Кај зелен пазар стојат полицајци и казнуваат. Таму живеам и ги гледам полицајците како застануваат пешаци и пишуваат казни. Мислам дека е едно од ретките места кај што може казна да ти пишат како пешак што поминува непрописно улица.
Се обраќаш на личност која до вчера не знаеше дека има закон за пешаци, не е шофер и упорно оди со глава во ѕид . Мој совет-игнорирај.
Мислам стварно... Да имаше жардињери Ана може ќе знаеше точно како гласи законот, пошто е ПЕШАЧИТЕ ! НЕ СМЕЕ ДА ИМА ПОВЕЌЕ ОД 100 М. Еве со големи букви.
Да ама под притисок на јавноста, инаку две години им требаше да го осудат, и тоа со еден куп нерегуларности во истрагата. Сакам да кажам, можеби овие имаат пари, ама дечкото и девојката имаа јаки врски и затоа тапкаше во место процесот. Додека за оваа сум сигурена дека експресно ќе ја осудат, само ја чекаа.
За Јордан олеснителна околност може да биде тоа што не работеле семафорите а во тоа време немало цајкан да реагулира. Ова ми кажаа луѓе што се малку поупатени. Колку е точно не знам не сум правник. Госпоѓава нема да лежи притвор, ќе ја пуштат дома заради тоа што има малолетно дете за кое нема кој да се грижи ( препоставувам).
Сите 100 страници уназад ќе паднат во вода ако не дојдете на протест у Недела. Конечно има можност да направиме нешто, од секој еден од нас зависи. Со дремење и мерење чив е поголем на фемина не се решава ништо. Се решава со излегување и искажување револт кон држава во која има еден куп изгазени луѓе.
Не е син и малолетен. Биди сигурна дека ќе ја осудат и ќе и се одмаздат за се досега што има пишувано и објавувано. Али, јбг тоа е. треба да си одговара.
Еве јас не знам за сто метри раздалеченост, и ми нема логика бидејќи нашите улици не се конципирани така, мислам одалеченоста и од лево и од десно и кон центар и кон кисела вода е исто поголема од 100 метри, но ни на сон, ни за милион долари не би претрчувала на такво место со толку метеж.
Џабе везеш. Кој организирал, дали ќе било мирно, дали ова дали она, ама ова ама она... и така. Ќе се молиме да нѐ не покосат совесни возачи кои не сакале уствари да не покосат.
И крајно невкусно, без да сочекаш на извештајот од вешто лице, во разговор со медиуми, а не во судница, да даваш изјави дека клиентот ти возел 30км /ч, уште ќе испадне дека ја буткал колата. Значи адвокатот е првиот кој со јасна манипулација долева на бесот на јавноста, ко да е портпарол на дечкото, а не адвокат. За после да може да обжали притвор/пресуда дека биле донесени необјективно и под притисок на јавноста.
Тапкаше во место многу процесот, бидејќи родителите сакаа вештачење да се прави дека она била жива, а возачот и сопатничката не викнале веднаш брза помош и ја убиле, демек не од несреќата, и затоа ептен го развлекоа процесот. Инаку возачот си признал вина. Тоа што она пишувала нема врска, еве никој не излезе да каже до каде е истрагата за неа.
Мразам да коментирам на темата затоа што сте толку себични и воопшто немате емпатија за случајот со несреќата. Тој човек е оној кој ја сакал жртвата како своја ќерка и кој ја гледал среќата на својот син и се гордеел на нивната љубов. Е баш тој човек сега во очите на неговиот син гледа нешто што се надевам дека никогаш нема да го искусиш. Да му се заблагодарува на идиотот кој ја уби или што очекувате? Протестот може и нема да е толку мирен како што сакаат тие, ама емоции бе луѓе, емоции има овде. Семејството на Викторија ке дојде на местото каде што лежела мртва нејзината ќерка, за само да се обиде да стави крај на корумпираното судство, свесна си колку храброст треба за ова? Не си верувам на очите кога ве читам