На што дереџе падна фемина форум, да треба некому да му објаснеш дека умрен човек не можеш да го доумреш. И дека ако си го повредил некој треба да застанеш и да викнеш помош. Нека ја премести Реин темава у скриено катче бар, да не чита од страна некој ќе ни се смее. И за смеење сме. Срамота е ова.
Законски мислам дека пијан не смејш да се возиш до шоферот, само назад, и тие се виновни за неукажување на помош, значи на некој начин се соучесници
А бе оваа ситуација многу лесно ќе се избегнела со едноставно викање такси и оставање на колата на паркинг кога веќе сите биле пијани. Ама неееее, кај нас не се вози пијан само ако немаш врски кога ќе те застане полиција, никако заради одговорност и свесност за последиците. Па не биле криви, а беееееееее…
Сопатниците коа се симнале од колата требало да се јават во полиција Ало полиција тука Филимена од Велес Само што се случи сообраќања несрека Ристо згази девојче и не застана него продолжи право и ме остави дома а јас сакам да го пријавам случајот одма Е тогаш ке речиш дека сопатниците немаат никаква вина Пу бе срам и арам за родителите шо ве одгледале вакви бесчуствителни стоки
Има врска од аспект на телесна тежина, брзина на метаболизам или дали си гладен или сит при пиењето. Ова зборам некои делумни варијации што прават во метаболизмот и насобирањето на алкохолот. Ама да, ако мене ме прашуваш, пивце са пивнеш не треба да возиш
Не знам по каква случајност ептен поврзано со сегашниов актуелен случај ама баш вчера на јутуб ми искочи едно видео што е постирано пред три дена од тип што во алкохолизирана состојба возел и си го убил најдобриот другар. Секако дека не сакал, ниту планирал, ама се случило и сѐ уште живее во пекол. Еве слушнете го како зборува и не знам, нека ве допре малку пораката што ја дава. Бидејќи нормално дека никој не излегува со умисла од дома да убие некого, ама од "мене ништо не ми е", "можам да издржам алкохол", "добро возам", се случуваат убиства. И сите што мислат дека баш на нив не може да им се случи, им се случува. ***Реин ако бришеш мислења те молам премести ми го барем во сдк ова.
Секој што стои зад волан треба да вози со прилагодена брзина, не дај Боже може да се направи беља и со 50 ако возиш ама помали се шансите. Совест само треба, да се знаат правила и секој да ги почитува. Секој од нас барем еднаш возел изморен, изнервиран или ете со испиена некоја чашка, зборел на телефон. ... Само треба да има контроли, камери за пример брзина да ти измери и утре ден да имаш казна. Да збориш, скролаш на телефон да има казна. Можеби так аќе се свестиме. Не дај Боже да си во кожа нит на оној што направил беља секако.... Секој што вози мислам е во ризик, но барем да бидеме малце поодговорни, посовесни и да сфатиме дека животот е многу вреден да не заврши нечиј живот бар на нешто што може да се превенира
Банирана е @Luciferka од темава поради тоа што ја однесе оф-топик. Ве молам не продолжувајте понатаму, вратете се на темата.
https://lm.facebook.com/l.php?u=htt...bwmEfdfAio2rloPaICDKHZe-3gZq_Z8gOnnR_gnMtxe_g Возел пијан, над дозволена брзина на населено место, не укажал прва помош, па и уште се криел некое време, за ваквите највисоката предвидена казна
Она што го пишува порталот Хроника.мк, Николов веднаш по ударот во саботата со огромна брзина со патничко моторно возило Мерцедес го напуштил местото на инцидентот со други тројца млади лица во возилото.. Истите ги иставил низ Велес, по што Николов првиот ден се криел во селото Бузалково со мнозинско албанско население.Тој имал добри конекции со селаните со кои тргувал со дрва. Го криеле во напуштена селска плевна по што добил порака дека полицијата има индиции кај се наоѓа па бил приморан да го напушти селото.Според порталот, тој последните часови се криел во пештера која се наоѓала на патот кон Чашка. Тој преноќил, се греел со оган, но имал недостаток на храна. Неодрлжливата ситуација го натерало да се предаде сам на полицијата, додаваат од Хроника.мк.
