Колку што памтам, детето од поодамна почина, по кратко време откако беше пронајдено и одземено од мајката. Освен ако немам Мендела ефект
Кај нас црна хроника колку сакате.. Мафија ради док полиција спава.... Тоа што го има по портали и тв е само 1 посто од се што се случува низ Македонијава, а уште милион какви не случаи омаме кој никој не ги објавува... Жално но вистинито...
Полицијата работи ама само на случаи што сами си ги режираат и местат, колку после да се каже, "еве си ја вршат работата". Како пред некој ден што имаше вести дека запланиле дрога во кола, што не знам точно каде требало да се пренесе, и апла се гледаше дека им е наместен случај. Дека дилериве се толку глупи и дрогата така лабаво си ја ставаат во гепек без да се потрудат да ја скријат. Мислиш одат на Халкидики на одмор, па патлиџаните што си ги купиле за таму и така во гепек ги ставиле најгоре да не се згмечат.
Е да така е хаха, зашто не кажаа на тв што се случи со дрогата што ја најдоа во службено возило на МВР на граница хаха, фаќаат криминалци за 2 росвајт тави или 10 ќебапи, а други милјарди направија ама неможат да ги најдат хахаххаха
Не е дека не можат, они знаат и кој се и што се, и што прават, ама си соработуваат со таквите. Ама затоа па овие дилерчиња што ќе ги фатат со 50гр трава во џеб ќе скапат во затвор, а ништо чудно и ќотек да му удрат во Ентеше зошто не кажува од каде му е, или од кога ќе каже, ако е некој од овие нивните за него ништо нема да превземат, а пиунчето ќе го јаде.
Така е жално но вистинито... Чесните ќе се убијат од работа за парче леб, па даноци, па незнам што и пак некоја казна ќе им стрпаат зошто чергичето пред вратата е криво наместено, а овие срце ќе ги стега ќе запаѓаат во долгови како да ја платат казната ќе молат по судови и институции, а другиве мирно ќе спијат заш направиле зделка за 8 поколенија да можат да живеат во луксуз.. Е моја чудесна земјо....
Па пред некој ден пишуваше за тоа не ни знаев дека е стара вест. Како и да е умрело од негрижа на нашиве доктори...
Скопјанец осомничен за тешка сообраќајна несреќа со смртни последици Зашо сите ќутиме? Кој е овој? Зашо не се дигна бука?
Кате... Мислам дека сите се помиривме дека кај што има сила нема правда. Оној од Охрид уби двајца млади дечки и тешко повреди 3 девојки (едната мислам се уште не може да се движи и да збори), па доби 4 години условна и 3000 евра казна Кај да се буниш, каде повеќе да се бунтува? Жално, жално.
Aко ќутиме дека некој без возачка лупнал двајца возејќи којзнае колку и претекнувал полна линија да земеме и да ја заклучиме темава, брука и резил сме.
Знам, муабетот ми е дека треба нешто повеќе да се направи, нешто поголемо и еднаш засекогаш да се знае законот за сите. Вака треба секоја недела на улица да сме, без резултат.
Блиска личност имаше слична ваква сообраќајка, ене ко копилето си купи нова кола си се вози ко ништо да не направил, не немаше смртни последици, ама треба ли да има? Казниве се смешни и им се може, кој има среќа ќе преживее кој не, тоа е, живот ко живот, што е важно, посебно ако не е некоја блиска личност твоја (иронично секако) .
нова идеа: ваквите абдали, по месец дена у Бардовци, другото во затвор. кога ќе искочи и од двете, нема да знае шо го снашол. ем без возачка, ем на пуна, ем во спротивна лента, ем ги удрил, ем избегал.Ало МВР? Пак ли да им пишувам треба? има зајакнати контроли, ама кого застануваат? јас жими се сведочев пред некој викенд, застнуваат другар, дува се` едно друго, успат со мечки, бмвиња, аудија си летаат брате мили мислиш на татко му е улицата, а тие шо возеа нормално поред нив ги застануваа.Кај нас се` обратно е.. возиш со 50-60, те застанува, возиш со 100ка, кур го боли.. жално за тие што го губат животот само, а казната не ги стига копилињата.. изгубен живот спрема неколку години во затвор...
Што не кажа порано? Сега му текна.А, бе, ај... Не се кае, глуми. Мисли дека така ќе добие помала казна.