Ако некој одлучи да те уценува, и на 30 и на 40 и на 50 ќе го направи тоа и ќе бидеш беспомошна...ти ја сфаќам поентата ама ова нема ограничување во години, жртва може да биде и дете, може и стар човек. Стварно е запрепастувачки што треба да објаснуваме дека не може да е криво детето што излегло со 10+ постар грумер силувач криминалец.
Не барам никакво оправдување, ги осудив тие што ја силувале. Читај подобро следен пат. Па не е исто да се впуштиш во сексуални односи и врски на 14 и на 18, де кажи ми ја разликата или нема разлика исто е. Па сигурно родителиве ја воспитувале што треба а што не треба да прави, мислам дај не претерувајте, не знаела. Влезете во темине за љубовни проблеми и ќе видите деца од 15 години што пишуваат.
Јас сум згрозена со тоа што тие ја уценувале а потоа ја силувале. Кажав дека тој потег не е нормален. Денес децата многу добро знаат што е добро а што лошо. Многу понапредни се за разлика од постарите генерации. Можеби родителите потфрлиле тука. Сепак има секакви родители. Не го кривам девојчето, туку пред се тие монструми а потоа родителите. Едит: Девојчето ако било уценувано со тие снимки, можела прво на родителите да каже за да не дојде до ова денес што дошло. Јас не знам на денешнава младина што им се случува.
Потполно се согласувам и за двете реченици со тебе, особено со вторава. Најлошото е што жени имаат такви мислења
А кој рече дека нема разлика? Само доста глумете светици на грб на жртви. Мора, значи мора на вакви теми да се пофалите оти вие сте подобри и дека вас нема никогаш да ви се деси нешто такво. Ако не ме сфати, еве ќе ти објаснам пак- и на 18, кога веќе можеш да дадеш консент за секс, ти пак можеш да бидеш излажана и изманипулирана. Значи доаѓаме до заклучок дека каква и да си, никогаш не можеш 100% да се заштитиш од вакви работи и затоа не треба во жртвите да ја гледаш вината.
Не глумиме ни светици, далеку сме од тоа. Еве ти стави се на место на девојчето, некој ако ти пишел да излезете и да бидете во врска ќе го прифатиш тоа иако знаеш дека е 10+ постар од тебе?
И тебе сигурно те воспитувале дека жртви не треба да се обвинуваат и дека педофилија е лоша, ама еве не...тука сме. Баш ме интересира, објасни ми го твојот мисловен процес. Како се случува тој феномен? Читаш ваква вест и првата реакција не ти е да се згадиш од дебиливе, туку да си речеш шо мајка барало 14 годишно дете со тие? Ме фасцинира како твојот мозок и морален кодекс инстинктивно е слеп на злоупотребувачите и прва мисла е да проба да најде вина во жртвата. Треба да се проучувате вие ваквите.
Што те чуди, ако се зачиташ на интернет и за Епстин ќе најдеш оправдување, па не за тинејџерка во Македонија, каде што одма ќе се појават со истите теткински муабети аууу срамота секс имала. Друго сакав да кажам, многу често вие кои што викате "јас на 14 вака и вака" сте ја имале таа среќа да ви укаже некој на можните ризици, да растете во колку толку нормална средина, да бидете воспитувани дека постојат луѓе надвор кои може да ве искористат и слично. Размислете дека не секој ја имал таа среќа, голем дел од злоупотребените девојчиња и момчиња често доаѓаат од дисфункционални семејства, или едноставно ја немале таа среќа да се воспитувани на тој начин. Некогаш не знаеме дека лесно е да судиш од позиција на комфор. А некогаш, децата едноставно не знаат за подобро.
Тука никој не го осуди девојчето, јас кажав прво за монструмите тоа што го направиле а потоа и за родителите. Дека родителите се виновни што и не укажале што е правилно а што лошо. Жртва на силување никогаш нема да биде виновна ниту пак некој тоа го пиша на темава. Само малку сте контрадикторни со тоа што го пишувате тука, а во тематс за љубовни проблеми, сексуални односи па дури и бременост сосема нешто трето се советува.
на мои 14 години ( сум била 8мо одд) се движев околу маало и до 8 си бев дома. Не дека некоја строгост се имало ама сама си мислев дека доста ми е, па да се одморам и да си легнам. Заизлагав на кафиња во кафич на околу 15г а за викенди на 16 . И точно мене секогаш ме чекале будни а и знаеле со кого одам и каде. Ама од друга страна тогаш побезбедно време беше, ова сега хаос е. Јас како родител искрено се мислам што ќе се случи со моево кога ќе му дојде време за излагање. Да е до мене не би го пуштала нека си седи дома (ама и тоа не бива) разгледувајќи ги случуваеава се си мислам дека до општеството е а не до воспитанието. Еден да е "јак мачо мен" уште 10 ќе убеди дека таа треба и дека тоа е во ред, да си фраер. Ретко кој не паѓа на такви замки.
