Седење ништо не решава. Власт не се плаши од 20 или од 100 души на улица, ама се плаши од илјадници излезени. Не само протести, туку и употреба на медиумите, иницијативи, петиции. Но, протести во масовна бројка се најпотребни. Вршење притисок. Оние да немаат раат.
се надевам дека некогаш некому ќе му текне дека уличните кучиња се навистина проблем и дека ќе се пристапи кон решавање на тој проблем.
Се согласувам. Еден од начините за решавање е одговорно сопственишто за што кај нас и законсе донесе, ама за кого. Никој не може да им објасни на мамичките дека кученцата не се играчка за децата и малиот сакал му купивме едно нека се занимава, па после три месеци го неќе веќе ќе го фрлиме надвор од градот...
реков дека ќе ме нема едно време на форумов ама морав ова.... https://netpress.com.mk/zaprepastuv...otiv-5-lica-koi-siluvaa-11-godishno-devo-che/ дали се нормални? овие се бетер од нас бе. Неандерталци. Дали се сериозни со одлукава? ПЕТОРИЦА говеда, силувале ДЕТЕ. ДЕТЕ од 11 години. И тоа е за ОТФРЛАЊЕ? абе тоа е да ги обесиш на плоштад и наопачки да висат како пример за другите бе. Не е да го отфрлиш актот како да не се криви за ништо неам коментар. Чао од мене се гледаме за неколку дена.
https://360stepeni.mk/sheesetgodish...-ja-pretepal-i-ja-drzhel-zakluchena-tsel-den/ Или некој колективно не урочил или сме нација за посматрање
Дефинитивно сме за посматрање, се гледа и по коментариве. https://www.facebook.com/1000348475...LqFRCc9Gx4puucnMKxl/?sfnsn=mo&mibextid=VhDh1V Жената била крива што отишла на кафе, си го барала. Оти ако отидеш со некој кафе да пиеш не значи дека сакаш кафе да пиеш и да помуабетиш туку задни намери имаш и си бараш нешто друго. Значи, можат слободно да не' уништат, пропаднавме во секоја смисла.
So mozoci se toa be 14 godisno dusa mila koi traumi ke gi ima.... ne 8 nego 80 god i da im se sece mocaloto
Не ми е јасно нешто, пишува во текстот оставрило комуникација 14 год.девојче со 25 год маж со цел остварување на љубовна врска???
Да, комуницирале на инстаграм, дете е, ја има заведено, тоа што денес премногу им е достапно се е лошо, но и родителите не можат 24/7 да ги надгледуваат, сепак такво време дојде ризично. Секој ден оди се кон полошо и полошо
Ова не ме изненадува воопшто лично познавам девојка додуша беше нешто постара 19 години истото ова и го правеше дечко нејзин бивши со негови другари ја уценуваше дека ќе ја остави ако не дозволи групен секс па така со години ја искористуваја сексуално, снимаа експлицитни видеа дури и одкако и раскина дечкото продолжија другари негови дa ја злоупотребуваат као демек ќе ја смират пак со него со години ја злоставуваја. Девојчето попушти психички и стигна до психијатрија и лежеше неколку месеци на болница во колку лоша состојба беше. Ваквите случаеви се секојдневие за жал и многу ги има што остануваат неоткриени не е ова ништо ново
Смртна Казна, нив ќе им поминат неколку години во затвор, а девојчето траумите ќе си ги носи со себе цел живот. И зошто не ги објават идентитетите на сторителите, зошто упорно само иницијали, не туку објави ги да прснат од срам и тие и семејството нивно… Жално