Денес за сите нас стрес ни е дека ,,немаме батерија,, ако имаме 30% од батеријата. Знаат тик ток да гледат ама ,,не знаат ,, дали имат батерија. Нема шанси тоа. Поготово тинејџери да се остават без батерија односно 1 саат без да пипнат телефон е еднакво на смрт . Параноја ќе ги фати.
Во казахстан да не беа? Не, во Скопје беа во истата држава каде што живеат. Ќотек не требало ама да верувам како мутава во вакви приказни требало. Бруки човече
Дур некоја неплодна жена плаче и моли Бога да ѝ се случи чудо за да добие чедо, вие кај ги имате, па и ги малтретирате. Секој удар е ќотек и е насилство! Не е воспитна мерка, туку насилство врз дете со кое го повредувате! Насилство поради кое детето утре може да изврши насилство кое може да резултира со смртни последици за него или за други. Погрешно е и не треба да го промовирате. Читајте трауми од деца на такви родители, информирајте се од психолози и психијатри кои имаат убаво објаснето во текстови и книги зошто е погрешно да се удира дете. Треба казна, но не сурова. Одземање на уреди и привремена забрана за излегување се доволни. Треба да се разговара со децата. Од еден разговор нема да разберат, но ќе разберат после милијарда. Ако не можете сами да се справите, постои детски психолог кој може да ви помогне.
Добро сфаќате дека кога некој бега од дома и не сака да биде најден може да е причината баш во семејството? Дисфункционалност, насилство, грозни работи. Или чекајте, ако се жртви на груминг или секта и се изманипулирани да избегаат, пак се сами криви? Ќе ги казните зашто некој друг прелажал деца? Слободно, само што веќе никогаш нема да се осеќаат удобно да ви се доверат. Кој тинејџер бега од убаво? Никој. Со паметов тешко на вашите (идни) деца. Ќе паламудиме во други теми булинг имало, ова имало она имало, многу насилни биле децата, требало родителите да зборат со нивните деца, на работа иделе не ги гледале; тука ќе ги искршиме од ќотек. Нормално, само вие сте битни, вашата благосостојба, вашето секирање, а низ што проаѓало детето за да одлучи да бега и да се крие не е битно. Терајте си со хипокризијава и негледање подалеку од носот, секако на крај тикток е крив што и да се случи.
Каков ќотек мислите дека ќе воспита тинејџер не ми е јасно, ќотек не е решение за ништо и никоја возраст, па ни за ова. Може само да направите да набие детето гнев кон вас, посебно тинејџер, друго ништо. Јас имав другарка која беше тепана до голема дека излегува, дека се дотерува, дека има дечковци, и тоа ништо не смени пак се криеше и имаше дечковци, до 20 год смени преку 10, ќотекот ништо не заврши работа, избега во странство и 10 год го нема видено нејзините ради тој ќотек. Јас никогаш не бев ударена од моите, па фатив еден дечко на 15 и уште сум со него, маж ми е( не велам дека и ова е во ред, ама тоа е друга тема) Девојчињата направиле глупост, на тие години сешто ти истекнува и не се баш способни да размислат за последиците, голем предизвик е да се справиш со бунтовен тинејџер ама мора да го направиш тоа тактички и политички, авторитетно, не верувам и во казнување ама одземање на привилегија некоја повеќе ќе вроди плод од ќотек. На еден или друг начин за жал сите ги оштетуваме нашите деца или ние сме оштетени од напите родители, некоја траума си останува, зависи каква и колку голема и како ни го облежела животот ама дефинитивно не сакам да ги научам дека ќотекот е во ред во било каква ситуација.
Јас незнам како може во Германија децата на германците да разберат само со еден кажан збор, а кај нас мора ќотек?? И после зошто сме биле такви.
МАКЕДОНИЈА Семејствата на изгубените девојчиња стравувале да не се повтори Србија, тинејџерките им рекле: „Непотребно кренавте паника“
Прочитав некаде дека на девојчињата кога им ги заплениле мобилните тие биле на фабрички рестарт, ни слики ни фб ни пораки, ништо. Ако е ова вистина, интересно.
