А зашто се такви сте се запрашале дека можда пошо така сте ги научиле? Али послесно е на детето вината да падне. Не дај Боже родителот одговорност да сноси детето што му е невоспитано. Мене мајка ми увек ми напоменувала, не се двои од група, не иди превише далеку итн. итн. како родител мора да го насочиш детето а не одма ќотек, ништо не решаваш со ќотекот тоа само покажува колку лош, мрзлив, игнорантен и неодговорен родител си.
Најјаки ми сте одредени овде Поготово шо рамњате шамар у афект/ нервоза си семејно насилство Не знам шо се мучат да се убедуваат со вас. ако од нив искочат истрауматизирани деца, од вас распиздени ќе искочат. И кузнае шо ќе ви праат
Па сигурно не им рекле Иди у Скопје изгаси го телефонот 8 саати и скрати ми го животот за 10 години И да, тиа заслужува шамарчина пошо они дур си ја прчеле низ Скопје, од класната па натака, на сите им се скратил животот. Знаеш шо е 8 саати да ти го нема детето?? За да се шета? Па коа ќе ѝ ја залепам една, друг пат нема да ѝ текне. Чим не сфатила со зборење.
Каква врска има тоа дали имам дете со ставот? распиздени и истрауматизирани деца се од една иста група на родители, овие деца на кои што им се посветува внимание не се ни распиздени ни истрауматизирани баш напротив.
Мене не ми е јасно како е можно девојчињата да биле на списокот во автобусот пред да тргне а потоа се симнале и им се губи траг 8 сати. Телефоните и на двете "случајно" им се испразнале и биле недостапни а кога се пронајдени телефоните вратени на фабрички ресет. Каде биле и каде скитале цели 8 сати, ако им се испразнале телефоните зошто не кажале некому дека останале без батерија Скопје е огромен град и одма можеле да побараат телефон од случаен минувач или да се пријават во полиција и да ги исконтактираат домашните. Доста чуден и нејасен случај ми делува дека медиумите даваат погрешни информации и нарочно ствараат конфузна ситуација и го ложат народот исто како во Србија
Иста скроз другарка имав и јас. На секое доаѓање ми плачеше. Али битно нејзините горди беа, ја родиле израснале, мора да се одлични родители. Ти викам џабе пишуваме, кога некој го гледа само тоа што сака да го види нема ни да се потруди да разбере.
Оваа беше и уште е убедена дека нејзините се ок и арно прават. И што велев, во моја населба едвај и даваат да дојде иако е фрекфентна и има директен автобус од кај неа до кај мене. Ама и тоа смета дека е за нејзино добро. Многу пати сум пробала да ја убедам и за други места да идеме што ги знам како Водно, Матка итн. Викам дај мој број на твоите слободно, и јас самата не се акам по патеки и улички што не знам кај водат. Не бе, не бива. Зашто ако нешто се случи ќе и' забранат за излегува и може со мене да се дружи. Пример ако на Водно или во моја населба ни наиде манијак, јас ќе сум крива што сум ја одвела таму, никако манијакот. Џабе покажуваш грижа ако не се грижиш кога екшали нешто ќе му се случи.
Леле аман луѓе, само затоа што сте родиле некој, не значи дека е океј да го шамараш. Како ќе ви биде вас некој да ви влепи шамар? Или полошо? Има секакви деца/луѓе со различни особини, карактери, па и распон на интелигенција и капацитет за разбирање. Не се сите еднакво паметни. Жал ми е што морам баш така да се изјаснам, ама тоа е факт. Многу тинејџери не се несозреани, лесно можат да се изманипулираат. Може да биде период, а може и понатаму да се покаже дека едноставно не се баш паметни. Исто така, има карактери кои едноставно мразат авторитет, секогаш одат контра, макар и на сопствена штета. Тоа не значи дека родителите не ги воспитувале, тоа значи дека секој е посебна индивидуа, човечко битие, а не робот. Ништо не е така црно-бело, па секогаш да станува збор за некултура или лошо воспитување или недоволно посветување од страна на родителите. Не можеме да знаеме како е точно, кога не ги познаваме. Ама најлесно е од страна да солиш памет.
