Општо за царскиот без разлика дали е избор или потреба, сите што не осетиле на своја кожа царски, ги прават жените луди, лигави, свилени. На крајот, секој има право на избор, никој нема право да навредува и омаловажува дури и жени кои самоиницијативно се одлучиле за таков чекор (реално, никој не ја знаеме вистинската причина за таквата одлука, а на памет не е убаво да се збори). Јас неможам да зборам за природен пораѓај, незнам како изгледа и не иде да солам памет дека е ваков, таков кога не сум осетила на своја кожа.
Не го знам тајмлајнот на настаните, ни што точно се случило. Ако се утврди дека докторите постапувале нестручно треба да се казнат. А Санте да си јаде катанец за работење без персонал во најмала рака.
Зависи кога си родила во Чаир и како што пиша си извлекла жива глава,сакам да кажам си немала лошо искуство.
Не дека и Чаир е сјаен, ама се далеку похумани и постручни. Мајка ми од Клиника и после цела година има последици од операцијата и е со терапии. Прво и бараа пари во џеб, немаше да плати па отиде кај доктор што оперира така. После операција на интензивна да не те погледне никој 24 саати е повеќе од ризично. Внатрешно крварела со саати, од што изгубила сила неможела ни да викне по сестра или доктор. Модра беше од пупак до колена. На крај, после втората операција, докторот и рекол дека оставил нешто отворено, мислел дека самото ќе се затвори после самата операција, мал превид направил, ништо страшно. Како бе ништо страшно, за влакно ќе ја изгубевме, и рекле минути биле во прашање, 5 кеси крв прими, се и пореметија. За гинекологија треба се од корен да се смени за да нема толку голема смртност и компликации кај родилки, бебиња па и жени со друг здравствен проблем. А, приватните болници не се решение за да се избегне голема трагедија како последнава во Санте.
Не е точно дека форсираат царски рез во Санте, јас се породив природно во Декември 2015 кај Јегени, значи имаше жена анестезиолог за време на целиот пораѓај и се помина во најдобар ред. Повеќето кои се пораѓаат во Санте со царски рез се најчесто жени кои правеле инвитро, тоа ми го кажа една од докторките која беше на мојот пораѓај. Треба да си одговараат за направениот пропуст дефинитивно. Но да не се идеализира дека во другите болници цвеќиња цветаат. Ова не е само пропуст на Санте плус, ова е пропуст на системот. Прва и најодговорна е институцијата која дава одобрување за работа на приватните болници. Треба да се прават чести инспекции дали се придржуваат кон правилата и дали ги задоволуваат условите за работа. Ние Министер за здравство немавме со месеци, здравството ни е катастрофа, повеќето добри доктори отидоа или во приватните локални болници или во странство. Среќа е да поминеш добро низ здравствениот систем на РМ.
Не форсираат само Санте породување со царски. И Систина и Ремедика не се поарни. Се за пусти пари Ги лажат родилкиве дека полесно ќе поминат, како царици (како што милуваат да си кажат) И затоа ова ни се случува. Јас многупати до сега имам кажано и пак ќа кажам: докторот кој дозволува пациентката да го бира начинот на породување треба да си ја искине дипломата. Тоа не е доктор
Нејзините чим се доктори сигурно знаат што како и сигурно ако има пропуст (а има) ќе превземат нешто. И да е поради сметководителски работи затворен како баш сега го затворија!? Значи некој пратил, а тоа не е некој немоќен.
Пак ќе кажам - ако има лекарска (индивидуална) грешка докторот треба да си одговара, настрана од болницата како институција. Кај нас имаа затворено 2 сали до скоро пошто не исполнуваа санитарни услови, а јавна болница е. Барем тоа гледам редовно дека проверуваат. И кај нас во администрација редовно проверуваат за бактерии и сл. Како е во приватните и др. Јавни болници не знам.
Иако до пред некој ден сметав дека царскиот треба да биде избор на жената,сега сметам дека не смее да биде,нит па некоја жена треба самоиницијативно да одлучи и плати за царски.Тоа треба да биде избор само на докторот.После последниов смртен случај 4 колешки на работа си кажуваат дека сите се породени царски во договор со доктор ,као заспи и разбуди се со бебе.И сите во приватна болница. Е затоа треба да се стават приватните болници под контрола,па можеби и да не им дозволуваат царски да прават.
