Еееее да беше у јуесеј сега милиони ќе имаа жениве што ги лажел на сметки. И болница да се тужи и све по ред. Лиценца му земале, бре, а на психијатрија не му уплаќаат престој?
Навистина се потресов за смртта на родилката во Санте Плус. Да беше почината во Државна до сега ќе имаше бунт, зошто не се постапува исто и со приватните клиники? Па уште и вината ќе ја префрлаат на КАРИЛ, срам да им е! Да речеме и да починала на КАРИЛ, до животна опасност е доведена во Санте Плус, не им е срам? Зошто воопшто им е дозволено да работаат приватните клиники, ако сите хитни случаеви ги праќаат во Државна, а наплатуваат огромни цифри? Едит: ете имало вест во еден портал http://novatv.mk/rodilka-pochina-pri-poroduvane-vo-privatna-bolnitsa/
И пак нека одат во Санте. Го знаете сите мојот став за нив. Време беше да излезе на виделина во екстремна фаза што нудат тие. Прва работа зашто општа?! Мене анестезиолог ми рече можеш да бираш сеуште (дека 28 имав)но над 30та година не препорачуваме целосна анестезија. Зошто поризична ја сметаат па ако не мора да не се става. Друга работа што се препукубаат сеа дали жива или мртва ја пратиле. Тие ја донеле до ова даље не е битно. Патем после 30 минути го извадиле бебето??? Нормални ли се. Ко да не се знае дека одма треба да се вади тие мармалад да не отишле да прават!? Паника ли доктор фати нека скине диплома и др и мр и све!!! И уште нешто. Од позната фамилија па у Санте ??? За некоја илјадарка разлика луѓе живот ризикуваат. Се знае кај се најопремената се знае кај се оди. Толку сум бесна и потресена што искрено се надевам тоа сестриштата и докторите до еден под суспензија ќе одат.
Има вести за починатата родилка во Санте. Нажалост алергиска реакција на анестезијата. Жената пред одредено време прашуваше по групите за епидурална, а и мислење за Санте, доби многу негативни одговори, но имала капар оставено. Многу ми е жал, се запрепастив ко прочитав сега. Барем бебето да остане живо. Во врска со Санте, не знам што да кажам. Треба да се испита подетално, особено поради тоа што не се совпаѓа приказната со таа од Карил.
Извинете за печатни грешки премногу се потресов. Страшно. Страшно!!!!! Бебе во тешка состојба дали воопшто има надеж после толку време без кислород којзнае колку мозочни оштетувања има. Страшно жени пазете каде одите и во чиви раце ставате два животи.
И од Систина и од Ремедика хитни случаи ги праќаат во Државна. Зошто? Кога се плаќаат екстремни цифри, аналогно на тоа треба таму да се добива комплетен третман, а згусти и прати во Државна, после дигај раменици и оградувај се од одговорност! Нели плаќаме за да не дојде до состојба опасна по живот и ако дојде да се реагира како што не би се реагирало во државна клиника. Да им се плукнам во дозволите за работа!
Затоа јас решив да раѓам во државна. За среќа, поминав супер. Жал ми е за родилката. Дај Боже детето да се спаси. Не знам зошто се молчи кога има вакви случаи во приватните болници? Знам и за други два случаи каде што за малку ќе починеа родилки. Да се случеше вакво нешто на ГАК, одма ќе имаше коментари. Како може приватните болници да наплаќаат огромни суми, а не пружаат целосна нега? Ако нешто се искомплицира, одма праќаат на ГАК. Срамота.
Уф... Нека и е лесна земјата, каква трагедија. Дали бебето што го извадиле по пола саат е нивна грешка? Или се обидувале да ја спасат за да ги спасат двајцата? Каква кукавичка работа на крајот направиле, ја пратиле речиси мртва само да не бројат губење на пациент. За да можат да лажат дека кај нив не починала. Страшно.
Нема простор за мислење, паника ги фатило стручните. Еден реанимира друг вади бебе се знае како оди тоа. Упс... може немале доволно персонал јер празници. Страшно.
Ги препраќаат при компликации кај родилката. Јас кога се пораѓав имаше случај од РемедикА. И јас се чудев зошто така и не ми се веруваше.
Препраќаат ако се искомплицира и ти кажат сума која не можеш да си ја дозволиш. За ова во систина ми потврди бојаџиев а во ремедика препратија една баш заради финансии дур лежев.
Пишува дека и препорачале спинална анестезија,сама потпишала за целосна.Според мене грешка им е што не и направиле алерготест кога веке е ризична самата анестезија.Јас од овакви работи,мислам во систина една родилка не се разбуди после анестезија,сама побарав алерготест пред хистеролапароскопија во систина.
Грешка си. Немаат врска финансиите. Доктор имам плус во фамилија што работи во РемедикА. Таа искрено ми кажа дека да не си го рушат реномето препраќаат на ГАК.
Она одлучува. И мене ми рекоа да бирам каква сакам во ремедика ама ризикот ми го појаснија пред да изберам. Убаво си сторила. Не верувам дека систина има послаба апаратура од гак. Може кога гледаат дека нема спас па ради тоа да не рушат име и да бројат морталитет.. Видиш не ми текна на тоа.
Жално, лесна и земја, а на бебето долг живот! Прво медицинар е, второ секаде прашуваат пред било каква анестезија дали си алергичен на нешто, трето така требало да биде, па дали во санте, карил или систина се десило, тотално не битно, девојката ја нема веќе. Ако и било така пишано, и да не била алергија на анестезија, друга компликација ќе искрснела. Господ да чува од вакви работи... За систина знам дека препраќаше во државна кога немаа соодветна апаратура, тоа додека беа кај Олимпико, сега не верувам, може само обратно да е.
@LiliBoz а од спинална нема таков ризик за алергиска реакција и шок? Мене во Плодност не ми дадоа избор за каква анестезија сакам пред царски.