Не е така,во медицината царски рез се смета за масивна операција на абдомен која не смее да биде избор. Докторот кој се школувал и му е струка треба да даде проценка,да или не,а не, јас ,ти или незнам кој,ако е избор јас сум сигурна дека сите кои веке родиле природно ке изберат царски за второ,и јас бев во тие.
Да, зошто незнам како ќе ми реагира организмот на анестезијата. Никој неможе да предвиди алергија или пример пеницилински шок. А, докторот што ја оперираше мајка ми рече дека лоша проценка направил, ама дека не било страшно (докторот уште е на клиника инаку, си оперира без проблем). Инаку, и јас кажувам дека се неспособни и непрофесионални и дека поради лекарска грешка има голема смртност и дека треба се од корен да се смени и да се казнува.
Знам јас што е царски рез, знам и која е процедурата. Докторот е тука да даде проценка дали трудницата може да го роди бебето природно, ама не може да даде психолошка процена дали бремената жена е спремна да роди природно. Познавам личности кај кои анксиозноста, депресијата и паничните напади се прилично сериозни, тие самите се свесни дека не знаат како би се однесувале за време на раѓањето. Што ако докторот одлучи дека можат да родат природно, а они успаничат уште повеќе?
Докторот е сепак тој што ке даде проценка,имаат искуство и со анкциозни и депресивни трудници секако.
Ама докорите кај нас не се баш доктори кои имаат разбирање. Всушност многумина и немаат некое искуство. Добар дел се вообразени и не сакаат да слушнат мислење од страна јер они се доктори. Имаат искуство, ама не може да е исто како пред 30 години. Веќе сите информации се лесно достапни, трудници одат кај двајца доктори, какви испитувања има, со право се скептични и не веруваат во секој што носи бел мантил.
Пред некоја година жена во Систина почина од епидурал. Значи спонтано пораѓање. Јас стојам зад тоа дека жената треба да биде запознаена со сите ризици, и да одлучи.
Абе ајде Мали ми се цицките. И ќе ми рече докторот - не бе, таман ти се. Ќе ми рече немој за нешто ако мисли дека нема да биде успешно. Ама ако ми е изводлива желбата, мхм, ќе ми ја оствари.
Прашање дали било од епидуралот. Бирање царски без индикација е изложување на ризик . Мајката да има опција да одлучи за инванзивна операција?Тоа се коси со сите протоколи во медицината.
http://fokus.mk/majka-zemala-pogreshno-bebe-na-skopska-ginekologija/ Ова за малце ќе било црна хроника
Во штипската болница на врвката со која ги мотат бебињата го пишува и бројот на креветот на мајката и вакво нешто да се случи е =0. А и сестрата три пати го проверува бројчето од алката на мајката и бебето. Не гледам кривица во жената овде.
Прочитав некаде дека луѓево си биле на диво во Санте Плус т.е работеле на едно место државно, а ваму дошле како на диво да работат. Денес пак уште еден мртов пациент 15 години. Овие треба сите да се затворат болници. И да се престане со партиско вработување, барем во болниците. Колку луѓе имаме починати во последниве 3 месеци само тоа е трагедија.
Па сега они од судска заклучија дека е од епидуралот. Подобро ризик од операција, отколку ризик од несоработка. Да ти објаснам накратко. Кај нас доаѓа пациент кој може да се лекува оперативно, може и да живее без операција со лекови. Докторот му образложува плус и минус на двете опции. Ако пациентот сака да се оперира се испитува и ако нема контраиндикации се оперира. Пациентот е свесен за ризиците. Зошто породувањето да е различно? Што е различно? Операција е операција. Анестезијата Е ризична, затоа се потпишува пемпеле за согласност. Е сега, ако јас се согласувам да ги поднесам ризиците, зошто да "не смеам"? И епидурал може да те убие, а некои од нас не би прифатиле со болка да раѓаат. Тоа е и треба да биде личен избор. За загноено влакно кое може и амбулантски да се дренира, свесно и намерно побарав да биде во сала со анестезија. Ни една секунда не се покајав за одлуката. Бирам да избегнам болка кога можам. Сосема свесна за ризикот.
Знам дека не е тоа темата ама некој беше пишал дека при природниот пораѓај има повеќе компликации отколку при царски рез. Јас уште не сум слушнала родилка да почине раѓајќи природно, а со царски рез еве 3 пат слушам. Анестезијата е причина точно, ама ај нека сечат без неа. Не бива. Добро, кај природен пораѓај сечат без неа, ама не е исто
The Birth Trauma Association found that of the 2,113,831 women who delivered a baby after 24 weeks gestation between 2003 and 2005, one in 10 had a caesarean before labour had begun. Seven women died, giving a mortality rate of 0.31 per 10,000. This compared to 74 deaths amongst the remaining women who had a natural birth or an emergency caesarean section, giving a mortality rate of 0.39 per 10,000. http://www.telegraph.co.uk/news/uknews/1584671/Women-choosing-caesarean-have-low-death-rate.html Еве Британциве имаат скоро идентична стапка на смртност, дури процентуално е нешто побезбеден царскиот. Иначе во Британија можеш да си бираш.
Ама не е исто, на пациентот му се нудат опции кога ги има, и кога не се нарушува рапидно состојбата.(може и со лекови и со операција) Раѓање без болки нема,и со епидурал и со царски,природно,пред или после болки има. Не треба да биде личен избор. Зошто? Затоа што ние како лаици без медицински факултет и искуство не сме способни да знаеме повеќе од докторите кој пораѓај е подобар за нас или нашето бебе, па да одлучиме ,а тие велат царски само како крајна опција,бидејки е длабока операција ,носи ризик и од анестизија и од раната,па поголем ризик од респираторни проблеми кај бебиња родени со царски и итд... ,па затоа царскиот рез е секогаш последен избор,прв е природниот односно болен пораѓај,може да овозможат опција пораѓај во вода,епидурал итд,ама царски рез по желба нема ,туку само со оправдани медицински причини,стравот од болки не е оправдана индикација за царски. Јас не сакам болки, сакам царски и не ми е гајле вие доктори што зборите и готово,право на избор. Царскиот е операција ,а не опција за безболен пород. Што е следно? -Добар ден,ме боли стомаков и јас одлучив да ме отворите ,ке платам и ке потпишам.Не би требало да функционира така здравството.
Сега за што зборуваме? Нели требаше да се забрани царскиот како избор? Јас мислам дека тоа беше темата. Поентата е дека во секој случај ризици постојат. Во сите развиени земји мајката се советува и се консултира и ако се' е во ред може да бира. Не е мое никому да кажувам што да прави со своето тело. Јас не би родила во ниту еден случај без анестезија (и за спонтано со епидурал), ама ете Трпана сака скроз природно, Петрана сака во базен со вода, и нивно право си е. Никоја од нас не може да зборува за некоја друга. Важно е да сме свесни на што се нафаќаме. Единствен начин за 100% да не умреш при пораѓање, е никогаш да не раѓаш. Се' останато е пресметан ризик. @Cosmi и епидуралот како и секоја анестезија може да те убие. Жената не одлучува сама, туку со докторот. Негово е да и' објасни pros and cons и ако таа и понатаму е одлучена за операција, нема зошто да ја одбие. Како и со секоја операција што постојат ризици ако се направи и ризици ако не се направи. И да си прашам, како тоа мојот страв за тебе не е оправдан? Психијатаркава моја смета дека е онака, најоправдан за секоја ситуација во која е вклучен адреналин. Или може овде повеќе знаете за моето и било чие здравје од нашите доктори?