Во тој случај, ни пластични операции не може да има по желба Која е таа логика, цицки може, царски не може Не е умрена од царски, туку од анестезија. Што значи и спонтано со епидурал да се пораѓала, можело истото да се случи. И ајде, како да се "спасиме" од сите можни причинители на алергии? Ништо не е 100% безбедно. Фер е да се знаат ризиците. Не е фер да изиграваме џандари.
Па царски не ни смее да биде по желба туку само со индикација,и тоа е така секаде,односно струката да одлучи дали е потребен,по желба, само со подмитување.Е сега кога пари се во прашање тогаш правилата се забораваат. Пластична операција со раѓање не може да се спореди,а целосна анестезија е секако поризична од епидурал или спинална.
И двете се операции. Од операцијата ниту оваа умрела, ниту пак е нешто често умирањето од цезареа. Анестезијата е прашањето. Да, мислам дека ако е возможно, подобро е со спинална отколку со општа. Во 21 век на клиника епидурал нема, а не пак да мислиме за "избор". Нема затоа што нема анестезиолози. Јас не би раѓала без анестезија никогаш, сосема свесна за ризиците. Дали спонтано или царски, свесна или не, о том потом.
Споредбава ти е Иако... и кај пластичните операции добар доктор никогаш нема да ти направи интервенција доколку смета дека е ризична, непотребна и сл. Затоа е и доктор, нели? Учел? Ако не, ќе го викаме занаетчија, такозвани крпач. Отвори, закрпи. По желба на клиентите
Не се сите во приватна болница. И по државните болници има договорен царски, некои му плаќаат на докторот под рака и доаѓа на закажаното.А, има и договорен царски по иницијатива на докторот. Ако е за така, во последно време многу жени идат со лајт спинална или епидурал на природен пораѓај за да не трпеле болки. Имам колешки кои така родија. За тебе тоа ок е? Кој како сака нека прави, што тебе или мене ме интересира кој каков начин избрал. А, родилките што умираат на сам царски е од анестезија целосна, т.е од алергија добиена од истата. Јас кога се оперирав од девијација на нос неможев да дојдам до воздух, ми оставиле згрутчена крв во грклан, почна пулс да ми паѓа, среќа извадија се на време. На прв пораѓај анестезијата не ми делуваше одма па почнаа на живо да ме сечат, немаа време за чекање. Секој организам различно поднесува анестезија, ризикот е огромен. А, смртта не е настаната од царскиот рез,незнам како не сфативте веќе.
Има да ,но многу помалку и со кабел врски бидејки е трошок. Секако дека со епидурал е ок,тоа е признат протокол,а царскиот не треба да биде избор на жената и не е никаде ,туку на докторот, последна опција ако има индикација, не е за џабе така,така да стравот од болки при природно раѓање не треба да бидат изборна индикација за царски,во кој пак дирекно е вклучена и анастезијата како ризик ,а како гледаме некогаш и со смртни последици,токму затоа природниот пороѓај е секогаш прв избор.
Како збориш, како си прифатила дека секој зафат треба да се гледа како руски рулет, чудно. Не, не си со една нога во гроб на породување како што велеа бабите наши оти Бог така решил, таму си најчесто од неспособност и непрофесионалност. А докторите се вадат во Мк толку лесно затоа што нема кој детално да прочешлува и соодветно да казнува. За секоја нивна грешка има објаснување кое може да го дадат, нормално, и од кафетин може да имаш негативни реакции и пишува во упатство, не пак од операција. Си слушнала за медицинско лице кое рекло -јас погрешно проценив или не изреагирав на време? Не, нема ни да чуеш. Затоа треба некој над нив да има.
Не е ок според мене ни епидурал ни спинал, посебно не кога е избор за да се нема болки при природен пораѓај. И од тие има ризик за здравјето па и животот на жената.
Еве @Lilit е запознаена малку подетално, а од она што го пишала, пациент кој е алергичен на анестезија може да почине и при било која друга хирушка интервенција. Дали царски треба да биде избор? Да, со сите ризици на папир, со потпис, тоа треба да е избор на жената која раѓа. Која сум јас, ти @Cosmi па и докторот да кажеме дека некоја жена НЕ треба да раѓа со царски? Пример мене ми е страв од рани, заздравување на рани, болки од царски, па свесно не би избрала царски, што е можно помала интервенција, тоа подобро. Страв ми е и од последиците на епидурал и спинална, па кога би можела и без нив би родила, повторно за да се опоравам што побрзо. Ама тоа сум јас, други жени се плашат од болка и тоа е сосема во ред.