А ти не релативизирај: возење под дејство на алкохол, брзо возење, hit and run и пред се: усмртвање д е т е. Ако дотичниот ропак ги скокнеше првите два чекори, немаше да дојди до наредните два. У б и е ц. Знајш има време кога се дискутира и има време кога не вадиш "правни" аспекти кога на сите преку пична жила му е оти едно исто однесување поминва неказнето или лесно казнето. Ама сите си ги одбираме борбите.
Не јас законот, сум кажала можеме да дискутираме за промена на закон. Колку сакаш ти да биде за несреќен случај ?
Дискутираме промена. Јас мислам овој треба доживотно да лежи и да се класифицира делото како убиство.
А кој рече дека си го спомнала тоа? Кажав дека ти смета кога оштетените фаќале врски за обвинетиот да има построга казна. Еве ти и доказ
Какво црно убиство. Може за делата за кои сега се товари да бараме поголеми казни ама не од несреќа да бараме убиство.
Bestie, ТИ седиш и ќенкаш и збораш за олеснителни околности во место и време кај шо нема простор за то. Како *се искашлува* правно лице можиш да кажиш како е, и како да се смени нештото оти ја делиш фрустрацијата. Ама не ја делиш. И то е очигледно од бааѓи далеку. И не мора да ја делиш. Не сите имаме исти нивоа на емпатија. Ама доволно е да знајш како во период кога сите се нервозни и фрустрирани како да не подгориш нахнадно.
Што се објаснуваш, уште кога дебатиравме за Тот кажа дека настрана професијата пак би ја бранела Климентина и би ја сметала за невина. Така да, нејзините искажи не ме чудат. За две-три години кога ќе си ги препрочита мислењата ќе се фати за глава.
Не, не кажа така. Сите читаме што кажа. Убаво си напиша дека заради некој што има врски ќе лежиш со години
Мене оти ме игнорираш, убаво те прашав. За случајот што членката го пиша. Како ќе се докаже дека пиштолот го земала со умисла да убие, а не дека сакале да се снимаат за тикток? Другарки се, се познаваат, зошто би имала мотив да ја убие? Невин предизвик, ете опалил пиштолот.
Има судска постапка во која што би се докажувало, не те игнорирав само коментарот е толку ирелевантен што не го зедов во предвид толку.
Аха да, не е релевантно коа не знаеш што да кажеш. Умисла не можеш никогаш да докажеш дали ја има или ја нема некој. Можеш да судиш врз тоа што кажува човекот, ама во главата никад нема да знаеш што му се врти. И затоа таа мочана умисла треба да се тргне кога се суди вакво нешто.