Јас немав желудник да го отворам видеото. Како насилство што знае да ми го разлупа срцето, немаше да спијам цела недела. Казната на Јордан шамар за семејството на Викторија. Му верувам дека се кае, дека би го сменил местото со нејзе, се гледа дека е повреден и уништен. Но, живот згасна тоа е факт и 3 години е трагикомично. Боки 13 го осудија повеќе.
Зборови не можат да опишат колку ми е жал за него.. Само не ми е јасно како брат му изјави дека токму информацијата дека е претепан е лажна. Многу работи смрдат тука..
Видеото го има на твитер жално нека скапат во затвор! https://twitter.com/Realniot21/status/1513506181603639300
Јас го изгледав видеото, и имам да кажам само дека ми е срам што живеам со ваков народ примитивен, без тронка емпатија и жал..
нека не го бришат сеа, да гледам цела Македонија какви гомна се овие тројца. И какво гомно народ се овие што стојат, оние парон, за раце се држат, го проаѓаат као поред Турски гробишта ѓубриња
На видеово има минимум 5 души сведоци. Ама пак некако лекари и сите тврдеа дека не е претепан. Кога викаш брза помош за некого, пожелно е да им кажеш што се случило, ако знаеш. Ако брзата помош била викната од некој сосем друг, значи сите овие што стојат го оставиле да лежи. Ако викнал некој од нив, значи излажале за тепањето или на лекариве не им се замарало да бараат знаци. Клоца по глава минимум црвенило ќе остави.
оваа ме потсеќа на Ангела на Пино... машкото ко шо видов еднаш удри. ќе да ударите од госпоѓицава се клучни... а како што гледам потоа пробуваат да ги освестат
Тој Анџело или како и да е напнат дека не реагира,уште со рака замавнува.Таа гуската што маваше маваше,па после излезе од такси пак да го мавне.Едни двајца си изгледаа претставата,па си тргнаа да одат.Мува не ги лази луѓево.Згрозена сум ми се повраќа.А сироти родители кога ќе го гледаат ова
Па значи не гледале сите од страна, помага човекот со белите пантолони. А и кој сака да се меша, ќе те претепаат и тебе и ќе одлежат три години! И има еден куп сведоци, ако ги знаат кои се.
ама малава на тешки дроги е се гледа У Шутка ако ја стават ќе видите дека и живот и се` ќе и` се одмили таму апла шизнати имало ќе и` го дотераат паметот тетките
сеа глеам пак. откако тој го мава, друг се залетуе го удира у глава со нога, па таа мава .. премногу агресија во младината. искачаш, пиеш, се журкаш, повраќаш, си идеш дома. а сеа???
Вистина само дечкото во бели панталони ги двои,само тој го проверува цело време дечкото,ама конкретна акција ништо.Да му пружи помош,да земе некој моб да бара брза помош.
сеа искачаш и завршуваш у станица... мене мајка ми кога ми викаше ,,пази што праиш да не те собираме од станици’’, освен на дрога, може и на ова мислела ама ја не сум волку забегана, и ја знам да сум агресивна, и да имам жута минута, ама кога ме напаѓа некој. А не вака, јас да тепам и уште засилена се враќа назад мочлата мене да ми ја дадат да ја рашлапам, ќе се жали шо искочила вечерта наркоманка распала греота нејзините со ваква ко нејзе, и на другиве двајца исто. гомнари
Мајка ти мислела на се шо кажа ама и на -стој на страна од срање. ко шо стојат очевидците. у ваква ситуација не смееш да двоиш и да се мешаш. посебно ти со четриес кг на тебе еднаш ненамерно ќе те фукне некој и отиде.
Ја како што гледам тројцата што го тепаат се девојката, типот со беж јакна а црни панталони и другиот цел во црно. А тој со црна јакна и беж панталони е тој што ги двои. Со беж јакната тој го удира прв. Или грешам, не знам