Неколку млади луѓе починале наеднаш под мистериозни околности и никаква вест, истрага, само фејсбук коментар? Никој не пријавил? Кај нас сѐ се дознава, дали се решава е друга приказна ама дека вакво нешто успеало да остане скриено а само овие под објавава знаат, баш неверојатно. Ако веќе зборуваат некаква вистина, зошто толку завиено зборат и кажуваат две-три работи само? Која е поентата вака колку да се спомне нешто ама да не се докаже и да се остави простор за сомнеж?
Во статусов од Виолета пишува подметната дрога во пијалок во кафич, додека во еден од коментарите се споменува некоја рејв забава како локација на немилиот настан… Реков јас, расипан телефон. Инаку, не сакам ни да помислам дека за фентанил се работи.
Некаде прочитав и коментар од мајката на детето. Доколку имало и други деца тогаш каде се родителите? Не е нешто шо можи туку така да се премолчи, ќе знае некој дека починале. Ако не грешам обдукција се прави за секоја ненадејна смрт посебно на млади луѓе, па би требало да имаат информации за што се работи. Постои ли случајот, подметната или доброволно зеле, која е вистината, којзнае.
Јас пак не сретнав коментар од директен извор. На споделениот статус од друга личност, се демантира дека не се работи за неколку(четири), туку само една жртва.
@Munchmallow20 Читав дека се смета за 50 помоќен од хероинот и е сличен на морфиумот, но 100 пати посилен.
Тука има коментар. https://m.facebook.com/story.php?st...7rTDijZetl&id=100064143692763&mibextid=Nif5oz
Барав по нет и твитер и како што разбрав, некој дечко, матурант, се фрлил од 5ти кат. Сега се вртат муабети дека му е подметната дрога во пијачка https://twitter.com/drakulka143/status/1635693344339767313?t=sMkvF1jqUjftE4_0mJbZ_w&s=19
Се користи при анестезија како аналгетик, арно ама во Америка хара и станува доминантна причина за смрт кај младата популација поврзана со земање дрога. Бидејќи цената на производство му е пониска и е ултра потентен, го мешаат со речиси се и сешто, а притоа тој шо го зема не знае дека го зема, т.е. мисли дека зема друг наркотик. Една минијатурна трошка од фентанилот е смртоносна, но мислам и се надевам дека кај нас се уште го нема вака.
На профилот видов и изразуваат сочувство, што значи сепак ја зборува вистината. Жално за момчето. Но, навистина не знам што нема никаде конкретна вест за ова. Премногу ми е се чудно.
Неам коментар. Вие шо мислите дека не е можно ова. Мило ми е шо живеете у ,,тој” свет и мислите дека не се праат вакви работи. Ама за ваше добро е да се свестите дека се дешава. Јас знам многу примери кај што на деца (поготово деца што никогаш не се дрогирале), им била подметната дрога. И самиот ,,трип” не им бил воопшто убав. Јас сеа коа прочитав прво ми текна на ацид. Гледам прво за нешто што полесно се наоѓа и што можеш да го добиеш. Мада самото тоа шо им текнало ова да го направат, значи дела не се наивни, така да може имаат пристап и до други работи. Јас би ги задавила со голи раце. Кои се тие таму некои мочковци, да дрогираат некого бе? Која е потребата? Мислат дека е смешно и интересно? дрога не е за секој. Значи аман разберете. Некои сами коа зиамат своеволно, лошо завршуваат, не па подменато. Нивното тело и мозок нема добро да ја прифатат дрогата и може да се случи СЕШТО. Нема играчки. Не е витамин Ц ова. Стока ненормална. Место да одат во школо да се дружат, идат да се трујат и дрогираат. Поготово што имам завршено во Георги, и ова ме запрепасти. Сум имала и јас секакви во генерација, ама ова не се десило. Ама криви сте вие родителите, шо ги распуштате децата уште коа ќе станат тинејџери. Сто пати го иам верглано ова, и ќе ви го верглам дур не ви ја дупнам главата. Од 2002 натака да запознаете деца. И од пред 2002, ДВА РАЗЛИЧНИ СВЕТА. А јас бев во Георги пред година дена, си зборев со некои професорки. Вика едната ,,влагам јас во училна, едно девојче кренала нозете на маса, ја влагам и не ѝ текнува да ги спушти, дур не ја опоменав”. Да кренам нозе на маса? Не сме смееле бе. Влага професорка во училна, штама бе. Ако влезеш после професор, ич не влагај, еднаш иам стоено пола час на нозе пошто каснев, и следниот пат не ми текна да влезам после професорката. Сум се научила цигара за 1минута да испушам, а да не закаснам. Пред некој ден во автобус, средношколец бутна бремена жена за да седне он. Ало бре? Жената скоро стомакот до заби, овој ја бутка, изгледа забораваат дека внатре има БЕБЕ. Ми дојде да го фатам за јакна и низ врата. Дегенерици. Ќе видиме уште што следи… тек почнува. Ужасни генерации, ужасс Да можам на сите би им се дерела.
Каков е тој малолетнички затвор од 10 години, после 1 година ќе наполни 18 и ќе си оди во регуларен затвор како и сите полнолетни лица.
Сестра ми заврши во Георги пред 20-тина години, и во генерација им умре дете од дрога, предозирање. Јас завршив во Георги пред 10тина години, и доѓаа надувани на часови редовно. Ова не е ништо ново. Не сакам да шпекулирам во однос на тоа што се случило, ама жално за младиот згаснат живот.
Се согласувам со поголемиот дел од напишаното, но ако зборуваме за нешто подметнато, тогаш вината за жал не е кај жртвата. Ниту кај родителите.
И моја генерација сме иделе надувани. не е исто. Да не праиме такви паралели. Башка едно е сам коа ќе се доведеш во такво стање, друго е кога некоја стока невоспитана ќе те доведе во тоа стање. Како не е кај родителите? Не нѐ учеле дома да не правиме некому нешто шо неќеме да ни го прават? Или дека некои работи не се убави? Добро и мене не ми викале ,,не дрогирај некого” пошто знаат дека тоа се веќе екстремни работи. Ама прво нешо шо ме научиле е ,,не прави нешто шо неќеш да ти го направат” Плус домашното воспитување има голем удел во рационализацијата на децата. И во школо има воспитни сегменти, ама најголем дел е на родителите. Поготово кај малолетници. Јас кога сум се тепала, ми урлале дома, не па вакво нешто да направам некому, забите со метла ќе си ги собирам.
Греота за детето, млади животи згаснуваат. Но, да не се крева паника, најверојатно и не станува збор за “подметнување”. Ај на женско, ќе разбереш. Најверојатно и останатите децата така изјавиле за да се сокријат. Како и да е, жално многу..
Да, гледано пошироко на целата ситуација дефинитивно имаат вина. Мислев алудираш конкретно на родителите на момчето. Факт е дека губиме се повеќе од одговорноста кон другите, а тоа се должи најмногу на последиците кои се спроведуваат ретко или никако