Баш затоа, како жена, како иден академски образован граѓанин, сметам дека институциите, родителите или некој друг затаил кога и била потребна помош и затоа дошло до ова.. Како жена, како човек, за и понатака да не ја шуткаат и да ја користат како секс кукла, да не ја продаваат за пари и да си игра кој како стигне со неа, а тоа ќе и се случи во затвор, сметам дека треба да се смести во психијатриска установа и како дел од нејзината рехабилитација да биде и дел каде што ќе може од време на време да си го гледа детето.. Никој не кажа да ја пуштат и детето да и го дадат, не извртувајте..
Вие ако сте добри.. Не ми е јасно како можете да наоѓате оправдувања за тоа што она е лош човек. Имала лошо детство, леле кутрата таа кузнај што ја натерало така да праи, леле леле може и фалело љубов, кутра таа. Море луѓе не знаете колку ги има со тешко детство па ене ги деца за пример. Еве ја лично, не сум тешка колку што сум тепана, сексуално вознемирувана. И што треба сега? Да праам ко идиоткава? Не него не се предавам и уште стојам психички добро како ни сама незнам.
Ама ти озбилна си била!? Институциите згрешиле, се слагам. Родителите згрешиле, веројатно. Детето да си го гледа??? За еден ден ако детето на пример на сака да јаде брокула, оваа да му ја мавне штиклата од глава? За тоа дете единствено добро е никогаш да не дознае која му е мајка. Толку. И уште се надевам дека ти никогаш нема да бидеш во позиција да носиш битни одлуки за општеството.
Некој поназад пиша дека таа порано била во установа.Очигледно не помогнало. Да се интересирале нејзините или пријателите или институциите, таа ќе добиеше стручна помош пред да стане убиец.
Ова е пред да се споделат информации дека лежела во установа и дека е психички нестабилна личност, не мешај баби и жаби.. Пишав и дека е гнасен убиец на почеток, ама не ја знаев ситуацијата, сега кога се разглоби се, мислењето ми се смени
Не си знаела дека психички не е стабилна? А која стабилна личност ладнокрвно мава во глава личност што веќе е онесвестен и лежи без да се помрдне. Во сите теми ме изненадуваш со мислењата и се чудам кога ќе пишеш некоја огромна глупост, добра ли си, ама сериозно?
Леле дај не терајте феминизам кај што не треба. Жена била, мајка била, ти реков ми рече... Многу убијци, силувачи, педофили биле малтретирани како деца, исто имале психички проблеми, исто се лечеле по институции па не гледам да ги сожалувате вака.
Можеби сум иден сериски убиец, па си правам простор за да ми се прости и на мене во иднина ако направам убиство, од кај да знаеш.
Па можно е, од кај знаеме кој се крие позади профилов, ама по мислењава.... За среќа единствена си како што гледаш што брани убиец.
Луѓе ова не е заебанција. Девојчево некаде по темиве пишуваше загрижено како немала убава слика по социјални мрежи, па ако некад ја барале како тројцава порталите ќе немале слики за објавување. Ми изгледаше како заебанција, веќе не.