Филмско сценарио. Без трошка емпатија. Во пештера седел бе, до кога мислеше така. Ама од потсвеста не се бега во пештера.
Никој не може да земе возачка дозвола без да помине курс за прва помош. Курсеви за смбо се одржуваат и во фирми и претпријатија, не е дека е научна фантастика. И видеа на јутјуб да гледаш за реанимација на срце, ќе знаеш дека не можеш да притисниш желудник на градна коска. А и да притисниш ете во паника или од незнаење и да исповрати не значи дека повраќаниците ќе се вратат во душник. Во секој случај, масажа на срце се прави само ако срцето престанало да чука, а ко шо рече Мантуб, полошо од тоа, ништо не може да му биде. Така да, во не дај Боже ситуација и неправилна масажа на срце може да е подобра од никаква. Да не влечкам оф топик, многу сум изреволтирана од случајов. Можеби би можела да разберам сѐ, ама да удриш некој и да продолжиш да возиш ко ништо да не било, не можам. Картон на улица да го собериш, ќе застанеш да видиш шо е, а не пак дете.
OФ топик и од мене, се извинувам, ама корисен е муабетов. @нина122 како што ти рекоа, не за џабе се полага прва помош пред полагање за возачка, а и за повраќајнците што ги коментираш цело време, гледам немаш познавања, затоа се легнува на страна повредениот после понудена помош. Во кола ако немаш опрема за прва помош е казниво, исто без положена прва помош не можеш да станеш шофер, значи тоа постои со причина и дефинитивно е измислено за да ПРУЖИШ прва помош... И може паметно би било да си земеш часови прва помош, оти гледам немаш основни познавања и скроз погрешни мислења, би требало заради твое добро, да си одиш во црвен крст на часови и полагање. Што повеќе знаеме за овие работи, толку попразни би биле темиве за црна хроника.
https://centar.mk/blog/2022/12/22/j...nejzinata-obleka-horor-ja-potrese-makedonija/ Чим ми стигнат парите од МОН, идам на Битка, купувам нож и пепер спреј. Кој не го напраи тоа еве на. Очигледно треба правдата у наши раце да ја зееме. Греота девојчето..ќе си има трауми за цел живот ради некој болен психопат шо не знае за не. Ваквите заслужуваат да ги врзеш голи за кола, и по Партизанска да им ја дереш кожата, а на секои 500м солна киселина да им ставаш на раната. Да го боли, до степен шо и да сака да умре, телото од болка нема да може да се препушти.
Затоа треба да постои јавен и достапен регистер на силувачи. Еве и да го осудат, ќе искочи и пак ќе го направи истото. Ебате тоа смрадовите ебате, не знаат за зборот не. Како сме ние другиве девојки заштитени од овој? Како се девојките од Гевгелија безбедни кога во градот ваков им шета? Се надевам дека бар ќе го дознаеме кој е, да не смее да помисли да се припари до друга девојка.
никако.. дај стварно кај да се пише за тоа ја ќе пишам ако треба. Нека има на МВР како што ги има оние шо се трага по нив, или шо ги бараат со потерница јасно и гласно да се знае кое е ѓубре ѓубросано да биде обележан за цел живот, како шо жртвите ќе си го носат тоа за цел живот не знам како да ви доволам како ме вади од кожа ваква вест, ми буди такви психопатски мисли шо некад се прашувам дали сум нормална уопште органите со голи раце би им ги вадела бе ниикој не заслужува да биде силуван, малтретиран, да се чувствува загрозено толку ако му се ебело, а оваа неќе, нека си плати курва на крај краева, порничи има за безпари гнаса