Го стави некој линков погоре. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...v-za-pochinatoto-bebe-vo-bitolskata-bolnitsa/ Дошла сабајлето, и дале терапија (?) и ја пратиле дома. Се вратила попладне (12.30? 14?) во 15.00 била породена. Шо терапија се дава сабајле, за поручек да се породиш? Административна грешка. Шио ми га џуро.
https://skopje24.mk/brojni-nedoslednosti-objaven-izvestajot-za-smrtta-na/ Некаде прочитав дека ѝ дале инфузија и тродол https://kanal5.com.mk/dszi-kje-se-utvrduva-dali-trodolot-bil-edna-od-prichinite-za-smrtta-na-novorodencheto/a577305
Одкако се вратила назад и биле направени две цтг пред да се пристапи кон пораѓај. Не можам да прочитам какви биле резултатите што не влијаеле на одлуката да се продолжи со спонтаното породување. На цтг се следат и тоновите на бебето, доколку се видат неправилности веднаш се започнува со итен царски, не се инсистира на спонтан. Одговорноста и реакцијата на докторите што го вршеле пораѓајот не се спомнува никаде.
Јас колку шо сфаќам е дека тој што ја примил, ја примил во 2 и пол и до 9 наутро направил 3 пати цтг, крвна слика и била ок, ѝ дал терапија и ја пуштил дома. После таа е дојдена во 14ч и породена во 15ч со вакум. Зошто, нема објаснување, само спомнати се докторите шо ја породиле и толку. Да не грешам душа ама се ми се чини со овие административниве недоследности како да се трга внимание на јавноста од главниот проблем.
Дошла во 14.00 а во 14.15 и 15.00 направиле цтг. Кратко пред породувањето тоа, сигурно цтг-то покажало нешто. Друго прашање е колку биле стручни за породување со вакум. Не сфатив примила ли провокација или не, терапијата за против болки е мислам, или имало и провокација?
Провокација беше спомната само во неофицијалните вести ко пишуваа порталите дека бебето починало во стомакот. Од официјалните податоци на дсзи само на едно место прочитав дека ѝ било дадено инфузија и еве ова со тродонот. Другиве двајца шо виделе на цтг, дали вакумот бил единствен избор, дали правилно бил изведен, само еден Бог знае. Душава ми е лешник, сакав кај еден од овие двајца да се породам Боже здравје.
Постирано од мајката на мртвото новороденче пред околу еден час УБИЈЦИ Овие денови требаше да ја добијам најголемата титула во животот. МАЈКА. Поради партиските "препуцавања", РИВАЛСТВО, ИНАЕТ МЕЃУ ДОКТОРИТЕ и НЕСПОСОБНОСТА ЈАС ИЗГУБИВ НАЈМНОГУ. ГО ИЗГУБИВМЕ НАЈВРЕДНОТО НЕШТО ВО ЖИВОТОТ. НАШИОТ ЈОВАН. НАШЕТО НАЈМИЛО. ДО КОГА РАДИ ВАС ПАРТИСКИ ПИУНЧИЊА ЌЕ СТРАДАМЕ???? Се изначитавте.. безброј лаги. Различни приказни.. Сите се ставивте на мое место внатре во сала, а уствари, ТАМУ БЕВ САМО ЈАС и тие.."луѓе". Не знам и дали дали треба да кажам дека се луѓе. Бебето не ми почина во стомакот, ниту беше извадено со вакум, иако се колнат дека било. Пола секунда било.. Ех, уште на маката и будала да те направат.. Точно дека бев вратена од болница дома и сеуште си го поставувам прашањето, ЗОШТО? Се вратив во раце на други. Откако ми го пукнаа водењакот и ИСКУСНИТЕ воочиле дека има мекониум, а ЦТГ уредно, А ЗА КОЕ НИКОГАШ НЕ ОДБИВ ДА МИ БИДЕ НАПРАВЕНО, ИМАШЕ ВРЕМЕ за царски, и до утре можат да ме убедуваат дека немало, било во каналот... Па еве, кога било во канал, можевте веднаш да употребите ама вистински вакум и да го извадите и ми го спасите бебето, а не додека после пукање на водењакот викав, кревајќи ја болницата од болки и молев за рез, уште два часа, госпоѓата која што веднаш после смртта на моето бебе си замина на одмор и не се појави на ниту едно сослушување, која тврдеше дека НЕ УЧЕСТВУВАЛА во мојот пораѓај, иако таа ме искасапи и животински ми скокаше на стомакот, ми се смееше и ми рече " АКО НЕ ТИ СЕ БЕНДИСВАМЕ НИЕ, ОДИ СИ ВО ПЛОДНОСТ". Удирајќи ме во стомакот, на кој што сеуште имам траги, насилно ми го извадивте бебето кое НИКОГАШ НЕ УСПЕАВ ДА ГО ВИДАМ! И УШТЕ ЛЕСЕН