Се снимаат за тик ток, прават предизвици кои што ги има на тик ток. Штета за толку млад изгубен живот, претходно имаше пак случај каде девојче се здоби со изгореници снимајќи за на тик ток над воз. Зачестена појава стана
Минатата година така едно девојче другарките ја снимаа за Тик Ток се качила на покрив на Бит Пазар и како почна да оди да врцка им падна во тезги цела беше скршена.
леле... Не знам што да речам за денешнава младина. Лани ист во Скопје имаше случај,мислам дека легнуваат на асфалт кога треба да помине камион или автобус (така нешто беше)
9 месечно бебе се бори за живот на детска клиника потврдена туберколоза. Бебето било запоставено, неухрането и дехидрирано тежело само 3 килограми. Родителите не давале точни информации во врска со детето и лажеле. Мајката има потврдена туберколоза не се знае за таткото. Имале уште 3 или 4 деца. Не можам да верувам какви гнаси од луѓе постојат да си го доведеш детето во таква состојба, не знам што чека социјалното и мвр во случајов на такви идиоти би им ги одземала децата, а нив ако се болни би ги остсвила исто како што си го оставиле сопственото дете во таква ситуација.
Македонија и грижа за запоставени/тепани деца не иде едно со друго. Се знае тука - јас те родив, јас ќе те убијам. Инаку полани вака едно им донесоа дете со мала тежина и изгладнето и дехидрирано ама со корона и почина. Ај погоди како се заврши случајот. Тука исто од туберкулозата е само.
Почина бебето болно од туберколоза, а цср не гледаат пропуст кај родителите .Како може да чекаш детето да е пред смртна постела,за да го носиш во болница.Таму лажеш дека дома си се породила,и ја криеш твојата болест.Во исто време и другите деца од семејството се заразуваат.Тука ќе престанам да пишувам оти сум бесна,и можам да навредам некој. Почивај во мир бебенце.
Мене не ми е јасно како жена која родила повеќе деца може да не знае дека нешто не е во ред со детето ако не качува на тежина.. Значи бебе од 9 месеци, треба најмалку 9-10 кг да има, а и колку што разбрав не се работи за семејството од социјален ризик, таткото бил вработен, и го слушав таткото пред некој ден на телевизија некоја беше се жалеше, децата не му ги примале во школо додека не добијат тест дека се негативни од Туберколоза.
Жално за бебенцето душиче, а од другово ич не ме чуди што социјалното нема да превземе ништо. Тие ги имаме само колку да се рече, плата земаат за џабе.
Луѓево ја криват вакцината , а не сфаќат дека ако веќе било болно од тоа,а му ја ставиле,се направило мнолгу полошо.Исто така вакцина за туберколоза може да не "фане" па да мора пак да се вакцинира дете..(како кај син ми што не фанала од пораѓај )
Целото семејство на осумесечното бебе од Куманово се инфицирани со туберкулоза, Центарот за социјални работи Куманово на терен Семејството на осуммесечното дете од Куманово примени на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести Скопје не е корисник на социјална парична помош, ниту на друго право, информираа денеска од Центарот за социјални работи Куманово. Од Центарот велат дека веднаш по добиено известување од страна ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести Скопје за малолетно дете на осуммесечна возраст кое во тешка општа состојба било примено на Клиниката, веднаш презема активности за утврдување на фактичката состојба на семејството Демири. -Семејството Демири не се евидентира во ЈУМЦСР Куманово како корисник на ниту едно право ниту пак досега имаме добиено какво било известување од страна на други институции за потреба од давање на некаква услуга. Таткото е вработен во јавно претпријатие, додека мајката е корисник на додаток за трето дете кое го користи во ЦСР Скопје – Шуто Оризари, соопштија од Центарот. Според податоците на Центарот по извршените проверки, соопшти денеска директорката на Центарот, Александра Арсовска, станува збор за шестчлено семејство, две деца се на училишна возраст и се редовни ученици во основно училиште во Куманово, третото дете е на предучилишна возраст додека новороденото четврто дете кое е предмет на известувањето е четврто по ред родено дете со уредна контролирана бременост, со предвремено породување и родилна тежина од 1740 грама, истото на 20.10.2022 г. има примено БСГ вакцина. Стручен тим од ЦСР Куманово направи увид во домот на семејството при што е констатирано дека