Го привеле докторон што снимал ,за да се види дека они работат .Ајде сега ред е на тие што вадат органи,што умираат трудници .Народ сме без мозок .
Нема ништо да се случи. Исто како докторот на Јилдиз Веапоска, така и овој. Во државава нема правда....
Има некој нормален во државата? Луѓе очајно молат за лек на фб. Секој ден има нов скандал. Кој ни е министер? Гадови.
Во нормална држава до сега после секојдневни здраствени скандали, државата ќе ја запалеа со се собрание. Ама тука уште ќе има поделби докторот било од вмро па парично казнет, а другите заштитените од сдсм Зино земјо и цела држава голтни ја, направи ни услуга.
https://makfax.com.mk/makedonija/лекарска-комора-бара-да-се-казнат-лека/?swcfpc=1 Ете сега пак пациентите криви. Криви оние поради кои тие "доктори" земаат плата. Ако се утврдело неосновано обвинение. А кое обвинение до сега било основано според нив и соодветно казнето?
Лол постои заштита. На работно место (болница) обострано е и јавно е истакнато. Дека вербален и физички напад на медицинско лице се казнува, исто како што се казнува не само лекарска грешка, него и вербален напад од мед.лице кон пациент. Нека не се дрогираат овие. На јавно место што сакам ќе кажам, ако смета некој дека го клеветам, слободно може да си поднесе тужба. Него директорот на болницата го пријави, нема ама нисам знајала.
Жената која го изгуби бебето во Битолскана болница по струка е правник па дај боже со помош и на нејзини колеги да успее да истурка бар еднаш правда во оваа држава.
Ќе му се одземало лиценцата на анестезиологот.... А на оној доктор на Јилдиз, ништо нема да му е се случи.. Е државо, на некого си мајка а на некого маќеа
https://fokus.mk/otkako-igor-se-pozhali-asotsijatsijata-za-tsistichna-fibroza-se-ogradi-od-nego/ Мајко мила. Јака му душа на дечково, од сегде го толчат.
Ето видиш, не можело да пишам. Неосновано ќе сум те обвинела, ќе сум ти нарушела чест, углед...уф, уште душевна болка фали. Дрогирале, не дрогирале, шо си мислите вие дека е ова? Демократија демек. Мхм, ќути Митро, магарето лета Да броиме за колку време и оваа тема ќе сневиди бело видело
Не верувајте на се' што ќе се прикаже по медиуми. Некаде прочитав коментар дека тој се бунел зошто не бил меѓу првите за лек туку го дале на деца, а докторката била всушност таа која се залагала за да го добијат лекот не само тој туку сите, а овој вака и' вратил. Башка што се согласувам со докторката, да сум пациент таму и да ми влечат новинари по собата и да ме снимаат, а јас одвај дишам....така да тој дел е сосем во ред! Стајте се на место на пациент во истата соба. Е сега зошто го испушта 3 дена порано, тоа не знам, не ми личи дека е во ред. Едит: сега прочитав дека и асоцијацијата се оградила од неговата постапка и пишале дека токму заради коректниот однос на докторите тие сега имаат лек.
Сака да каже го примиле на клиника кај што се примаат деца, не возрасни....затоа вика услуга, бидејќи направила отстапка. Читајте со ред. Не знам како почнало ова и за што точно се работи, само преписки на фејсбук со пациенти ми е некако чудно.
Ај што го пуштаат порано, туку датумот на отпуст е за 18-ти? Ова не е дозволено и е криминал колку што знам... Овој момент не го разбирам: „токму заради коректниот однос на докторите тие сега имаат лек„ Каков коректен однос? Демек благодарни им се или што? А нели законски им следува лек? Што има да благодарат некому? Јас мислам најзаслужни за лекот се самите пациенти
Па добро ај на никој нема да се заблагодаруваме затоа што навистина се постигнало нешто... Благодарни се затоа што до пред да излезат на ТВ докторите помагале ама пак не давало ефекти. Значи цело време биле со нив и заедно ја воделе битката. Мислам дека критиката беше насочена кон тоа дека на Веаповска тој пројде со условна, а не тоа што за овој изреагирале. Значи ако има дебели врски ништо не му се може.
Арно што одма реагираа за анестезиологот. Но, треба нешто и за докторката за односот кон болниот дечко.
Мене ова ептен ми боде очи. "Сметаме дека личното незадоволство на нашиот член Игор, потенцијално може да оди на штета на сите пациенти и на она што Асоцијацијата до овој момент успеа да го постигне." Ова во превод би дошло, ако е еден незадоволен ( а може има причина да биде, малце нејасна е ситуацијата), зошто тоа што се случува со еден поединец да биде на штета на сите пациенти? Као нема веќе лекови да им даваат, од одмазда? Ептен неубаво.
Каква благодараност бре?! Што ти е?! Лекот им следува, кому да бидат благодарни?! На тие што си ја вршат работата за која што се платени?! Дајте!!!!
Наместо политичариве да се истакнуваат со тоа како набавиле лек кој спасува живот, тие одат по маркети и се снимаат како пазарат леб.