Што е наставничката крива ако им дала да прошетаат самостојно? Не се толку мали за да не можат да се снајдат. Гледаш и по реакциите ако се точни, им е гајле што ги немало 8 саати, рекле џабе паника кревате. Да беа стварно изгубени, ќе плачеа, ќе се тресеа дека некој ги нападнал и слично. Ова е намерно шетање низ Скопје, ништо друго. Сфаќам да се тргнеш од групата, и ние како деца сме го правеле тоа, дури на Пелистер пред 15-тина години, кога немало ни интернет, ни мрежа на планина, и сме биле на 100 денари кредит, камоли сега со цела таа технологија. Само кај нас родителите и наставниците се криви за глупостите на децата,а тие безобразни до бескрај. Ако наставничката верува дека можеш сам да шеташ 1 час, оправдај ја таа доверба, врати се на време, биди фин. А не одма да ја дувнеш и после да те врзат со ланци од страв да не направиш беља. Се е до детето, како е воспитано.
Мрсулки едни, па уште викаат имавме пари, ќе си фатевме такси сами и ќе си дојдевме што се секирате.. Онде цело одделение чекало да дојдат, класната кој знае колку била исплашена, исто и родителите, а они мува не ги лази.. Јас да сум им мајка не ги пуштам друг пат на екскурзија вака, кога знаат многу паметни да се прават, да им дојде памет.. Класната ги оставила во Веро Џамбо да се прошетаат, они сакале во Ист гејт да одат по свој памет, арно ама, ја утнале насоката, и наместо надоле, тргнале нагоре накај Кисела вода.. Ако класната рекла Веро Џамбо, тогаш треба да е Веро Џамбо и сите треба да се таму, а не едни да тргнат за Ист гејт, други за Сити Мол, трети за Рамстор, четврти за Капитол..
На секоја екскурзија е така, слободно време се дава за шетање и после сите се собираат на договореното место. Не е тоа спорно. Иако можеби тие 12 годишните требало да ги остават заедно со класен/а, сепак мали се за сами во друг град. Друго е 14, 15.
Децата никогаш не биле во Скопје и се оставени сами на себе 1 час да се прошетаат. И тебе ова не ти е спорно. Не си во право, ако никогаш не биле не треба да се делат ниту да им дозволуваат одделување од групата. @BraBru споредбата од пред 15 год и сега ти е смешна. Тогаш бевме по 4 во соба и групно идевме во менза да јадеме и во диско исто така. И пак имавме надзор од класен и проверка дали се сите во соба. Да идеме надвор од соба без нечие незнаење не беше дозволено, можеше само на воздух да излезеш на праг. А ова сега 1 час само и фатиле магла. Јас, реков уште во првичниот пост многу работи,да не се повторувам. Вие почнавте виновник да барате па ви пласирав. Според мене покрај сите случувања не е ни за екскурзии ни за шетање некаде.
Керка ми од 11-12 год одат на ексурзии до Скопје.И секогаш имаат час два за сами да шетаат.Проблем немало никогаш со ниедно дете. На овие срам да им е за непромисленоста и грижата што ја создале дома.
Ние сами сме шетале на планина за зимски распуст, па ништо не ни фалело. Класната/одделенскиот наставник имал одговорност некој да не се повреди у тепачка/скијање, ама па да му се плукнам, кој што сака нека прави. Не се толку мали, не ги правете неспособни децата. Ако ти не си свесна за својата безбедност на 12-13 години, кој да ти биде свесен? Не збориме за првачиња или деца од градинка, не заебавај. Кај нас на 12-13 години пропушуваа, се договараа у школски да пијат, и ти на такво дете ќе му береш гајле кај се шета? Престанете да барате кривица таму каде што ја нема. Саат време ги пуштила во затворен простор, они своеволно искочиле од таму. Може од школо да искочат да јадат некаде и да не се вратат, наставничката ли ќе биде крива во тој случај????????????????????????????????????????????????????????????? Тие не се изгубиле, тие си шетале и баш им било гајле кој ги бара. Има разлика!
Многу родители дефинитивно не си ги познаваат децата. За овој случај, родителите треба поубаво да си истражат што им прават девојчињата. Мислам дрскоста пак е втор проблем.
Ај прибери се малце, со мене вака не можеш да збориш. Збори си по дома мислам бев јасна. Среде ноќ си шетала сама во планина?! Браво за тебе. Ние не смеевме и поарно што не смеевме, на тој снег и таа лизгавост ама ок… тоа беа други времиња.