Ми се згади кога читав коментари на постови на фб луѓе што викаат требало да се стават решетки на прозорите на ГАК за да немало вакво нешто.. Мислиш отишле во затвор, а не на пораѓај, па решетки на прозори..
Па и треба да има. ППД е честа појава кај жените Замисли секоја да рипа? Шо ќе биде тогаш? Поише ќе има на ортопедија него на ГАК. И во други одделенија не се отвараат прозорите. Некој може после операција уште под дејство на ,,опијати” да се фрли. Знаеш шо значи за една болница да ти се самоубие некој? И тоа со фрлање од прозор. После ќе викате ,,е зошо не ги заштивте” А не можат ко полицајци у соби да седат. Еве мој бифш кога лежеше на Инфективна зимово, пукна за цигара а му рекоа дека не смее да пуши некое време. И среќа прозорот не му се отварал од соба, иначе ќе пушеше. нормално внатре нема да пуши. И си трпеше дур искочи. Некад има нешо и позитивно
Хорор. Луѓето не сфаќаат дека треба да се превенираат таквите состојби кај родилките или да им се помогне ако веќе дошло до постпородилна депресија. Ако решила некоја да изврши суицид може милион решетки да стават, таа ќе најде начин тоа да го направи и аман веќе од простаклуков, жени на фб коментираат како тие што паѓале во депресија биле себични и со еден збор немајки
А како се превенира Нели е најчесто поради хормонален дисбаланс, незадоволство со себе, промена на живот. Може некои дур да легнат на ГАК се као омг детето ајде И после коа ќе го видат сфаќаат дека више стварно се мајки и дека е друг живот?
Ехе така Ако глеаме. Ќе треба Алкатраз да напраиме. Ко у Бардовци, да нема врвци, каиши и оштри работи.
Mene mi teknuva na eden horor slucaj vo Amerika kade sto majkava radi ppd gi ima udaveno site 5 deca, uopste ne e naivna sostojbava.
Ние вака неаме стручни лица и надзор… Нема доктор кој остаи доверба у државава Коа ќе влезеш на Клиника живо пиле нема, муви се слушаат коа зујат… Баш пошо сме остаени сами на себе треба решетки. Ја никад нема да забораам онаа глупачана на Кардио коа му рече на татко ми од интензивна до соба сам да си ги носи работите. Ќебето и катетарот у рака. А она кафе ќе си пие. После кога баравме чаршафи човечки без крв и дупки, ни рекоа дека немале Шо да очекуваш од такви говеда??
Може да се организира психолошка припрема за секоја трудница. Мислам дека ова го спомнаа и како едно од можните решенија. А како второ, ДСЗИ денес констатираа неправилности т.е непружање помош до крај. И покрај тоа што родилката се жалела во два наврати дека не се чувствува добро, не била повикана служва од Клиниката за психијатрија за да се даде конзилијарно мислење. Тоа е исто вид на превенција, ако разговарал психијатар со неа можеби и немала да се фрли.
А што е полесно, да скокне од прозор или да најде јаже? Да, ова треба да е стандард. Ама институциите, директорите и сите што одлучуваат не обезбедуваат основни потреби во болниците, не па нешто вакво.
Ауу срамота е и од овие, ние бараме поддршка, мерки? за кого бе не ја сфатиле жената здраво за готово. И сеа од коа се фрли, сфативте ли дека стварно не ѝ е добро, или уште на Тошо ќе се правите
Треба на сите жени неколку часа после пораѓај да дојде педагог или психијатар и да направи краток муабет и секоја жена кога ќе се пожали да биде сфатена сериозно. За прозорите не треба да има решетки туку да се отвараат само на кипање сепак е родилиште и замисли уште во таква состојба да видиш решетки како во психијатрија.