семејството живее во еднокатна куќа комплетно опремена со целиот потребен инвентар, со високо запазени хигиенски услови. Телефонски е направен разговор со стручните служби од училиштето од каде досега немаат индиции за занемарување на децата коишто се редовни ученици. Таткото беше повикан на разговор и даде своја изјава дека освен што е во редовен работен однос исто така работи и прекувремено за да со дополнителна работа обезбеди повеќе материјални средства за семејството, а сопругата е невработена и се грижи за децата и домашните обврски, изјави Арсовска. Во однос на здравствената состојба тој кажал дека во скоро време бил на систематски преглед и кај него не е утврдено никакво заболување, а исто така и сите деца се во добра општа здравствена состојба, но по констатирањето на присуство на ТБЦ кај неговата сопруга и кај новороденото дете тој ги однел сите три деца на тестирање од ТБЦ, резултатите сè уште не се добиени. Во момент децата не посетуваат училиште, а родителот принудно зел годишен одмор за да може да се грижи за децата и домот во услови кога сопругата се наоѓа на лекување во Скопје а новороденчето на интензивна нега. -ЈУМЦСР Куманово односно стручните служби продолжуваат со следење на севкупната состојба и помош и поддршка на семејството кое по направената виктимизација сега има проблем да се интегрира во средината односно децата да се вратат во училиште и да бидат прифатени, а тој по завршеното лекување на сопругата да се врати на работните обврски за да обезбедува материјални средства за егзистенција на семејството, вели Арсовска. Од ЈЗУ Институт Козле информираат дека првичните тестирања покажале дека и останатите 4-ца членови на семејството се инфицирани од туберкулоза, но тоа не значи дека се болни и тие се во добра здравствена состојба . „Овој позитивен тест не значи дека се болни, значи дека се инфицирани, а понатаму од останатите анализи зависи дали овие деца ќе бидат ставени на заштитна терапија за да не развијат активна болест или ќе ги лекуваме како болест на тубрколоза“,појаснува раководителката на Одделот за туберкулоза во ЈЗУ Институт Козле, д-р Катерина Бошковска. По позитивните наоди хоспитализирани се и останатите 4-ца членови на ова семејство кои ќе бидат подложени на понатамошни испитувања.
Бебето 3 кг на 9 месеци е сериозна индикација дека нешто не е во ред. Не ми е јасно како е направен ваков пропуст. Има редовни систематски прегледи за новороденчиња и деца, зарем родителите не го носеле на истиве. Ако мајката се лекувала од тбц месеци уназад, зошто и децата не се навремено тестирани и носени на редовни прегледи? Каква трагедија, многу, многу жално.
Добро, а има некоја претпоставка како се заразиле? Греота за бебето... Многу ми е чудна целата ситуација.. 3кг на 9 месеци е многу малце дури и за предвремено родено.
Да, дури и патронажни сестри ги посетуваат освен ако е родено дома и не бил изваден извод, како така да разбрав дека сега извадиле, не ми штима ситуацијата баш...
Ахх па доаѓаат дома патронажни, се најавуваат предходно ама не е тоа задолжително по секоја цена да мора дома да ти дојде, лесно телефонски можеш да ги откачиш. Во мојот случај после некои 6-7месеци ми се јавија, што ќе ми се, потребни ми беа во првите денови/недели. Абе кај нас се е башибузук народски кажано
Смрди случајов ,корне. Ако го носела детето некогаш ( а сигурно дека не ) на вакцини или кај матичен,стручните лица ќе виделе дека не е се во ред.Дете со туберколоза не може да диши бе,кашла итн. Најверојатно ЦСР лаже ,суши,поради тоа што никогаш не се на терен.
Како се што се заташкува во оваа усрана држава така и ова. Очигледно детето е запоставено и навреме не е однесено на лекување, кутрото почина. Ако го носеле на редовни лекарски прегледи, а тие за предвреме родени деца се почести одколку за навреме родени ќе увиделе дека детето е болно. Не е нормално дете на 9 месеци да има 3 кг, безразлика што е предвреме родено. Заташкуваат зошто не сакаат да признаат дека ништо не работат за ништо не ги бива и им е гајле за децата и луѓето на кој треба да им помагаат.
Таа тежина е мала и за предвреме родено. Плус, не било носено на прегледи. Ако при ова ЦСР не гледа кривица во родителите, дно се.
Што е со убиството во Скопје во чаршија? https://lm.facebook.com/l.php?u=htt...K0lgJ4jHGM1YYrIaS8h3azp8v6wZ8tFsQHL6vLvuotvCd