Tие другите малку добиле, не добиле овие многу... и оти на сите ни е преку глава дека мали казни се добиваат, затоа се има револт. И мора да се почне од негде. Убисто е убиство, и освен ако не убијам некој во самоодбрана, треба да си одговарам со долгогодишни казни (година плус минус зависно од околностите). И сакаме сите вака да се казнуваат, знаеме дека правдата не е фер, ама мислам ако почне народот вака пожестоко да реагира, ќе се подобрува ситуацијата.
За сите шо ми се праите паметни, иам 16 нотификации не знам кој сѐ ме цитираше, сами ќе се пронајдете. Прва работа, не ми ставајте зборови у уста демек било заслужено или не, пошо не го реков тоа. Само реков дека не е нормална типката и не е морална особа за да ја жали некој. Си го остаила детето у дом, иде се хефта со кој стигне, иде на журки до сабајле, и да оправдам шо претепа некој до смрт пошо ѝ рекол дека е курва? Па курва е. Таа да била поштена, ќе рмбаше по тие дискотеки, ќе работеше било ши за да си го земе детето назад. Нели сте најмајки нели сте совесни? Овде се тепате со муабет ,,ааа ти немаш дете ти не знаеш” еве некој има и го сее по домови да може да си тера кејфови. За кое такво да ја жалам? Она го жалела детето или Тот? Не. За шо тогаш да ја жалам? И боље шо не сум у правната фела пошо сѐ шо може, ќе влезе у затвор шо е до мене. Второ, ајде сеа од коа ги осудија, ќе почнете со бранење на кривците. Вие неколкумина, не видов сеа кој точно пишуваше за да ве тагнам, кај бевте сите овие претходни денови? Да кажете дека и други напаѓал или не знам таму шо? Неколку 5-6 души се вртиме у темава за случајов, и сеа дојдовте муда за бубрези да продавате. Идете бегајте бе. Само у Македонија може мртвиот секогаш да е крив пошо не може да се одбрани. Сеа уше 100 муабети ќе искочат како и на други им го праел тоа, нормални, пошо дечкото нема да може да се одбрани. Трето, еве да го праел тоа. Знаете колку ги има у Скопје такви? Прво од браќата да почнеме? Мене лично секоја вечер ми се дешава тоа. Ми свират, ми добацуваат, ме загледуваат, ја им одвраќам или игнорирам и продужувам. Нема да ги вадам како на ГТА од кола да се тепам. Па досеа да ги тепав сите, ќе бев сериски убиец бе, по весници ќе ме имаше како овие наркоманиве. Сите ако ги тепавме шо префрлаат, маж немаше да остане у Скопјево. А у Привилиџ затоа не идам, таму најпроблематични се шиптарите, чекаат само да избувне проблем или да се напи некој за да настане русвај. си години е веќе така, кога знаеш дека клиентелата не чини, нема ни да отидеш. Цел шљам иде у Привилиџ. Шо очекувате? Ќе избегавате такви места и тоа е тоа. Шо не се тепаат у Филхармонија? У МОБ, у Трибека? Негде кај шо иде културна раја на луѓе, шо пие умерено, и внимава на себеси?
Има има. И тоа веќе 2 години можеби. И ќе ми ја правдаат овде. Абе сѐ се дознава у Скопјево. еве и да не е курва, а е, морон е. Нели може дете шо искочило од нејзе да го остаи… тоа џа било која жена ќе го кажам. Ич не ги ни раѓајте тогаш. А не по домови да ги сеете. Некој се моли дете да добие, некој ќе го добие и ќе го отфрли.
Сосема заслужена им е казната, камо среќа сите убијци во државичево корумпирано да добиваа вакви казни од 15+ години за сечиј еден одземен живот, бидејќи за толку мала држава, машала ни цвета криминалот, ама за жал, ретки се тие што си го добиваат заслуженото. Денис и да и дофрлил на дотичната госпожа и на други девојки, ете под претпоставка дека често бил пијан, постојат многу други начини да го санкционирале, а убивството никако не е решението.... Срам да ви е на сите кои го напаѓате, и да и рекол курвице, не заслужил ни 1% во најубавите години да лежи под црната земја, па плус и поради гнаси од луѓе, од никакви луѓе со сомнително минато И дофрлил на невината и моралната девојка, ете солза ми капна, жал ми е за неа, од срце ми е жал како жена
Место да сте благодарни што вакви криминални шлајмови се тргнати од улиците, вие ги жалите. Ај одете помолете им се на вашите богови никад да не налетате ниту вие ниту ваши сакани на вакви будали!
Во ред, и така да било едноставно можела да повика полиција. Барем таму нонстоп имаше полиција. Не можете да кажете не е невин, невин е. Како и да е бил настанот не морал да заврши трагично. Со @Angie1432 морам да се согласам дека ова е убава ПОУКА за сите останати кои се лупаат во гради дека насилството е наједноставно решение и дека нема да се наплати.
Ме плаши оваа твоја енергија и бес, со оваа бунтовност ме потсеќаш на мене во средно Се надевам ќе завршиш како мене, па и подобро, а не како Клементина. Како и да е, имаш поента. Кога имаш дете, а особено самохрана мајка се бориш за него, се менуваш. Не му внесуваш сомнителни типови во животот, бегаш од бељи, посветуваш внимание, заработуваш, го спремаш за поубав живот од твојот. Сакаш да го гушнеш и мирисаш цела ноќ, а не да газиш со штикли по полумртви тела до сабајле. Мене девојката ми е повеќе за во психијатриска установа или обавезно посета на психијатар во затвор, се гледа дека е лошо порасната, можеби и самата запоставена од нејзините, со лоша проценка за луѓе, донесени лоши одлуки, многу утки има кај нејзе.
