Боже Господе, касапница. Од повреда на училиште до смрт во болница. Со генетска мутација ако било компликации се јавуваат ама и се спречуваат. Пишува ако навреме се реагира, смртен ризик од 80 проценти се намалува на 7. А уште не ни знаат дали е тоа. Богдачува, буквално.
Јас летоска се породив во Санте царски и 85000 чинеше. Не знам како стигнала до сумата, ако доплаќале нешто за новороденчето евентуално. Инаку сега сакав да им ја отоврам веб страната, непристапна е...а и на фб објави немаат веќе една недела...тоа само зборува дека нешто е матно ептен... имаше и таму по некој добар доктор и сестри, таму се породив(среќа моја добро поминав), и немам една забелешка, ама изгледа вистина не ги бива бре :/ептен сакам да знам што се случило... ме копка дали толку погрешно одбрав... :/ А сакав да видам анестезиологот како се викаше, жена беше, супер муабет ми направи пред операција, во сала ми зборуваше, ме посетуваше секој ден...ама ете немаат веб страна веќе Едит: Успеав да ја најдам докторката -специјалист анестезиолог-реаниматолог, но изгледа не е веќе таму...
Во цел свет анестезиолог е Господ во сала, а кај нас е дозволено анестезиолог со којзнае колку промили алкохол во крв да влезе во сала или пак во салата да нема анестезиолог. Само тешење се приватните, и таму ситуацијата не е сјајна. Хирург и анестезиолог се на исто рамниште во операциона сала, што ли си мислат нашиве болници, еве не ми е јасно. Не треба царскиот да биде прва опција, ама некогаш природниот пораѓај е многу потежок, потрауматичен за родилката, па дури и заздравувањето е поспоро. Стои фактот дека природен пораѓај е полесен, ама ако родилката има анкс или добива панични напади? Ако родилката првиот пат кога родила се распукала и имала 20 конци? Не е се црно-бело.
Анестезиологот е тој што дава "виза" за во сала. Баш е Господ како што рекоа. Негова работа е да те успие, да те одржува во живот и да те разбуди. Џабе операција успешна, ако он потфрли.
Да знаете каков анестезиолог комшија имав.... Како што пиша Ребека, дали е пијан или се дрогира нз... Дека е тој "Господ" не е... Сепак нашите животи се рацете на Господ, а тој е еден.
Кога си во операциона сала, твојот живот е во рацете на хирургот и анестезиологот. Госпот не ти прима анестезија, ниту пак со скалпел ти ја сече кожата и органите.
Да не идеме офф топици, има виша сила која управува со сите нас. Биди сигурна во тоа . Господ со "д" се пишува.
Да не одиме офтопик, има луѓе кои не веруваат во постоењето на Господ, виши сили, карма итн. Мислењето ми беше метафорично. Како и да е, стојам позади фактот дека во сала животот ти зависи од две личности: хирур и анестезиолог.
Имаат соопштение до јавноста од Санте во кој се објаснува дека ова е удар врз нивниот углед и репутација. Забраната за работа била издадена поради административно- сметководствени причини и иститебиле отстранети во текот на денот. Исто дека и Комисијата формирама од Министерството не нашла ниедна неправилност во интервенцијата кај починатата родилка. Добро е, се спасија, се исчистија....ццц
Ама и не знаеме што точно погрешиле и дали погрешиле. Не секоја смрт е лекарска грешка. Анафилактичен шок ретко кој преживува воопшто и не може да се предвиди. Дали можеле или не можеле нешто да направат, можеме само да претпоставуваме.
Знам дека има доктори на форумов, али баш ми е гајле. Скоро сите сте продадени души зинати само за пари, а пола и онака сте неписмени. Се надевам ќе се најде некој на ваквите рацете сол да им ги направи, па и да не им ја одземат дозволата, барем да не се способни да работат.
Потребна е подобра контрола над приватниве болници и доктори. Систина беше неколку пати спасена од тужби и затварање...заради познати причини.Сега дали се Санте криви или не , дали имало грешка или навистина бил несрекен случај,треба да се каже.
Не знаеме да, најверојатно уште се истражува и највеќе шпекулира што - како се случило. Се надевам дека ако е лекарска грешка некој ќе одговара за истата. Читав на фб коментари дека Санте е од бате Мијалков, вистина ли е? ( јас си појма немам)
Не ме чуди да ти кажам право. Како не им е срам бе, уште без срам се вадат дека починала во КАРИЛ, а зошто била таму пратена? Нели се висококвалификуван тим? Нели имаат најсовремена апаратура? Зошто не го објаснија тоа во соопштението? Зошто дозволиле анестезиолог од КАРИЛ , кој штотуку специјализирал да и дава анестезија на пациентката? Зошто анестезиологот го правел тоа на црно? Море арно им направиле, никоаш да не проработат! Ааа и Систина и Ре Медика малку да ги прочешлаат не е лошо! Едит: Зошто детето е во Државна а? Демек они се стручни, ама престојот таму многу би коштал за бебето, како не им е срам! Од човечност и грижа на совест треба денар да не му наплатат и да го гледаат како капка на дланка, а не и тоа кутро дете го откачиле од нивна одговорност! Пу јазк да им е!
Ризикот од алергија на анестезија е поголем кога имаш повеќе утврдени алергии, специфично некои од нив кои се тесно поврзани со нешто што го има во анестезиите. Особено ризикот е огромен ако на прицка тест си на повеќе од 3 алергичен со по 4 плуса. Во бременост веќе касно е да се испита, но претходно треба да си го следиш телото и да кажеш доколку дојде до ситуација да треба да примиш анестезија. За закажана операција од друг тип друга е процедурата. За себе знам зошто сум алергична на епинеферин или ефениперин (не сум сигурна како му е точниот назив, во книшката ми пишува) и тоа укажува дека веројатно сум алергична и на други анестезии сем оваа која е локална. Имам и пулмо и на храна алергии (да потенцирам за туѓа претпазливост - јавени буквално преку ноќ, никогаш во животот пред тоа сум ги немала). Во моментов сум уфуфкана ама не знаете колку многу. Откако се случи трагедијава, кај жал ми е за семејството, влегов во филм, ноќе со едно око сум будна од што страв во коски имам, филмови си правам. Пред речиси 2 години паднав во шок од алергија која никогаш во животот сум ја немала. Ете така, од чиста мира, последиците се историја и сегашност, ужас и све по ред. Ова е одговорот на прашањето, како да знам дали сум алергичен на нешто?! А за понатака за алергии, можеме да продолжиме на друга тема која е од општ интерес за да не труеме тука.
Како тоа не направиле грешка!? Прва грешка им е што дури после 1 час реанимација им текнало-абе дете има во стомакот ајде да го вадиме. Ете грешка.