Упорно го удирале иако е без свест. И тоа највеќе придонесе толку да добијат. Го рачунат како со умисла
Го имаше во пресудата и го слушнав тоа. Ама ако некоја е курва, не значи, дека секој напаленко има право да ја легни. Детето сигурно има и татко, па ако мајката е неспособна, тој може да си се грижи за детето. Не е точно, прв мавнал Денис Тот (43:22 на а1он.мк).
Не слушнав, каде го слушна тоа жити се постирај. Ти знаеш ако те мавне ракометар дека забите нема да можеш да си ги собереш? Дали ако македонец беше брутално претепан до смрт во Хрватска од тројца ќе речеше многу е казната? Што зборите бе луѓе? Се согласувам дека е селективна правдата ама може да речеме добро е, мрднавме од мртва точка? Плус не е ваква прва пресуда.
Никого не го интересира што се десило пред да го претпаат. Значи, убаво кажа судијката и вештаците и се по ред, не било со умисла но знаеле дека ударите може да предизвикаат смрт. Плус на Клементина и посочија и дека како лице кое завршило Средно медицинско требала да знае што прави и кои се последиците.
Едно се нивните тврдења како очаен обид за помала казна, друго се фактите утврдени од судот. Казните се таман.
Оној Анџело колку одвратно створење со тоа гримасите како " наку*чен", што очекуваа да ги пуштат? Не ја видов фацана на таа кокошкана само Андреј ми изгледа како искрено да се кае. Туку не знам ако го гледавте делот каде судиката кажува за плаќање оштета овој Анџело рече "ќе видиме", адвокатот само го допре за рака и му рече да молчи. Си заслужија конечно и овде правда да видиме, иако селективна на многу вакви ко нив не им се досудени вакви казни.
Абе добро луѓе, мало државиче сме.... една рака луѓе шо се вели. Нормално на толку малку жители и на форумов се најдат роднини, пријатели на токмациве ќе ги бранат. Не е чудно тоа...
Врсничко насилство по училиштата ќе има се` додека тоа го толерираат родителите на насилниците или се` додека државата не ги санкционира родителите на насилниците.
Ако ја вознемирувал во дискотеката,можела само да ги викне обезбедувачите на врата што дремат. Верувам дека ќе превземат нешто и вечерта ќе завршеш ко и секоја друга вечер. Тот ќе беше жив. И не, не е во ред да те вознемирува никој не само сексуално туку и општо.
Он кога бил пијан одел до женски и им се набацувал, а другарите го прбирале од масите. Е оваа ја пикирал и знаеме како заврши.. Тоа е тоа.
Дошло обезбедувањето. Не само што ја вознемирувал Клементина, вознемирувал и женски од друга маса. Жалосно е што завршил младиот живот, но едноставно не е невин. И казната е висока, без разлика на моралноста на убијците. За свирепо убиство при разбојништво, во кое баба од 75+ години беше убиена со ставање на чорап во устата и запечатување на носот и устата со леплива лента, убијците добија казна од по 7 години! Тоа убијство и ова убиство се едноставно неспоредливи!
Можеби добиле некоја година плус од вистински заслуженото, ама барем се праќа порака на ваквите како нив дека не може слободно да си претепуваш луѓе, да влегуваш свесно во тепачки и да немаш никакви последици. Имам чувство дека тука голема улога имала случајноста, и Анџело или Андреј можеле да завршат на местото на Тот бидејќи да, сите четворица биле пијани и учествувале во конфликтот што почнал многу порано. Е сега тоа што да беа "нечии" ќе се заташкаше работава е друга тема, ама ајде, да не релативизирам. Како и да е, си заслужија барем минимум десет години да одлежат, тоа си стои. Без навреда ама фала богу што не си правник со аргументиве. Каква врска има муабетот за нејзината историја? Сакаш да кажеш дека само зашто една жена имала некакво минато, заслужила да биде вознемирувана? Тоа е пораката што ја испраќаш, без разлика дали си свесна или не.