Еве мене ми имаат удрено Бидејќи го напраив истото, само у друга држава бевме шо беше уште пострашно. И од тогаш никад не ми текна пак Сеа да ме удрат, не е исто Ама затоа од тогаш знаат секад кај сум и со кој, имаат броеви од тие шо се дружам, од рандом луѓе сум ѕвонела да кажам дека неам батерија 8 саати да те нема за да шеташ е идиотизам, без чувство за родител
Ама проблемот со светициве шамар за нешто вака големо, го рамнат со семејно насилство. Еве за пример ќе ја земам золва ми. Од сите што ги знам потрпелив ама и по строг родител нема. Устата пена и фаќа од зборење и објаснување и шо вика преку 100. 000 пати имам објаснето како се поминува улица и еднаш го има удрено син и зошто претрчал пред кола на пешачки, она го чекала од другата страна, а му кажала кога да помине, он упорен, истрчал. И сама си кажува го плеснав зошто живот ќе изгубеше. Ако одиме во крајност ко овие над нас, внук ми (10 годишен) има право да си отиде од дома и да го нема 8 саати зошто золва ми го плеснала за нешто што го објаснувала со години и овој упорно не послушал. Дете што во друг град гаси телефон и скита по улици и ти ја креваш цела Македонија на нозе, е богами за преиспитување. И воспитување и размислување и поставување на одредени правила. Денешниве родители нејќат да воспитуваат ко шо не воспитувале нас, ама па се оди во целосна спротивност. Пак ќе кажам, пред само 10тина години, немаше волку малолетни деца по улици после или пред полноќ. Самото тоа си кажува нешто. И да, не знам кој имаше пишано, ама гасење телефон и тотално незамарање дали некој те мисли кај си што си, дефинитивно е невоспитување и непочит спрема родители. Можда и мене не ме воспитале правилно, ама многу ми е мило што барем тоа ми го вкорениле, мајка ми и кога имав 23 години и живеев под нејзин кров, ако планирав да си дојдам покасно, ја известував.
Еве под претпоставка како што било во наше време по екскурзии, во редица се чека пред вратата на автобусот или било како слично, влегуваат ги пребројува наставникот, овие двеве дотичниве се пријавуваат дека се тука и се оддалечуваат…. Па добро мајку му стара никој од толкава група не ги видел девојчињава дека се оддалечуваат и да викнат еееј каде одат овие двеве?? Оваа верзија баш и не ми е логична бидејќи јас сфатив дека кога ги оставиле и им рекле да се прошетаат и да се чекаат после еден час или два, двеве воопшто и не се појавиле во договореното време и место. не е ова шала или хартија, те бројам па магично исчезнува
Дај бе дечки малку пореално пишувајте.Сите сме биле тинејџери и сме правеле слични глупости,си мислиш свашта ништо не сфаќаш.Што има да ме чека навечер да не спијат што ми се прават паметни они се знаат,а уствари стануваш родител и сфаќаш дека истото те чека,сега ти не спиеш сега ти го мислиш и сфаќаш и покрај се дека родителот ти мислел добро и ти е жал за секој еден пат кога си им повишил тон или си направил некоја глупост.Особено оние кои изгубиле некој родител. Мене ми е жал за секој еден стрес што сум им го приредила а тогаш сум мислела е де бе што има страшно. Ова е во најмала рака бесчувствително да изгасиш мобилен и да речеш имавме пари ќе се вратевме со такси.Нели знаеш дека ќе те бараат со полиција,нели си свесен дека и наставници ќе видат дека те нема.И да заслужуваат казна зошто ова не е мала работа во стилот си излажал за ситница или си закаснил дома 5 мин.
Баш... И проблем е кога не знаеш да направиш разлика меѓу нив. Не е исто да удриш дете за шкртање по ѕид, за скршени стакло од телефон, за изгубен телефон (не ми текнува други банални примери) и за нешто вакво. Не знам како не ја сфаќаат сериозноста на случката и му е пих... Онака. Страшно, да се чуди човек....
А родителиве се јавиле кај новинарите да пренесат што им кажале децата? Бог да чува. Едит: а да, роднина бил. Роднинава може што сака да си кажува на новинари, не значи дека е вистинито и не е извадено од контекст...како што е најчесто случај.
Мојата баба имаше една нејзина поговорка, која секако целосно ја сфатив кога станав родител: Подобро детето да ми плаче, отколку јас да плачам (односно подобро да го исплеска за некоја глупост што ја направил, а можело да има последици, отколку таа да плаче, не дај Боже за него)