БИЛ ПОРАЃАЈОТ, ДАЈ БОЖЕ СИТЕ СЛЕДНИ ДА МИ СЕ ВАКВИ....??? Па не бил насилен пораѓај. Какви се не небулози ќе слушнам? Зарем немате трошка милост? Дел по дел ќе обелоденам се! И тоа што ми се умилкувавте, ПЛАЧЕЈЌИ и нудејќи ми разноразни ствари, кафенце, сокче.. Ако ти треба нешто само јави се.. НЕМА ДА ВЕ ИСПЕРИ. Имав НАЈЗДРАВА БРЕМЕНОСТ, ДО ПОСЛЕДНИОТ МИГ. Секој преглед уреден, секој резултат уреден. Го направија пропустот за кој што ЗНАМ, дека НИКОЈ нема да сноси одговорност или за да се покријат, ќе одговара некој друг. Колку да е некој де... А ништо чудно и обдукцијата да е така скоцкана да нема крив. Како што кажавте, да не е некоја најретка аномалија или? А тоа што по канти баравте плаценти, постелки, и што ми стававте?! А тоа што се договоривте што да кажите за да се покриете? А? Оставки, жалења, тажења.. НЕ. Знам, свесна сум за се! Иако мислевте не. НЕ ПОТЦЕНИВТЕ И МЕНЕ И СОПРУГОТ. Но, ЌЕ ВЕ ИЗГОРАМ СИТЕ. ВЕТУВАМ! Ни го убивте бебето поради вашето его, надменост и непрофесионализам... Мислејќи дека сте Бог. УБИЈЦИ! ПАРИЧНА КАЗНА? СМЕШНО Е. ДУРИ НЕ СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ НЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ!!!!!
https://4news.mk/se-oglasi-majkata-...a-dobijam-najgolemata-titula-vo-zhivotot-ama/ Ете, не е се како што се пласира по медиуми.
Пошо лекарот на кого му најдоа одговорност е од ВМРО, додека останатите лекари кои всушност учествувале во породувањето се изземени од одговорност.
Докторот што ја примил и што го прават виновен е советник од ВМРО. Овие што ја искасапиле неспособните се претпоставувам од СДС. За него неколку пати лани и претходно имаше спорни ситуации и изјавуваше дека се против него поради партија.
За враќање од болница доколку не е почнат процесот, а се има болки, враќаат и тоа и во странство, пример сум јас вратена со контракции дома ама пошо не се отварав брзо, ме вратија као да ми е поудобно. Е сега, доколку како што кажуваат била ставена провокација не смеело никако да се пушти дома. Од почеток, пошо измешано ми е се од статусов и се обидувам редоследот на целиот процес да го сватам оти од спуштање на канал во статусов,се префрлува на пукање водењак.. значи прво логично и го пукаат водењакот, болки има и тоа е нели сосема нормално да се поинтензивни после пукање водењак, она моли за царски, според докториве се спуштило во канал и се заглавило и употребиле ваккум за да го извадат ( што е и процедурата таква) и при спуштање во канал нема царски, ама родилкава тврди дека не употребиле ваккум иако и кажале дека е веќе спуштено и наслно го извадиле, она вика имало време за царски, да ако не било во канал тогаш имало, али за царски се оди со индикации, се додека нема, џабе ние плачиме и молиме да ни се скратат маките. Дали воопшто бебето било во правилна позиција, не само свртено со глава на долу, туку према која страна било свртено со лице? Буткањето на стомак е исто една пракса за да му поможат на бебе да се спушти или да смени позиција, но ако влечеле насилно, а и немало правилна позиција со лице накај грб од мајка, оно се заглавило во канал и не употребиле стварно ваккум тогаш но комент,во тој случај при неправилна позиција на бебе може да дојде до повреда и да заврши кобно. Загреота.. се радуваш, се спремаш со месеци за најубавите моменти и си одиш со празни раце дома..
И мене со ставена провокација ме вратија дома..ова исто во Бт болница ,кај др доктор. Исто ми рекоа да се вратам штом добијам болки или ми пукне водењак. Таблетката ми ја ставија во 7 наутро..во 11 ч.се вратив ,до 13 бев породена.
При пробокација ставена не треба да се враќа назад, оти може да се отвори родилката многу побрзо него при спонтан пораѓај или бебето да не реагира добро на пробокацијата ама ако не е ставена пробокација, па 90% се враќани назад ако нема абер отварањето.