Ама така де. У секоја тема ,,аа бори се за детето” ,,работи за детето” ,,трпи ради детето” сѐ е детето, детето, а овде некоја шо го остаила бебе уште, ја правдаат пошо ѝ рекол нешо. Абе на таков морон, малце ѝ е шо ѝ да и кажал. замисли утреден тоа дете коа ке порасне, ќе си рече зашто ме остаи мајка ми? За да иде по журки да шутира некој, е затоа.
Ама и Тот бил таков. Ист. Ако не бил таков, немало да се дружи со неа и да и` се пушта. Што не се дружиме јас или ти со Клементина или со Анџело или со Андреј? Благодарение на вакви како Клементина, што раѓаат и ги оставаат децата, многу семејства се усреќени и успешно ги воспитуваат и пораснуваат тие отфрлени деца. Зашто списокот на идни родители кои чекаат за посвојување е многу долг. Невин не бил. А настанот не смеел да заврши трагично. И јас уште еднаш изразувам жалење што дошло до убиство.
Човек, тоа со детето е само мачкање очи. Да размислувала како што треба немаше да задава смртоносни удари со штикла по глава.
Да не донесувам заклучоци пошто не те знам лично но мислам дека истото би го направила и ти дури полошо од Клементина да се најдеш во таква ситуација.
Феминка не е толку будала, барем мене таков впечаток ми има оставено. Ако треба ќе го турка неколку пати и ќе го напушти местото, но да убие. Не. Многу во крајности одите.
Леле не ми се верува што се причитав на последниве страни, срам да ви е на сите што ги браните убијциве и што сметате дека превисока им е казната. Море и премали се казните, никогаш нека не излезат од таму
Ти викам, ја да бев без мозок, пола Скопје ќе го немаше. Пишував назад ама кој ме чита, имам јас проблеми со бесот, и ја не го кријам тоа. И свесна сум шо е најдобро, пошо кога иам жута минута губам контрола како и сите, ама фала му на Господ шо иам потсвест која ми збори и преќинувам. значи не е дека ја сум цвеќе за мирисање. Ама сум рекла, не прљам раце со туѓа крв до член 10 од КЗ. да проба некој да ме силува или убие, ќе го убијам без око да ми трепне. а на таквите ,,шмеќери” шо пробуваат да ме ќарат со свирење од кола или добацување, само им одвраќам за да сфатат дека не пали тоа сегде. Немање аргументи е ова. Нема потреба да дискутирам со вас две понатака на темава. На други теми ќе си збориме, овде не ви враќам више. Со шо бил ист? Се дрогирал? Не. Ги тепаше до смрт? Не Убаво рече некој погоре, ракометар да залепи една, забите со метла ќе си ги собирате. Да ја удрил, немаше да стане да го тепа да се едитирам у контекст на муабетот на Анџи. Ај оспори го моментот сеа и за Анџело и за претходно шо го гонеле. Тие две работи ги ставаме у овој контекст за да покажеме за какви особи се работи. А некој шо си го остаил детето, и некој шо има лабораторија за дрога за СИЛУВАЊЕ ЖЕНИ. Не е добар со главата Џабе шо ги браните, пред Господ нема да ги исперете
Факт е дека е тешко да се коментира ситуација од правен аспект ако не си правник. Народот поаѓа од позиција на емоција што не е нешто погрешно, секој емотивно реагира на ваква работа, ама да беше така лесно да се процени, немаше да постојат правници и правни факултети. На емоцијата на народот додадена е и недовербата кон правниот систем, кон државата затоа што неретко сме биле сите сведоци кај што правдата не била задоволена и затоа имаме недоверба во институции. Да кажам дека многу им е казната, не можам да кажам, снимката беше многу тешка да се гледа, мислам дека сите сме биле сексуално вознемирувани, но ако цело време се случуваа тепачки во кои некој умира, кај ќе ни беше крајот. Тоа не значи дека поддржуваме сексуално вознемирување, да потенцирам, иако мислам дека очигледно е тоа, без потенцирање. Пак ќе кажам, не сум правник, ама по свет сум видела многу повисоки казни во споредба со нашите. Ама па некогаш ти доаѓа да се запрашаш, во светот има држави каде уште се применува смртна казна, па пак луѓето вршат дела што носат до смртна казна и дали казните се начин да се намали криминалот или треба подлабоко да се оди преку образование и помалку трауматизирање на децата додека се мали...мислам дека ние тукa уште сме далеку од тоа. Туку ме интересира ако некој знае, дали ќе одлежат 18 години или ќе излезат побрзо, некогаш знам дека излегуваат побрзо, ама не знам кои фактори влијаат на тоа, знае некој да објасни?
Какви аргументи немам? Ти реплицирам за тоа што ти цело време потенцираш како Клементина си го оставила детето во дом. Ако беше "прибрана" и образована тогаш ќе заслужуваше ли поголемо жалење и оправдување за тоа што го сторила? Според твојата логика така би било. Затоа нејзиното минато едноставно не е релевантно во случајов, осудите се твои лични и подобро задржувај си ги за себе. Не мора да ми враќаш де, само да се искажам.