Очигледно дека не ги познаваш доволно начелата на уставното право. Кажано ти беше илјада пати дека секој адвокат кој го брани својот клиент го прави тоа на начин кој што смета дека е олеснителен за постапката. Така функционира правниот систем. Од Марс да не сте паднати случајно? Дали е тоа етички и правилно? Не. Дали е тоа законски легитимно? Е. Инаку, скролам страници наназад и пробувам да сфатам кој е овде лицемерен, и кој воопшто кажа дека дечкото не треба да добие законска санкција? Страшно имате тенденција да ги извртувате работите во ваша полза. А зошто сето тоа, со која цел? Ниту сами немате одговор. Сешто направивме повеќето од нас, беше непристрасно согледување на консеквенциите од ДВЕТЕ страни. Зошто така прават зрели луѓе, функционираат во сооднос со информациите кои ги добиваат на дневно ниво. Страшно.
Точно, не ги познавам начелата на уставното право. Ниту некаде пишав дека ги знам. Моето его нема потреба да се пува на анонимен форум дека се разбира во сѐ, од месење леб, до вакцини и судска постапка. Јас сум ослободена од бивање во право и не начнувам дискусија за да победам во неа. И ништо од ова што е пишано не е во моја полза. Се обидувам да укажам на контрадикторноста на самиот систем кој поставува казни, а истовремено те брани од истите. И на критиките за дело кое заслужува казна, ама нема да ја добие, поради легитимноста.
Немаш познавање, ете призна и сама, но тоа не те спречува да навредуваш. И точно знам дека за мене се однесуваше постот, не пробувај да избегаш сега. Но, ок е, зошто јас не се плашам од конфронтации. Ама само тогаш кога се адресирани до мене со цитат или ознака. А, не со пасивна агресија како што имате навика индиректно под маса да ги решавате проблемите во животот, па после се чудите зошто луѓе ве неќат, дури мислите дека не успеале да ве скопчаат. Од мене толку на темава. Останатите проценете како понатаму, а јас ќе се воздржам од понатамошни реплики.
Еден од најдобрите во цела држава, што си има само богата клиентела што ја застапува, не застапува било кого..
Мислам дека залудо жестоко си реплицирате. Факт е дека дури се вози на часовите, инструкторот вели чим испружи некој нога да се кочи и нема "ама" (во смисла да преговараш зошто не си требал да закочиш). Се учи идниот возач да ПАЗИ посебно на пешаците. Досадна сум пак со тоа жолтото светло. Жолтото не е за украс ставено. И овој настан се надевам дека ќе придонесе за поголема едукација на значењето на жолтото светло.
Јас ништо не признав, бидејќи никогаш не сум ни тврдела дека се разбирам од право, дали се читаш што пишуваш? Си замислуваш одредени коментари кои само ти си ги прочитала. Дали некаде пишав дека мојот коментар НЕ се однесува на твојот, па сега ме разоткриваш? Јас читам коментари, а не КОЈ ЧЛЕН ги пишал, и за да не цитирам секого поединечно напишав "некои членови/луѓе", нема потреба некого посебно да посочам, повторно, затоа што немам потреба од конфронтација. Коментарите се контрадикторни, тој збор го искористив, не лицемерни, и образложив зошто, како и секој друг член кој има право на свое мислење. Мојата пасив-агресивност, проблемите во животот и тоа кој ме нејќе или сака е веќе лична навреда и немаат апсолутно никаква врска со темава.
мин 10год затвор, ОДЗЕЛ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ!!! Време е законот да се измени Ааааа па доста е веќе!!!! Да гласи: 5 до 10г за убиство од небрежност подитно измена во закон кога не размислил во таа мили секунда нека размислува 10г помеѓу 4 ѕида
Sosem nebitno e dali istrchale peshacite, dali pominuvale, zatoa shto drugata kola zastanala, a ovoj sakal da ja prestigne i pred sekoj peshachki ima polna linija shto znachi deka e zabraneto prestignuvanje i prestrojuvanje!!!
Или уште полошо, во една прилика младо момче кое ја предизвика сообраќајната несреќа вика за другиот возач, е добро де, ако загинеше, ќе го одлежев. А тоа дека ќе зацрни некоја фамилија за него е небитно.
Пак не ми одговори, или не ме разбра... Зошто постојано наводното претрчување на пешаците на пешачки премин се смета како олеснителна околност за возачот? Каде постои правило или закон кој го вели истото?
Може закон не постои не сум запознаена со законите, ама тоа правило се учи уште во прво одделение дека на пешачки не се трча, треба да чекаш да погледнеш убаво од двете страни и кога ќе бидеш сигурен и гледаш дека нема ништо поминуваш. Најверојатно се смета како олеснителна околност за шоферот затоа што самото претрчување е од немарност на пешаците.
Каква немарност? Немарност е тоа што биле на пешачки премин и што тргнале да поминуваат кога првиот автомобил застанал да ги пропушти? @An-na прашува дали некаде во законот или сообраќајните правила е посочена брзината на движење на пешакот на пешачки премин, или наводното претрчување ќе биде манипулирање со доказ бидејќи јасно е дека нема пропис кој таа брзина ја одредува, па сходно на тоа, силогизмот што ќе се изведе е дека претрчувале значи сами си се криви.
Не се сеќавам дека се крена волкава галама летоска кога на исти начин ја прегазија жената во Железара на пешачки, ниту дознавме кој е возачот, ниту па нешто друго. Јас за несреќата дознав од групите на ФБ за цвеќиња во кои жената беше член, а сега слики од мајката на момчево се вртат на ФБ, претерано до немајкаде. Не знам што е поразлично тоа од ова, дека жената беше постара или? Тој што ја прегази добил домашен притвор ( тука прочитав вчера) а момчево одма во Шутка ко најголем криминалец. Па тоа колнење пцуење, што по момчето, што по адвокатот
Да летаат на раскрсница на трепкаво жолто? Страшно. Па затоа ќе читаме вака секој ден прегазени и убиени.