртни последици кои не си можел да ги контролираш, а друго е несреќен случај кој не си сакал да го контролираш.
Е де, то. Бесот ќе го вадиме преку мртви тела. Без воопшто regard за чувствата и тагата на блиските на починатиот. Цело време треба да сме бесни, оти цело време сме сведоци на милион различни неправди.
Леле човече дај успори со реченициве. Ако некој треба да си ги повлече зборовите тоа се тие што ги окривуваат нив, не тие што сакаат правда. Мислам дај за ништо потресно да не прајме муабет зашто жртвите или семејствата ќе се осетеле лошо. Ко божем ако ќутиме, ќе го вратиме времето и све ќе биде океј. Пс Башка цело време се збори за сообраќаjна некултура, само овојпат се збори за конкретно овој настан.
Буревесник не го знаете? Тој објавил за мајка му. Ама Македонче просто за сеир гледа се,јавен линч и срам. Се фукала мајка му, Бог да чува многу важна вест. Мизерија
Како те молам прикаски трачарски за нечии сексуални навики се непочитување на нечија трагедија? Од кога постои светот и векот, најголемите трагедии се иницијација на катарза, ама нас никако да нѝ се деси. Мене ме измрда од место кога на фејсбук, единствената мрежа која ја имам, под вестите кои се објавуваа, прочитав десетици и десетици коментари на луѓе кои поминале низ истото, кои ги паметат сите детали, датуми и имиња на нивните крвници кои им одземале некој драг. И сите без исклучок, се фрее оф чарџ. И немам ништо против ако оваа трагедија ја искористат за да си го олеснат и метаболизираат бесот. Нека бидат Јордан и неговата фамилија жртвено јагне. И онака од судска казна сме дигнале раце многу одамна.
Вајлд, отворив.И ви кажав. Во Политика ја ставив @Luciferka добро јас дека прв пат слушам таков израз и неубаво ми дојде.Нормални дека ќе го брани тоа знам хахахаха Едит: сега објавија А1он дека признал вина и дека возел со 40-45 демек Али вака и Камчев да го осудеа бе 6 месецА вај вајј Ќе пукне и таму некое милионче и чао Ги мрзам сите Не ги мрзам ради парите, кои пола им се клети и нечесно стекнати, ги мрзам пошто се трули во душата Господ на сите криминалци да им врати
Јас искрено би му дозволила дома да си седи кога може да седат дома децата на јакиве кои беа осудени на условна, тогаш истите права ги има и обичниот човек ( детето ).
Јас од тебе и не очекувам објективен, професионален коментар на оваа тема. Тоа е менталитетот. Ако можат Петко, Станко, можам и јас. Така и судот размислува, и затоа се најкорумпирана и нефункционална институција пар екселанс.
Па тоа викам. Да отвориме тема која е постојано активна и да зборуваме за сообраќајна култура, неспроведување закони, фаќање врски, мито и корупција, а не само кога ќе се случи нешто трагично. Мене ми е неубо шо читаат нејзините се' и сешто. И најмногу ми е жал, што ја има на снимки и слики во таква состојба. Требало да го затскријат телото со параван, или да го покријат, а не така да ја снимаат. Мислам дека и не е дозволено график слики и снимки да се објавуваат.
Значи сакаш да кажеш големите и тие што имаат пари нека добијат услова нели имаат пари а обичното дете нека скапува во затвор и ќе кажеш има правда. Кога ќе ги видам тие со пари во затвор тогаш ќе му го посакам на детето истото.
Во сите развиени земји опшеството се стреми кон почист град и околина, велосипедизам и јавен превоз.Колата е нужност,ако мора да се користи, а повеќето одат на работа со јавен превоз! Ние се враќаме во 70та , ленти ќе прошируваме на улиците.Не се научивме некои работи и невини души ќе плаќаат за тоа.Тешко ми е кога ќе помислам на идниве генерации.. Да сум јас нема да чекам ни закон ни пресуда,лично ќе му судам, не го зборувам во афект ова! ...Знам дека ако чекам од нашево судство ништо нема да дочекам.
Пишуваат дека не возел со повеќе од 50км/ч. Малку чудно е, зашто таа не е голема брзина, и доколку било така тој би можел полесно да ја контролира колата. Не мислам дека беше толкава брзина.
и што ќе направиш со ова? Ете за девојката од Куманово, Јелена мислам се викаше, татко и ангажирал убијци да го убијат човекот кој ја предизвикал сообраќајката во која загина ќерка му. И во затвор е сега мислам
Читај со разбирање. Секој треба да си ја добие заслужената казна. Но, тоа не значи дека сега треба да се ослободува секој што направил штета само затоа што некој друг бил ослободен и не добил казна. По таа линија на помал отпор доаѓаме до заклучок дека не ни требаат ниту закони ниту судство, уште помалку адвокати.
Браво за тебе, правдата ќе ја докажуваш на детето, додека детето на Петко од влада ќе си го прчи со условна за исто такво дело. Се додека правдата се спроведува само врз малиот човек тоа не е правда.
Не велам дека е разумно решение ама умира дел од тебе,и цел живот полека ќе умира пред очи, додека тој што го направил делото е негде надвор ужива. Платил за да ужива.Таа мисла не би му дала мир на ниеден родител.
Мислам дека била неприлагодена брзина за ситуацијата, колку точно не знам. Ако била прилагодена, доаѓаме до проблем број два. Голема кола за така физички ситно дете, неискусен возач и невнимателен. Мада, како бил тогаш толку силен ударот, да усмрти безмалку двајца, не е најјасно.
Епа ај да го пуштат ако не, какво е тоа кривично дело, па еден човек умрел, не умреле двајца. Штом на Петко детето го пуштиле. Се читате ли што пишувате.