Починала родилката што се фрли од прозорец на ГАК. Прежално. Некој треба да сноси одговорност, во нормална држава, кај нас, тешко тоа.
https://m.facebook.com/story.php?st...rnVjxmJdHl&id=100003053185470&mibextid=Nif5oz Овде ќе го ставам пошо госпоѓата во мои очи е ,,црна хроника " Кај цела држава ни е црна хроника уште вакви фалат.
Апелација ги потврдила казните за убиството на Денис Тот.. Е државо државо, на некого мајка, на некого маќеа, знаевте на албанците за Саздо да им ги намалите казните по 5-6 години на апелација, а овде замижавте и само ја потврдивте пресудата.. Делото е исто, зашто не намаливте и тука, или ај да го преформулирам прашањето, да не биде бранам убијци, зашто ги намаливте казните тогаш, а сега не, што е различно, па сега нема можност за да намалите?
Јас мислам дека судството ни е до тој степен корумпирано, што само врски и политичко влијание сегде поминува.
Што се случило со младо девојче што го простираат на фб дека починало? Тетово, Гистивар или Скопје не знам точно од каде е
Синоќа сообраќајка со жртва. Ја видов снимката нецензурирана, ужас. Денес повторно слично нешто на раскрсницата кај ЈБТ. Што ви е бре што возите така лудо???? Полицијата на партизанска дреме, јаде и разбркува паркирани возила, додека други прелетуваат со 150, на црвено. Не можеле да ги фатат, многу брзи биле, абе ај!!! Ужас. Ужас. Ајде пак бранете вакви убијци што секојдневно се околу нас.
Изгледа ја нема повеќе снимката. Мене во Скопје минимум 5 пати ќе ме згазеше кола. Еднаш и малава сама помина, не ја држев за рака, а колите не застанаа и еден напред, ние се вративме назад, малава помина, маж ми почна да вика. Сме заборавиле дека на пешачки поминуваат како да нема пешачки. Цело време црни слики ми поминуваат низ глава. Многу е страшно да се помине на пешачки. Не знаеш дали ќе преживееш. И да нема коли и почнеш да поминуваш, одеднаш се појавува кола од нигде и никаде што вози 200 на саат.
https://4news.mk/ekskluzivno-video-...gina-po-sudir-na-dve-vozila-sinoka-vo-skopje/ Жално за него, остана мало бебе без татко, жално за сопругата и родителите.Момче младо кое се трудело работело две работи да си го прехрани семејството, се враќало од работа накај дома и да му згасне вака живот.Поради ненормални будали што само знаат на гас да стискаат и да преминуваат на црвено ни криви, ни должни луѓе и деца гинат.
Страшно е ова што се случува, премногу ме потресе видеото, лудаци, треба драконски казни, одземање трајно на возачка, и затвор. Каде е полицијата? Не се казнува доволно. Секој ден трагедии, низ град се вози со преголема брзина, страв да ти е да седниш зад волан, страв да ти е улица да преминиш...
Страшна трагедија, го гледав видеото, прво беше отстрането (избришано од YouTube од каде што беше превземено) ама го имаа други сајтови. Значи човек не е безбеден, а поради што, поради бесни возачи низ град. Ова е катастрофално, не смее вака, мора да има казни и одземање возачки дозволи. Си отишол на работа, едвај чекаш дома бебе и жена да видиш, си одиш нормално, застануваш на семафор, не се правиш паметен да претрчуваш на црвено туку си чекаш зелено оти сакаш безбедно да стигнеш... Прежално и преболно е ова. И за сите млади и стари и секакви што изгинаа.