Аууу до каде сме стигнале, дното сме го допреле, јас помислив дека ја малтретирале машки, кога го видов видеово се запрепастив дека женски ја влечеа и тепаа. Кога женските станале невоспитани и насилни, не знам веќе што да очекувам. Вака некој дете да ми малтретира, ако треба ќе одговарам, ама ќе ги згазам од ќотек, нема лесно да поминат. Не се решаваат проблемите со насилство, но вакво иживување ги преминува сите граници.
Вакво насилство секогаш постоело и ќе постои по школите. Во секоја генерација има неколку деца што сеат страв кај врсниците, без разлика на полот. Од хармонични семејства тешко дека би излегле такви насилници (ама не е и невозможно). Обично децата што се препуштени сами на себе, што живеат во тепачки и плачки низ дома, гневот го истураат во школо. И кај нас во основно имаше неколку такви ученици, од кои едната учеше со мене. Девојчето беше ХОРОР....Колку пати сум одела со плачење дома дека ми ги земаше ужинките и парите. Послаби и помирни деца ги тепаше со боксови и клоци, парите ни ги земаше, тетратките ни ги фрлаше низ прозор, кубење по коса, на машките крв од нос им пушташе, а на едно дете му пукна и ребро...После кога поднараснавме, дознавме дека татко и е најголем пијаница и насилник. Ова пред се е домашно воспитување. Не може дете од чиста мира да стане насилник. И мене никогаш дома не ме учеле на насилство, ама имав дозвола доколку некој проба да ме нападне слободно да се бранам (посебно да се бранам од таа насилничката). Учителите и општо школото се прават слепи при вакви настани, па затоа мора сам да преживуваш во близина на такви насилници, инаку ако ти го фрлат окото готов си.
Абе луѓе ... Јас пред некој ден се чудев во пекара девојчиња од основно кога влегоа. Остај поголеми од мене мислиш вратари ај за тоа ген може таков си имат. Ама ко машки зборат бе. Една на друга брат вика. Се бута преку ред на стара жена му диши на тој у врат да побрза. .. Се сеќавате во оние старине филмови што имаше посебно училиште за машки и за женски? Е тоа треба. За да ги научат на манири. Ама што ако кога го слушам комшијата како на своето едвај прозборено дете му вика јас не сум ти татко и го пцуе..
Ове клептоманиве околу неа што прават? Искрено да сум се нашол во ваква ситуација не би гледал ниту дали е машко ниту дали е женско. Не затвор логор за вакви и за нивните родители. Што све не шета по земјава.....
Две снимки, на едната основношколки се кубат за коса, на друга тип пука во женска, да се кладев кое ќе е "поинтересно" за дискусија, ќе си останев без пари. Тотално изигнорирано, просто не ми се верува.
Какво советување, на овие советување од школски психолог не сум баш надежна дека ќе им помогне да сфатат каква глупост направиле. Да им удрат по џебот на родителите со некоја казна, дури тогаш може ќе им упали ламбичката во глава. Нема врска дали се женски, машки, какви и да се вакво јавно омаловажување навистина е вон сите граници. Жално за девојчето што го влечеа за коса. Не знам што треба да ти погреши или направи некој за да решаваш проблеми на ваков беден начин.
Сега дури видов на вести за видеото за тој што и пукал на девојката во глава кратко само кажаа. Поради лични причини. Каде се групите против насилство врз жените? Или под претпоставка дека не припаѓаат на нашиот етникум онда, не се мешаме ние таму, или? За девојчињава...родителите не секогаш можат да влијаат врз ова. И не секогаш се криви. И над глава да им се дубари, дивјаци се дивјаци. И нив ќе ги потепаат. Ова бара озбилна мерка. Ама не по џебот на родителот. Не го оправате тоа мало бездушно створче што може така ладнокрвно да мава некој и комотно да го убие без око да му трепне, ако го удрите родителот по џеб. Мерките треба да се врз тоа суштественце. Оно утре ќе направи и полошо од ова. Родителот може и да нема никаков авторитет врз суштественцето, нит може да го доведе во ред.
