Во врска со Јордан 3 години за разлика од некој што поминуваат без ич е ок. Дека не се каел не верувам дечково не е некој криминалец тежок се гледаше и на снимките од судењето колку е опаднат. Направил грешка ќе ја плати, некогаш грижата на совест цел живот е полоша од затвор. За тројцава треба добра казна да им пресудат.
Елементарна култура во комуникација може, не сме чувале заедно овци. Ако не ти се допаѓаат моите ставови и аргументи, или образложи ако можеш, или прескокни.
@JuLleE Тепачки има буквално во скоро секое место каде што има алкохол.И балет и џубокс се ,,култни" места па има тепачки.Зарем младиве не треба да излегуваат.
Симона, има да, ама има разлика од места до места. Јас прочитав многу лоши коментари за местото. Секако дечково не е крив што излегол таму, туку еве поука за младите е да не одат на такви места барем. Мислам дека друштвото може да си го избереме оти не знаеш која издрогирана будала може да ни се погоди и за ништо да платиме со живот.
Пресудата и за овој случај беше за три месеца, несреќата беше април, во јули беше осуден, потоа во ноември апелација му ја зголеми казната. Ама не дознавме ни кој е, ни колку брзо возел, ништо, само иницијали и возраст. А, дали ја издржува казната знак прашалник е тоа.
Па јас еве ти кажав,не знаеме за многу сообраќајки оти некои имаат грб. А ти одма личен напад. Ниту те нападнав ниту те навредив. Ти дискутирај како што треба
Иначе, сегде има и наркомани и тепачки.Последниве 3-4 години искачам и по диска и по кафичи, сум била на секакви журки, сум видела секаков олош и шљам.Кажав јас зошто не идам во Привилиџ више.И во Станица знаат да се затепаат, другари мои со столови се имаат ѓаѓано, ама е еднаш у 2-3 месеци такво нешо.У Привилиџ е друго, таму клиентелата веќе не чини.Идат распиздени батиња, цврца ред бул цела вечер, или ќе се начука и нашмрка и бара проблем, ќе се убута у некој на проаѓање, или во вц, женски гледаат, ги замараат, им пуштаат пијачки Клиентелата шо иде у Станица, у 1212 и таа у Привилиџ-не се споредува. Не у однос на музиката.Ја слушам и српско, и техно и транс.И ја коа ќе пивнам ме фаќа на курчење, ама се курчам на некој шо ме гледа, шо ми дофрла, не на рандом луѓе, и не ги шутирам во глава! А баш ако е странец, треба да доживее убав провод и журка, било кај и да отиде.А не животот да му отиде ради некои тројца издрогирани.
И двата случаи (и сообраќајната и убиствово на ракометарот) се напраени од глупоќа. Јордан бил глуп, мислел дека можел да пројде, немал намера да убие некој, ама пошто бил глуп, направил сообраќајка кај што усмртил човек. Ќе си плаќа сеа за глупоќата со лежење у затвор. Мислам дека се малце 3 години и мислам дека треба доживотно да му се одземе возачката, едноставно не заслужува да вози повеќе штом усмртил некој возејќи, ионака можеш да живееш живот без да возиш кола. Мислам дека се кае, си го сјебал животот зошто бил глуп. Мислам, не тврдам како некои овде што знаат сè, знаат секој како се осеќа и што мисли. Другиве што го убија ракометарот, сигурно не им била намерата да го убијат, ама глупи биле, мислеле дека е само тепачка, можда и претходно се имаат тепано и навикнати се на насилство. Треба да лежаат дебело, не само што се глупи, делуваат на невоспитани и неморални размазени шлајмови. Парот што излага од дискотекана исто е глуп, искачаат, гледаат гужва, некој лежи, си викаат гарант овој пијан се онесвестил, овие пробуваат да го освестат. Не дека си го барал ракометаров, ама на опасни места големи се шансите да ти се деси нешто опасно, затоа се избегаваат, зошто да си ја испробуваш среќата.
Личен напад? Те прашав дали тоа што постојат криминалци кои секогаш се извлекуваат, не иззема нас обичните смртници од одговорност за хипотетички сторено дело, било кое. И како ти мислиш дека треба да изгледа правдата, по можност да не ги зимаш криминалците како репер во твојот одговор. Нешто не те свиѓа моето прашање штом го доживе како напад, па уште и личен.
Victim blaming ако добро памтам беше одвратно нешто и не треба да се користи Уствари само за случаи на сексуални вознемирувања важеше. Бтв чекајте малце. Луѓево се знаеле со Денис, не го претепале рандом наркомани од клубот. Така да луѓево ако имале проблем со него и со дрога, било каде можеле да го претепаат.
Да се земе да се направи еден клип со сите убијства, насилства и смртни случаеви, изјави од лекари политичари и се што пробува да прикрие случај и секој ден да се пушта на ТВ со порака воспитување и живеење во 21 век, низ град на бимови и плакати да ги има сите до еден за секое можно насилство. Сите да ги знаат и на сите у потсвеста да им влезе следен пат кога ќе сакат да кренат рака или прикиријат. Јавно судење да има за секое насилство ама баш за секое. Сите да гледат и млади и стари што луѓе стана од нас, шо луѓе пораснале. Во 21 век да се тепаш како да си во камена доба и притоа од толку кутек да усмртиш некого ! колку е тоа одвратно. Па доста е веќе. човек треба добро да подразмисли дали да искочи у град за да не налета на тепачка, манјак или не дај боже пијан човек зад волан . Одвратни сме и како народ и како нација. Дали на некого го тепаат, дали му е лошо ние гледаме како телиња у шарена врата . Па 112 го активирале на кој народ бе на кој .... Бедост
Јас не сум од Мвр и немам приказни да раскажувам од "инсајдери", впрочем затоа пишав дека претпоставувам. Медиумски известуваа дека дедото не бил на пешачки, затоа тоа не е исто со случајот на Јордан и веројатно затоа не следува притвор, бидејќи класификацијата на делото ја одредува казната. Кога некој ќе ти се фрли пред кола, надвор од пешачка зона и кога ти ќе сокапеш некого на пешчки премин, тоа не се исти ситуации. Колку што следев, жената се терети за сообраќајка, само нема притвор.
Ко шо тргнало, сѐ повеќе ѓи е страв утреден да родам дете..го иам зборено ова Ај ја се снаоѓам, таква сум од мала, а и за женско иам повеќе од доволно муда.Ама утре прво прашање е детето дали ми е такво, ама и да е.Свашта може да биде Сфаќам дека се депаваат и тепачки и сообраќајки.Ама едно е да си мавнете 2-3 бокса взаемно и да си речете ај чао, друго е ова шо се деси. Да не зборам за индиферентноста на тие од страна шо седеле. Да има кој да помогне и да седи. Мене ми се има десено нешо пред 2 години, и имаше чоек во близина, и не се мрдна со прст.Е тогаш сфатив какво ѓубре народ сме.Ама со прст не мрдна.Колку шо бев фрапирана од тоа што ми се деси, толку и од неговата ноншалантност.Е вака ко паров на видеово си движеше лабаво дур јас вриштев. До ден денес го памтам тоа, а и иам трауми.А замислете тек да ме истепа некој, или не дај Боже нешто друго. Полицијата работи нив кога им се работи