Судот ги нема правилно оценето фактите во случајот, пресудата ќе биде обжалена на суд од повисок степен во кој сум сигурна дека ќе донесе правилна одлука а оваа пресуда ќе биде прогласена за неважечка земајќи ги во превид фактите за овој случај. Посебно би укажала во неправилното земање на превид на фактите за Клементина која во никој случај не може да биде виновна за смртта на Тот што е видливо дури и од безбедносните камери.
Ај не се губи ,казната е заслужена .Во други држави и доживотно ќе добиеја.Ја претера,само не знам зошто толку те боли оти овие ќе скапат во затвор.
Тој Андреј климна со главата кога му ја прочитаа пресудата и кога судот наложи да се плати отштета исто климна. Веројатно сфатил што направија, Анџело почна нервозно да мрда со рацете.
Лелеллееее не знам како можете да кажете дека ова не е правилна одлука за некој што претепал човек до смрт. Фуј значи.
Па и кога му ја изречија казната направи една фаца као демек не е виновен. Така им треба нека гнијат во затвор, се надевам со тек на време дека нема да им ја ублажат казната.
Казната е превисока, ако се следи судската пракса. За погрозоморни убиства на луѓе на кои дома им дошол убиецот казните биле пониски... Ама очигледно иако Уставот вели, дека сите граѓани се еднакви пред законот, очигледно не се. Ете, граѓаните на ЕУ, кои патем се и спортисти, да ти имале право да не` малтретираат нас жителите на Македонија. Јас очекував казната да биде максимум од 7 до 10 години. Прво, затоа што и сега убиениот бил виновен и ја предизвикал тепачката. Второ затоа што станува збор за убиство во миг. Ама и ова е уште еден случај, кој ја утврдува довербата во судството во Македонија. Ме чуди само, зошто на женски форум, па уште и фемина именуван, жените не застануваат во одбрана на жена, која очигледно била полово вознемирувана од сега покојниот.
Што е многу веројатно. Зависно од тоа нели како гласело обвинението и како гласи пресудата. Нит читам, нит гледам, па не знам, ама дека ќе се жалат и може да добијат на апелација, можат.
Ако НЕМАЛЕ намера да го убијат зашто не викнале брза помош, зашто избегале, зашто не отишле во полиција сами? Буквално никој не знае да одговори на прашањава.
Епа ај сите манијаци да ги шутираме во глава..А и од кај знаеме дека обвинетите не лажат во врска со обвинението дека Тот полово вознемирувал ?
А кога ќе пријавиш, веднаш ќе го приведат? Ќе ти речат сама си го бараше Ај, не бладајте. Има поента муабетот на членот, само вие заслепени од шутирањето, не можете да увидите дека правдата е поеднаква за некого Не го оправдувам чинот, ама сметам дека забегаа со осудава