Кој ментален склоп треба да го имаат девојчињава шо онака крвнички се изживуваат? Се згрозив од видеово, вистина имало насилство секогаш, ама до овој степен до сега не сум видела Никогаш нема да ми биде јасно како едно женско врши или оправдува насилство врз друго женско
Не знам искрено кое е полошо, дали физичкото или психичкото насилство помеѓу соученици. Јас отсекогаш го имав овој вториот проблем, каде многу често бев исмевана за нешто, омаловажувана и бев личност против која одеше цел клас само затоа што не бев непримерен ученик како нив и не бегав од часови без потреба. Секогаш дури и да имаше и други кои остануваа, јас бев таа која беше напаѓана со пцовки и навреди. Среќа моја е што сум била свесна за сопствените вредности како човек и не сум дозволувала тие зборови да допрат до мене, барем не во голема мера. Се спротивставував, се жалев и не ми беше грижа дали заради таквото однесување ме сметаат како плачка или што и да е. Не ја барав вината во себе и бев свесна дека проблемот е во нив. Денес тие личности само ги одминувам, затоа што не заслужиле ниту да ги погледнам а не пак да им прозборам. Ова пак што е на видеово е веќе уште поголема беда. Не знам дали ми е победно однесувањето на девојчињава на кои очигледно им треба психолошка терапија или пак однесувањето на останативе кои се смеат и гледаат, а на кои очигледно освен разговор со психолог им треба и нешто појако за да ги освести. Тажно ми е понатаму да зборувам, затоа што кога мене ова ми е потресно за гледање за малтретираното девојче не сакам ниту да помислам каква траума и понижување е ова.. Само ќе кажам дека се срамам што потекнувам и живеам во ваква земја. Толку.
Брееј во ваше време немало тепачки? Ајде дее? Па во 90 години имаше криминал и рекетарство на секој агол. Дрога снемуваше во полиција. Во средниве школи имаше нон стоп тепачки. Што на наркоманска и средношколска база, што на етничка и верска, што на другарска, што на навивачка и така натаму. Немаше свадби, а да не се рокаше со пиштоли. Прашајте ги вашите мајки колку тепачки имало порано на свадбите или по кафаните. Кога работеа дискотекиве по приградскиве населби секој викенд имаше рокање и проблеми. Не е до воспитувањето. Едноставно децава секојдневно се изложени на деструкција и тоа им се наметнува како врховна вредност и достигнување во животот. Тоа е тренд.
Сите сме исти како не ти е јасно како женско може да врши насилство? Што се жените а што мажите? Насилник може да биде секој без разлика на пол.
Самиот на себе си си контрадикторен. И ако отсекогаш имало тепачки, не значи дека тоа е нешто нормално и за релативизирање. Баш затоа што времето оди напред, треба да се реагира побурно и најстрого да се осуди и казни. Срамота!
Не ми ја сфаќаш поентата, ама ајде Секако дека секој може да е насилник, јас тргнувам од аспект на тоа дека жените се понежен пол
Не е за релативизирање, но реакциите ко ова да се случува само последниов период е смешно. Колку порано имаше тепачки, бодење со нож, рекетарство маала на маала, населби на населби, школи на школи, етникуми на етникуми. Дискотекиве по приградските населби секој викенд беше или некој избоден или тепачка. ПТТ школово секој ден тепачка Македоци вс Албанци. Хемиско и АСУЦ исто така. Аеродромци и Центарци навивачи колку сакаш. Полиција шверцаше дрога и буквално рекетари имаше за извоз. И некој сега се згрозува за една детска скубанка во основно школо ко да не сме виделе далеку погрозни и поопасни работи.
Па се реагирало. Излегол инспектор на терен, разговарал со директор, родители и најавил казни. Тоа е. Нема филозофии. Поопасно е тоа што амнестираа еден куп ретарди од затворот. Мене тоа повеќе ме загрижува отколку скубанка на сељандури од основно школо. Такви девојчиња ги имало и ќе ги има во секоја генерација. Залудно коментираме.
Ова ти личи на само една обична скубанка? Знаеш колку ова може да влијае психички? Може цел живот девојчето да не ги заборави траумите. И јас бев малтретирана нашколо, не до оној степен, ама добро знам какви последици остануваат бидејќи ги имам. Жално за тебе што мислиш дека ова не е значајно. И аман веќе со тоа споредбите со како било во времето на мајка ми баба ми прабаба ми, треба напред да гледаме за да го искорениме насилството!
@Mamli Ако ова тебе ти личи на обична детска скубанка, искрено ти завидувам. Камо јас да имав таков памет ко твојот па ќе го терав полесно животот. Вест: Избоден ученик во средно училиште. Реакција на Мамли: Абе си поиграле малку децата, ее голема работа ако го избоделе. Битно забавно им било сигурно.