Ај тоа туку и праењето будали дека недостаток на кислород и мозочна траума изгледаат исто и не може да се разликуваат. Па и да изгледа, се прави и надворешен преглед на тело. И косата и курот се гледаат при обдукција Јас не ми е цел да се правам експерта ама еве онака гуглав слики од снимки од мозоци при хипоксија и при мозочна траума. И имаше некоја разлика што асален невролог и во сон да го прашаш треба да знае што е. И туберкулоза, рак, ковид, пневмонија на снимки од плуќа на некој лаик му изгледаат исто, ко мчкави траги, ама лекар си знае што е што.
Не е можно олку да потфрливме како нација: и родители и воспитувачи и здравство и се... Какви генерации одгледавме? Во што се претвораме? Кој се имаме по институции? Страшно... А бре една светла точка не гледам. Го исплакав и ракометаров и децава што ги растеме и сите нас кои мора овде да преживуваме..
,,Нешто е гнило во државата Данска“ *сешто Земјо Индијо..! Кај се родив тука, кај се запустив... Тажно... Само три точки имам да кажам...
Нормален човек не шутира онака Првион што го удира, колку и да го удрил незгодно не е толку психопатско и бездушно како малата ку*ва. Колку ќе ги осудат двајцата, неа треба дупло
Го гледав видеото,.страшно, да шутираш крвнички некој онака..., без разлика што и да се има случено никогаш насилството не е решение. Женско онака насилнички се однесува еј до каде е дојден светот. Какви психопати воспитуваат? Какви родители имаат оние деца? Во каква банана држава живееме, дај боже да се истера ова до крај, али познавајќи го нашето корумпирано судство некако ја имам изгубено надежта за правдина
Така и камен човек не може да шутира и за него ќе му биде жал не пак човек да шутираш така. Овие не се луѓе, овие немаат душа, бездушници се. Со какви "луѓе" делиме водух тоа е страшно.
Се помислив дали да пишам за тоа што повеќето спомнавте зошто луѓето стојат на страна. Првичната оправдана причина кај нас е "Ќе те шлапнат и тебе, ќути си". Колку е само погрешно. Ај да резумирам во детали. На видеото се гледа дека се обидуваат да го одбранат ама у кадар влегува момче кое само поминува и влегува во дискотеката. Мува не го лази. СТОЈАТ тројца надбљудувачи, тој со чадорот и уште двајца не видов убаво баш кои се. СТОЈАТ, ГЛЕДААТ И СО ПРСТ НЕ МРДААТ. Се обидуваат други да му помогнат, ШЛАПАЧОТ искача од такси му мава ситни шамарчиња за освестување и после баш го боли брига, додека типкава искача од кола цела надркана го мава со штикла уште и радосна се враќа во такси. Обезбедувањето - oh well назначени се за цел објект и внатре и надвор ама они внатре повеќе преферираат да се бутаат јаките батиња. Нека не ве лажат дека не се надлежни за цел објект. И да биле надвор ќе спречеле дело сервирано со убивство. Ама ниту еден обезбедувач не смее да покаже агресија, барем ќе викнеле полиција. Е тоа е нашето обезбедување, за влез се силат јаките момци ко од 007 филмот искочени, не пуштаат секој само елита, а кога треба вака никаде ги нема. Не знам дали сте биле сведок на ваква тепачка многу е тешко да ги разделиш и се прашувате од каде толкава сила на женско да шутира? Од револт. Она ти извира од внатре не се контролираш, ова го зборам пошто ми е веќе видено. Не можете да ги разделите, не се свесни они у моментот на таа агресија буквално ти мижат очите. Ете тоа е таа психолошка состојба на Клементина. Што и да кажал можела да го плукне или фино лепо да го повика обезбедувањето, ама дека се навикнати да се прават п*чки и пол во диско како божем којзнае што се ќе го шутира. Глупа и проста раја. Да не испадне за дрога се испокарале. Или за пари или не знам за што ама пошто се гледа дека трчал по нив мислам дека е умешана она. Нешто друго има. Освен тоа за сведоциве кој викнал полиција? Кој викнал брза помош ? Тој сигурно дал изјава. А знаете ли зошто брат му се огради од приказната за тепачката? Страв. Знае брат му многу само не се енволира во јавност да кажува, оти можеби се плаши да не го утепаат и него.. Да не должам веќе кратко и јасно е дека секаква багра искача по клубовите, не знаат да се забавуваат, да се однесуваат цивилизирано. Се надевам ќе одговараат за стореното дело пошто како што гледам и за други дела нема големи казни пошто немаме асална држава а богами ни асален народ.
