е па нека си одговара кривично и нека леже затвор тоа е исто ко професионален војник да не знае пушка да држе или муниција како се месте или професионален шофер да не знае да паркира на рампа ај тука ке заебиш пушка или гума ке скиниш а во овој случај со човечки живот си играш Ја незнам како спие мирно навечер нели му тежи на совеста дека ја умрел жената
шо се чудиш кој ке раѓа таму? ете ти сега читав пост од членка која прашува за санте шо цена е пораѓајот
Што тој од Гевгелија? И на двајцата анестезиолози од Гевгелија им се одземени лиценците. Едниот брзо по случајот изврши самоубиство, другиот е дома, суспендиран е . Да не испадне дека го жалам или боже мили оправдувам,далеку од тоа, ама тоа неговото па и не може да се нарече живот веќе. Пропаднат е скроз, т.е алкохоличар е. Ама затоа па гинекологот не го чепкаат. Си жнее по Струмица
Со здравје да си го носат Санте и арам да им е секоја пара што ја зеле од сите нивни пациенти. Упорно сеуште постираат слики, што филмови ејјј...
Да , ама заедно со гинекологот. Мада што овој живиов и нема баш толку огромна кривица. Го викнале на испомош од кога веќе родилката за жал била веќе " средена" . Во секој случај, само за жената која замина е греота. За никој друг. Зборот ми беше дека тој случај не е баш така заташкан и без ниту една одземена лиценца и дозвола за работа
Некаде прочиѕав дека вториот анестезиолог го викнале откако настанал проблемот. Не е суспендоран, ни избркан бидејќи постапил човечки- да помогне https://www.slobodenpecat.mk/vesti/...a-tubus-kaj-rodilkata-bil-pogreshno-postaven/
Со кој мозок и одговорност тогаш менаџментот на Санте платил на анестезиолог почетник со 1год.стаж сам да работи? Во тој случај вториов нема одговорност и човечно е што притрчал да услужи. Паника го фатило првиов инаку со трахиостома ќе преживеела,штом не било анафилакса ко што трубеа да заташкаат.
сигурно стари слики пуштат. прашање на време беше кога ќе заврши некоја фатално таму. мене мрдната ме правеа кога брблав да не се оди таму. што е најтрагично и да не се затвори и тој анестезиологот да работи таму - пак има нездрави што би родиле во санте. искрена ќе бидам ко секогаш. да треба да раѓам во санте, да немам избор, дома во када ќе го родам.
Се потресов од ова што го прочитав. И мене на пораѓај ме интубираа, ми нашле многу вода во абдомен и морале да ме чистат, а тоа бара време, јас под анестезија и ме интубирале во случај да дојде до компликација.
Вистински лекар не е оној кој прави операција, туку оној кој знае што треба да се прави кога ќе настане компликација. И уште полошо ќе биде во недостиг на стручен кадар.
Да почини родилка од не знам какви компликации, жал ќе ти е, ама ќе се утешиш некако. Но, ова е неутешително. Да почине од лекарска грешка, и тоа од најпроста рутинска постапка, е навистина многу, ама многу жално. И бебенцето ќе си остане без мајка, а таткото сам со тоа бебе. И жал ми е за родилките кои гледаат вакви случки и живеат во страв во оваа држава со вакво здравство.