не, обично до 18 идат у малолетничкиот у Охрид, и коа ќе навршат полнолетство, идат у затвор за возрасни. А дека може да и` се суди може, ја знам еден исто збрца еден и го лежеше у Охрид бидејќи немаше 18 иначе мене не ми е јасно шо е со луѓево? и ја сум и агресивна, и се карам, можам и да се фатам со некој, ама овие работи се вон мојот мозок стварно не ми се јасни
Кај албанците сеуште постои крвна освета така да не знам како ке заврши случајов со девојкава и убиеново дете.
па ако сме нормална држава, нејзе ќе ја стаат у затвор, нејзините под заштита пошо не е океј да се развлекува работата... шо се родителите криви шо е она удреница, не ја воспитале како шо треба, да, ама да удри некој по моите ради мене? ќе се обесам. затоа ја и коа се закачам со машки, размислувам за сите можни околности и гледам да не дое до мешање фамилии
Дека албанците се малку поконзервативни затоа така мислев, особено тие од пригратски села што се, самиот момент дека била девојката сама со машко во кола, е чуден бидејќи нели не им дозволуваат, и шамии носат, и со придружба одат сегде и се тоа..
нека кажат тетовчани нешто, може чуле кузнае шо е работава, или ко шо вика Џули, или стварно одлепило девојчено @CrazyGirl15 ? знаеш нешто?
Очигледно ништо не си видела… Така е тоа, се скарале па несакајќи го мавнала. Што знаат они што е љубов на 16 години?
Фрустрации? Пмс? Извини ама сосема нормално ти реплицирав, ти си таа што очигледно се исфрустрира од тоа што те цитирав и ти напишав мислење спротивно на твоето. Ако не ти се реплицира не враќај, форумов е за цитирање.
Враќаат на дете од фамилијата,не на родителите. За девојката и подобро да е во затвор. Иако и не знаеме што се случило. Можеби е самоодбрана. Знаат и да грабаат "девојка " ,ако им се бендиса и сакаат да ја имаат. Ова порано додека ќивев во ТЕ не беше реткост,во моја зграда имаше грабање,па викавме полиција,цела зграда на нозе. Ааа шамии ретко носат,а би рекла и доста се слободни и модерни. Можеби,ке видиме.Јас ко што слушнав имало и трето лице во близина како сведок.
Колата би требало да оди на вештачење, така ќе можат да увидат дали имало некаква тепачка внатре, исто освен ударите во глава дали има други повреди...Девојката би требало да ја каже причината за тоа што го сторила, освен ако не крие од срам. Треба да поразговара со психолог или психијатар за да проценат.
уште полошо... не знам до кога ќе тераат со такви работи. се праат религиозни, а убиваат недужни не е океј.. искрено смрди стварно работава а ако имало и трето лице, не се отидени на дејт овие, гарантирам, ама и да сакале да и` наштетат, тој третиот нема сигурно да стои и да гледа како оваа го убива. Еј Господе... а по 16, 17 години имаат ало треба лектири да читаат
Не реков зошто ме цитираш… само дека комплетно ја утна поентата на мојот муабет, и на место кај што немаше потреба, тераш инает… јас тебе не ти го оспорив муабетот, напротив се сложив со тоа што го кажа, само додадов мое мислење. Тебе нешто многу те погоди дека реков алкохоличари и наркомани се причина за многу од овие случаи. Зошто тебе те погоди дека ги ставив на тапет зависниците, ти си знаеш, не се мешам.
џаст ту сеј од мое лично искуство, ти држи муабетот вода за наркоманите и алкосите. Не би навлагала понатака, само со 2 раце потпишувам дека си у право. Пошо бар наркоманите, со тек на време губат осет со реалноста, не расудуваат добро, немаат емоции, не размислуваат за никој освен за себеси. толку од мене, неќам повеќе да пишувам пошо не знам кој се` чита овде. ама верувајте ми, не и` го сфаќајте на заебанција муабетов.
Тоа ми е муабетот. Не зборам за психопати и педофили, нив не им треба супстанца. Ама млади по 18-19 години ќе се издрогираат ќе се испијанат и се дешаваат непромислени работи. Ако биле трезни немало да ги има во црна хроника може пола од овие случаи ќе биле одбегнати. Премногу е достапна дрогата, премногу се користи, за жал… а млади мозоци кои се во развој, ги упропастува за на век. Кога тогаш трајно се губи осет за реалноста, што е правилно а што не е, што може да има последица. Знам што зборувам, имам примери и во семејството и во околината за жал.
епа на сите се` им е достапно, а таму во Западна Македонија уште повеќе пошо се` влага од таму.. имаат да бираат, и по поевтини цени.. и посегнуваат по глупости
Див запад станавме. Нема ден да помине без убиство, сообраќајка, силување.. Не знам дали има веќе поголемо дно од дното на коешто сме. Трули, гневни, без емоции, без рационалност. Себични и одвратни.