Извини, како тоа гарантираш дека се кае? Да се каел, ќе укажел помош, немало прво на својот газ да мисли и да звони по фамилија и адвокати, да го спасат, нели, пошто многу се кае.
Видеото од убиството е неверојатно. Имав впечаток дека е филмска сцена. Толку сум огорчена, бесна и ужасната. Зошто имаш потреба и ќеиф да се тепаш по улици. Какво е тоа чувство на моќ? Да убиеш некого со клоци у глава. Да е моја ќерка и ОВА да го гледам, би ја претворила во пепел. Јас ќе бидам нејзиниот суд.
За жал младината во земјава е ваква. Срам ми е што живеам меѓу вакви "луѓе". И никого не му е гајле се додека не умре некој. Ќе се заборави и овој случај, до следниот.
Овој првиов што го удрил иако ми изгледа на најпсихопат сепак да речеме машка тепачка, сме виделе ништо ново, сепак го удрил и дур бил свесен можеби не мислел дека дотолку би паднал иако сепак тој му е кобен удар. Но после овие што го шутирале по глава а посебно девојкава е нешто што човек не би го направил. Како да шутираш топка, на несвесен човек да си ги празниш фрустрациите и нервозата. Страшно е ова што се случува..
Сакам да се согласам со тебе ама многу е поверојатно дека заташкуваат, иако првиот ден не сакав да верувам во тоа. Докторите нема никакви шанси да згрешиле и да не приметат дека имало траги на насилство. Мене ми личи дека на директорката ѝ била дадена "наредба" фино лепо да даде таква изјава, колку да се добие време тој што треба да си избега. Убиецот е во бегство, значи си имал луѓе што ќе го заштитат, само му требало малку време. Плус тоа што е вмешан во трговија со дрога ама ич не е случајност, си имал луѓе. Сега нормално сѐ си излезе на виделина, ама намерно покасно.
Јас само едно ќе кажам, господ да не чува сите што возиме. Секунда е во прашање живот ќе ти смени. Дечково како што ми кажаа во притвор бил во тежок психички шок, одвај го довеле до некоја нормала, што кажува дека не е мангуп, не е некој кој нема емпатија туку ете погрешна проценка за која ќе се кае цел живот. За Хрватов. Не знам што да кажам, ама она на видеоно е хорор. На која дрога биле. Прееска читав, дека тој птонизбегал бил баран во Словенија заради некоја сообраќајка со жртви, дека бил поврзан со дрога.. Тежок криминалец..
Јас мислам дека е олапеност во прашање. Какви врски какви чуда. Секоја будала што лепи слики по ФБ после митинг не дека е горе во врвот и пола болница за него ќе крши правила. Странец, да не ја правиме голема, да пикнеме под тепих ако се може…. без некој нешто да им рече. Не очекуваа ваква ука бука. Таков им е менталитетот и принципот на работа, површно, незаинтересирано и неефективно.
Како можеа да извадат од ракав дијагноза срцев удар. Ти доаѓа полумртов човек во болница. Тоа е нашето здравство. Без разлика дали е странец или наш.. На обдукција виделе дека јазикот му е пресечен? На она тепање немало знаци на насилство? Нога да шинеш ќе ти помодри а не она тепање.
Истресле исто како што би за наш…Оти здравството ни е на тоа дереџе што буквално се им се може и ништо веќе не не изненадува
ако ги разбудиле од спиење се може да пишат.... јазикот ко што разбрав одгризан му е и го врзувам или со паѓањето наназад, или првиот удар дечкото што му го задава со нога по вилица...