@Luciferka ако стварно соработуваш со адвокатот те молам пренеси му да не се бламира со лагите. Да, тоа му е работа, да биде одбрана на обвинетиот, ама толку не знае дека има докази и дека точно се знае што се случило? Дури не можам да поверувам дека тој човек е адвокат.
Работата на адвокатот се состои токму во одбраната на клиентот, на секој можен начин. Без оглед на тоа за какво кривично дело станува збор и без разлика на тоа дали клиентот е виновен за делото или не.
Не знам што се чудите, работа на адвокатот е да го одбрани виновникот и секоја најмала ситница да ја искористи во негова полза. Само Фемина дефинитивно не е место за тоа.
Леле сериозно оправдувањево "од асфалтот се повредила"? Ама на асфалт ваљда не паднала од што се сопнала на камен, ја турнал со колата. Мислам и со пиштол да те убие некој може да рече Ама куршумот беше, не јас.
Ако не почитуваш сообраќајни правила, нема олеснителни околности. Најголем дел од несреќите не се случуваат од невнимание, туку од СВЕСНО НЕПОЧИТУВАЊЕ на сообраќајните правила. Ако возиш со 100км на час кај што е дозволено 50 и ако удриш некого тоа не е од невнимание. Ако си решил да претекнуваш на полна линија, на кривина, ако влеташ на црвено и предизвикаш сообраќајна незгода не е од невнимание.
А адвокатот па изјави дека толку е оштетена колата оти не биле како порано од железо, сега се алуминиум и пластика. Ајде ок тоа, ама резултатот на тој удар од пластика е почината девојка. Никако не ми е возможно со 40-45 км на час да возел.
Како тоа на секој можен начин? Не смее да лаже. Тврди дека децата претрчале преку улица, а тоа не е точно. Тој како адвокат треба да го знае тој податок најдобро, да се информира добро пред да изнесе детали, особено пред јавноста. Дефинитивно со ова не му помага на клиентот.
И затоа веднаш е во притвор, а нњ адвокатот да бара домашен притвор демек нема да избега. Обвинителството правилно постапи од каде знаеме може ќе избега и тој.
Сериозно ова? Што се не ќе кажат само за да го одбранат. Ако возеше според пропишана брзина сигурно немаше да биде вака.
Продолжил затоа што така сакал, затоа што не бил заинтересиран да погледне што се случува, затоа што ни во дел од секунда не размислил зошто колата пред него застанала и затоа прошишал. Ам беља работа, асфлатот се кренал и ја дотепал Викторија. Ти што не разбираш тоа шо да прајме (иронична сум)
Медиумите пренесоа, според изјавите на сведоците најверојатно, дека поминувале на пешачки, а не дека претрчувале. Ќе почекаме и реконструкција и вештачење и ќе знаеме.
What? Ова реално е што го слушам? А како ќе се објасни тоа што ја исфрлил девојката неколку метри, ако возел со пропишаната брзина?
Се` е сведено на веројатност. Вистината е дека додека официјално не се заврши со истрагата нема да ја знаеме вистината. Останатото е шпекулација.