А не разбрав оти криеле и бришеле снимки? Некои "битни" фаци се овие тројцата или медиумите си филуваат (не гледам вести, од вас учам)? Шо луѓе ќе беа, чоек на бубачка не гази, а не па да тепаш некој до смрт...
Уште од самиот почеток се знаеше дека е претепан, јас не знам од каде ја извадија приказната за срцевиот удар и зошто. Мене не ми е јасно, зошто Мојсова дава ваква изјава, а Судска сосема друга? Оддамна велам дека се што излегува од Судска е легитимно, само што зависи кој и како го пласира во јавноста. Не се шушка низ Скопје што се случило? Сигурно знаат што е работата, зошто е претапан, кои се сторителите...
Не викај два пати, сигурно има јак грб што го штити штом се обидоа прво да лажат и да ја извртуваат вистината.
Мене овој не ми личи на некој што има дебели врски, повеќе ми личи на некој што има братучет или другар келнер во дискотеката, па му средил ваљда преку менаџер некој таму да избришат снимки или некој негов познат, се познаваат тие што се заштитени како бели мечки, овој некој мрсулко е..
Мене ме чуди зашто докторкава лажела дека нема траги на насилство. МВР што се такви какви што ги знаеме, се. Ама докториве бе? Или пошто немал некои апла видливи модрици и крв? Или типциве и типката имаат врски и таму?
Се збори дека е нешто со дрога поврзан. Колку е точно не знам. Маалско мафијашче, јужни ветар филм. Битно икони во позадина, тоа најбитно. Гад.
Поише на сакале да сокријат ради тоа што е странец ми личи. Ама па и тоа дека сакале да сокријат не ми држи вода. Не се од вчера... Да не имало стажанти на клиника па да усрале...
Сеа ќе излезе 101 муабет за шо и како. Мотивот не е клучен за пресудата, овие ужасни луѓе МОРА да се осудат со солидна казна во затвор. Да оставиш некој во бесознание да лежи на пат треба тронка милост да немаш.
Само кога би знаела дека ни стажанти нема, одиш таму и со саати чекаш за еден преглед, нит доктор, ни сестра, ни бутур.. Една хигеничарка само има што ти вика ој срце, ој душо, и вие си имате мака, што ве најде и се држи за глава.. Кој знае колку чекал за брза помош да дојде, па после колку време таму чекал за преглед, па ептен ако имал среќа апаратите за снимање да работат или лабараторијата да работи што е редок случај, или така кажано невозможен бидејќи на дежурно скоро па ништо не работи..
Јас не коментирам оти немам соодветни зборови во речников за истакнување на гневот и немоќта што ја осеќам.
Исто. Исто како што ми беше кога прочитав за Дона, така ми е и за машково, толку се осеќам луто, немоќно, пропаднато, јадосано, изгазено, понижено што не знам ни што да коментирам. Знам само едно, на човек на функција во оваа скапана држава никогаш нема да му верувам, се што вика, обратно ќе знам дека е. Мрш, скапаници.
Сега прочитав дечково бил однесен на Карил со пресечен јазик, температура, оток на мозокот и без срцева акција. И докториве " не приметиле". Кој знае што се крие и кој прикриваат зад ова. Греота за дечкото не е прв пат странец да претепаат овде, бетер див запад сме, човек да се засрами каде живее. Се надевам Хрвативе ќе притиснат и случајов ќе добие разрешница и правда.