Првата реченица.Кога ќе измешате баби и жаби смисла нема. Ако треба да биде нешто ќе биде па каде сака нека сме. А за спремноста на кадар и опрема е веќе др.приказна. Многу ми падна жал Жената е стоматолог сигурно била запознаена што како. Лесна и земја Само бебушот мил да се спаси се молам.... На санте ни буква не им верувам на изјавата !
@eli25 коментарот мој се однесуваше на тоа дека има жени кои мислат дека ако одат да раѓаат во приватна болница, ќе бидат поштедени од трауми. Нема да ме чуди ако ја префрлат вината на КАРИЛ само за да се спасат. Прочитав дека самата потпишала за целосна анестезија. Така изјавиле од Санте. Од таму и советувале локална анестезија.
Како прво не треба да се дава простор за избор за анестезија, треба самиот тим, во зависност од конкретнит случај, да одлучи каква анестезија ќе примени. Јас бев со општа анестезија во Државна, нит ме прашал некој, нити сум потпишала било каква согласност. Втор случај, правев друга потешка операција на Трауматолгија во државна, самите одлучија да бидам оперирана со спинална, јас се побунив, велам сакам со целосна! Дојде анестезиологот и ми рече: зошто да ти ставаме тубуси и да сносиш поголем ризик со општа? Не може! Ќе бидеш оперирана со спинал и крај на приказната и нормално не инсистирав повеќе. Ми беше зборот дека, докторот е тој кој одлучува за анестезија, а не пациентите кои патем немаат благе везе со медицина.
За жал се случуваат вакви работи,и да не е алергија можело да биде и мозочен и срцев удар ,ретки се но се случуваат секаде. Што се однесува до приватните болници треба да сносат одговорност до крај,а не да препраќаат до клиника.Во моментов и 3 новороденчиња од кои две близначиња од систина се донесени на клиника.
Се сомневам дека тоа што го прочитав е точно. Како и да е, треба некој да сноси одговорност. Иако тоа нема да ја врати жената.
Нема шанси да ти стават анестезија било каде ако не потпишеш дека сносиш ризик освен ако не си во контактибилна состојба и нема твој близок-роднина да потпише. Во овој случај имала благе везе од медицина,угледен стоматолог. Нејзина грешка што не проверила алергиска реакција. И на ГАК,Ремедика,Систина,Њу борн нејзиното тело исто ќе реагирало на општата анестезија. Лесна и земја.
За близначињата - оти најмалку 300 евра од ден не им бега ако останат во Систина. Самите родители сакаа да бидат префрлени на клиника
Koga ke se sluci primer vo Sistina novorodencinja da treba podolgo vreme da ostanat vo inkubator cenata e mnogu visoka. Mislam deka za bliznacinja e nekade 300 evra dnevno. Taka da ako treba da ostanat nekolku nedeli ne sekoj moze da go Izdrzi toj trosok i zatoa gi prefrlaat na Klinika. Znam eden par koj platija 10.000 eur za bliznacinjata sto im bea vo inkubator vo Sistina. Fala bogu dobri se. Na site neka e so lesno i so ubavo. Lesna i zemja na rodilkata.
Нити јас имам потпишано, нити мој близок за мојата анестезија тоа го тврдам, но одлично поминав фала му на господ. Второ женава била доктор стоматолог, знам јас , зборам за сите пациенти генерално. Трето, можело во било која клиника да се деси, но можело и поспремно да се реагира, а четврто големи глупаци испаднале што ја пратиле мртва на КАРИЛ за да избегнат одговорност, пето можеле навремено детенцето да го извадат, а не да чекаат пола саат. Дека немаат појма одамна се збори, со ова се докажа на дело. Арам да им е!
Прескапо е систина. Трудниците си пресметуваат само пораѓај ама не мислат дека ако има проблем со бебето треба да плаќаат се плус.
Нема така требало да бидеи така било пишано.Се се случува со причина.Џабе прашуваат алергична ли си на нешто ако незнаеш дека си алергичен.Ја ако не направев алерготест пред операцијата немаше да знам оти сум алергична на есмерон(го има во анестезиите)и тромадол.А за бебето можеме да нагаѓаме дека можеле да го изватат додека ја реанимирале,може и можеле,а може и не е така едноставно не се разбирам .
Не за џабе се потпишува изјава дека си носиш одговорност Штом потпишеш таков документ,треба да ти е јасно дека животот ти е изложен на опасност. Страшно е тоа што се случило. Жално Соучествувам со фамилијата
А зошто не се практикува алерго тест пред операции? Сегде е таа практика или само кај нас треба сам да бараш? Сериозно ме интересира, нели се свесни докторите дека има таков ризик од анестезиите. Макар што прочитав и дека не дава секогаш таква реакција, може и негативен тест да покаже па на наредно примање да се случи алергиска реакција. Затоа велат ризик е секоја операција и најлесна да е.
секој потпишува согласност/одговорност пред било која интервенција.Мене пред киретежа ми бараа потпис за целосна антестезија.На колешка мајка и (70 годишна) сред ноќ добива преплет на црева.Кај нас и велат Скопје да оди ,ние овде не оперираме волку стари луѓе.Колешката вика ‘ке потпишам на моја одговорност дека сум ја задржала овде ,ако почине на операција вината ке биде само моја ‘.За среќа операцијата помина успешно и жената си заздраве.Но ете потпис мораше да се удри. @LiliBoz наш познаник пред извесен период од Систина кардиологија со масивен го препратија на кардиологија во државна.Со други зборови го пратиа да умре на државна и да си го обелат они нивниот задник.
Во тој случај ако немаш нит ти нит некој твој близок-роднина потпишано,а си била свесна во состојба да одлучуваш независно од изходот на операцијата ти слободно можеш да тужиш. Колку сакаш набројувај жената ништо нема да ја врати. Во глобала во право си дека луѓето благе везе немаат од медицина. Ама во денешна ера на интернет и безграничен 24/7 контакти/информации да одам на интервенција и да не ме занима што ќе ми прават и што ќе ме прашааат да изберам/потпишам за себе си епа нит глупи нит несовесни доктори ми се криви нит приватно нит државно здравство ми е криво,сама јас ќе си бидам крива ако останам жива. (Женава ја советувале на ФБ групи да не прави таму општа ама имала капар оставено,ако е ова така,прочитав од некоја погоре напишано.) Да глупо изреагирале што не го извадиле бебето одма. Затоа има лекарска комора да суди за нивната медицинска етика и совесност при извршениот потфат. Иако јас не верувам дека пред се сакале да заврши така. Но политиката не секоја приватна е кукавичлук т.е. одвези го трупот во ГАК заради стапка на смртни случаи. Знам добро што пишувам и во согласност со тоа ќе напишам никој не кажува стапка на успешност на ивф и стапка на смртни случаи. Велат тоа е медицина не математика. Иако сепак најголема стапка на успешни ивф има една клиника во внатрешноста. А колку се успешни клиниките да те станат по анестезија.... Летоска во Систина имаше ваков случај ако не се лажам,со второ пораѓање алергија и брза смрт.
Zalno za zenata zalno jas imav 6 celosni anestezii pa nikoj ne me prasa dali sakam spinalna ili ne molam boga da e se vo red sega samo so bebenceto