Па не ги терал со сила да се дрогираат ,сами си го одбрале тој живот. Ако гледаме така и алкохолот уништува многу животи па легално си се продава во продавници. Кој е крив за тоа?
Да не генерализираме сега, во случајот се работи за криминалци кој што очигледно и се познати на цела држава што и како работат..
Zdr kako sto slusnav dokolkuu ne e , lazna vesta deka telefonite bile vo kolataaa, dur ja zapalile i deka po toa mozno e da pronajdat, koi se izvrsitelite..
Или е само слепа улица и купување време. На таква професионална организација не верувам дека би ги заборавиле телефоните внатре.
Ќе најдат ако сакаат, од улични камери можат да најдат кој се, во кое возило се префрлиле, како ја продолжиле рутата и со која кола.. Во времето кога ја напуштиле колата и се префрлиле во друга кола, можат да најдат преку сателитски записи од кој телефон, која мрежа, кој број го имале на телефонот, па и според податоците од граничен премин, можат да најдат кој ја поминал границата со Косово во периодот после настанот, и по пат на елиминација да дојдат до убијците.. Имаш 1000 начини, ама кај нас ова се луѓе од подземјето исповрзани со власта.. Механизми има, начини има, ама нема да најдат, затоа што сме банана држава во која што криминалци се ставени да гонат за криминал..
Пошо шо има врска Ја од 16-17 години имам идено во Албум Шиш, во средно во Аустриан Палас и Хурем спиев. Никогаш ништо немало. Памтиш на Рузвелтова кога имаше ГТА шутинг? Пред Галери? Па навечер е фул. Сфаќам шо е поентата, таму е ПОнебезбедно, да, ама нигде не е безбедно више. скрозз Егзакли.
За донирањево е точно и океј дека е со нечисти пари ама на крајот од денот, тие луѓе имале каде да преспијат и верувам дека тоа им било единствено битно. Инаку не лани, пред три или четири години беше тоа што ти го кажале, престрелката кај Палас и повеќето што беа пукани тогаш, сега веќе се убиени. Тоа се знае, сите тие имаат рок на траење, само прашање на време е кога ќе се случи.
https://dailyzonews.com/prof-achkos...otruen-od-droga-stavena-vo-pijalok-vo-kafich/ Што е ова луѓе? Колку небезбедна држава сме станале ау
Во коментари пишува дека уште неколку други биле отруени. Ништо нема на вести кажано. Страшно. Што е ова што секојдневно се случува не ми е јасно. Одиш во кафиќ, се враќаш дома во сандак. Језиво е колку не сме безбедни.
Во нашата држава не постои истражувачко новинарство! Доказ е и самата статија, заснована исклучиво врз информации изнесени од објава на ФБ од извезна Виолета Ачкоска, толку. Сигурен сум, барем малку да се потрудат, ќе стигнат до повеќе информации, бидејќи вака само се отвара простор за шпекулации. Од друга страна, г-ѓава Ачкоска во својата објава на ФБ, зборува за ТРИ различни ситуации(проблеми), од кои само последната им е широко позната на јавноста. Кога веќе одлучила нешто да сподели шо е ново и непознато, не разбирам зошто тоа не го прави подетално? Ваквите објави, единствено шо поттикнуваат се рекла-казала муабети и голема слобода на толкување на ситуацијата.
Како тоа има повеќе отруени луѓе, а никој не пријавил во полиција, не викнале брза помош па тие да претпостават можно труење, не побарале аутопсии....? Ќе се дознаеше веднаш и многу повеќе луѓе ќе знаеја, вака муабетов рекла казала, ѝ кажале децата на погребот па напишала статус, а сите други кријат. Мхм, чудно малку.
Не знам, мене ми е сомнително ова. Некако не верувам дека намерно ги отруле со дрога во кафиќ во пијалок. Повеќе верувам дека децава од збеслук пробале што не треба.
Ова можи да е точно колку она турваат дроги во пијачките низ кафичи. А професоркава доколку не тера политика и со ова како што обично прави, би требало надлежните органи да ја викнат во обвинителство и да ги докаже тврдењава или ако лаже да си сноси одговорност.
Можеби не ни знаеле дека нешто имало ставено во пијачката?! Имам инфо од лице кое има посетувано обука и ми рече дека не можеш ни да бидеш свесен кога некој ќе ти подметне нешто. Пиеш пример вино или нешто сл. и чувствуваш еуфорија, но не е од виното. Следниот пат пак сакаш да пробаш и ќе го барааш тоа истото. Малку треба, а не си ни свесен дека си станал зависен. Колачиња, мастики, бонбони-се тоа има. Младината треба да внимава во што се впушта.
@cresa-jagoda Зарем толку никој нема од тоа училиште, други родители, познаници, да излезе со некоја изјава? Навистина жално и за децата и никој ништо да не објави. Колку што видов и линкот веќе не се отвара што беше тука постиран.
Знам,ама ова е толку старо од наше време имаше дека ставаат дрога во пијалокот. Мислам дека треба да излезе во јавност се околу овој случај бидејки вака поголем страв и паника се ствара. Особено за родители кои имаат деца средношколци. Дали децата биле конзументи на дрога или се намерно дрогирани од други лица.