Ова е очигледна лага. Ја осуди овде, инаку зошто би било битно ова? Ја осуди овде. Вината ја префрлаш на неа, шо 14 годишно дете не размислувало зрело...шокантно откритие стварно. Дека децата размислуваат наивно. И особено ја осуди тука. Пак на неа ја ставаш вината. Ако таа кажела, немало да ја силуваат. Експлицитно не, ама буквално цело време тоа инсинуирате некои.
Кажи ми како би постапила, некој 10+ од тебе постар да ти пишува и да ти ветува врска, да те бара да се видите. Дали би излегла? Мешате поими, треба да спречиш за да не лечиш. Не рековме никој дека си го барала, ако и е, итн. Рековме дека не се верува на човек постар од тебе што сака врска и тоа ни повеќе ни помалку малолетничка. Па и птиците на гранки веќе знаат за што те бара. Тука девојчиња го читаат форумов, и прво нешто што ќе им падне во очи ќе биде - и да излезам, ако ми се случи нешто ќе пријавам и ќе ги казнат сторителите. Не е во ред такво размислување, треба да се запрашате со кој и каде ќе излезете. А сторителите господ ќе ги казни ако не полиција и судство. И јас кога бев тинејџерка ми пишувале манијаци и неандерталци по 25-30 години, ме убедувале да бидеме заедно, дека сега секој тоа го прави, па зошто и ние како пар не би го направиле тоа. И не, не сум кажала на никој, сама сум се преиспитала дали е тоа правилно ако го направам малолетна. Не ги затварајте очите, денешните деца се впуштаат во врски и сексуални односи на 15 години. Тука се само и само родителите криви, што не им обрнале внимание, распуштени се до немај каде.
Значи се согласуваш. Повеќето девојчиња дека би излегле. Сепак се обични 14 годишни девојчиња, не може сите да се супериорни, социјално изолирани 14 годишни шо си играат со кукли, јбг. Ајде, ваљда не го знаеш значењето на зборовите експлицитно и инсинуирање, верувам особено на вториот. Еве, доврши ја мислата. Пиши до крај шо мислиш. Птиците знаат. Таа излегла. И? Ајде, што е следно? Што ќе кажеш на тоа?
Па се е извртено веќе, порано играњето со кукли, денес е смешно, еве како ти што се потсмеваш. Да сите деца би требало да играат со кукли на 14 години, а не да имаат инстаграм и фејсбук. За што би те барал некој 10 години постар од тебе да излезете, на кино филм да гледате?
И дете и возрасен се подложни на манипулации.Детето повеќе. Како што велиш и ти, до родителите е.Не можеш ништо да свалиш на дете. Ти си знаела да не паѓаш на тоа оти твоите се интересирале, те поучиле да внимаваш.Ама... Ти кажаа погоре, не секој има среќа да има родители кои водат сметка.
ако имам дечко на 14-15 год треба и да имам секс со него?? Еве првиот дечко ми беше на 15 год бевме во врска една година се допишувавме и преку тие социјални мрежи па ни ме принудил на секс ни се обидел да ме силува.
Го пишуваш ова: После во следниот ред го пишуваш ова: Класичен виктим блејминг. Што е виктим блејминг? Не знаела ли во што се впушта? Родителите не ја воспитале да не излегува со машки? Не ги оправдувам силувачите, АМА.... На 14 години јас со барбики играв и не мислев на дечковци Сите треба да знаат да се одбранат, зошто не се одбранила? Зошто не кажала, зошто молчела? Секое свртување на внимание на жртвата и барање удел на жртвата во делото е автоматско оправдување на сторителот. Апсолутно никако не може да е битно дали девојчето од 14 години сакала да излезе за да најде дечко, дали била наивна, дали била љубопитна, дали сакала да има секс - бидејќи секоја одговорност паѓа на сторителот кој ја завел со однапред замислена цел. Сексуални вознемирувања, силувања, продажба на девојки и жени се случуваат секојдневно и покрај преземање на сите дејства на претпазливост кои обожавате да ги користите како аргумент, а во вашата глава се начин за да се "избегне" силување. Затоа и ви паѓаат во вода. Потсвесно или подобро кажано - свесно ги оправдувате силувачите. Ич не ми е гајле дали ќе ве навредам, ама од вакви како вас се молчи и од вакви како вас сторителите си земаат за право да си ги оправдаат дејствата. Преиспитајте се малку подлабоко и научете што е силување и груминг зашто не ви е јасно.