Од Србија го носат таму мислам не е забранет. Искрено мислам дека не им е за глувци при толку отрови за глодари кој не се смртоносни за другите животни и за луѓето. Овој отров го користат психопати за труење на кучиња.
Леле аман, не труеа животни, и самите тие имаат лабрадор. Луѓето се супер луѓе, аман од глупи претпоставки и коментари.
Што знам толку силен отров значи еден грам може човек да убие ( што за жал се случи) го земале за глувци, какви глувци имале овие по дома...
А за шо им е? За глушец да убиеш моеш со било шо 7 год бил забранет. Значи прво чувале нешто дома шо е нелегално, второ па уше и кујна бе. Со кој мозок не сфаќам. Е ради ова. И од брзање, здрав човек ќе згреши. Ја колку пати, кај друг дома, сол у кафето сум ставала. У исти тегли го чуваат пример ако има некој толку глувци дома, значи не му е чисто дома
Не го чувале во кујната од куќата, туку во надворешна "кујна", просторија со сè и сешто, каде што летен период и готвеле. Не требале да го имаат, ама го имале. И што дека? Едит: ради ова не треба во медиуми да пишуваат за несреќи. На жртвите ќе им се вадат небитни муабети, можеби труеле животни, ако имале глувци не му било чисто, дрндрн јариња...
Пак, кујна е. Такви ствари не се мешаат со храна, туку се чуваат во подрум или во посебна соба и тоа на високо. Да не дофаќа секој.
Не е до годините, до здравствената состојба е. И на млади им се случува вакво нешто. И човек со здрав памет може да помеша ако нешто го занесе. Поради тоа, храна и отров не се чуваат во иста просторија.
Тоа е ко пиштол да чуваш дома. Не треба да го имаш, ама го имаш, и океј? Не е океј Ја со Доместос коа чистам после ми е матно сѐ, не па овс
Еххххх.. Колку пати маж ми ми вика да ги тргам средствата од собите. Откако ќе исчистам заборавам да ги вратам назад. Децава не пипнале, ама никогаш не се знае.
Може го имале од одамна, го заборавиле. Што е тоа битно кога несреќа е во прашање? Не се отруле од купен производ, не мора никој да се плаши.
Имаше коментари на фб дека требало да се бараат продавачите на брашното и празот. Демек... Прскани биле со отров. Се и сешто прочитав.
Сега баш прочитав демек од извор близок на семејството. Бабата правела пита во летната кујна каде што отровот бил во тегла ( ако веќе го имале бар да ја обележале теглата) питата ја јаделе надвор и во моментот кога синот и снаата почнале да се гушат, бабата доживува срцев удар. Ги нашле комшиите сите онесвестени на земја.
Многу е глупаво кога правите вакви претпоставки. Ќе се земам себе си за пример ако имам дома проблеми со инсекти одам во земјоделска аптека/продавница/пазар и го прашувам продавачот. Што ќе ми дадат тоа. Дали бил отров забранет поима немам. Дали се користи за нешто друго, незнам и реално не ме интерсира. Ако пишува на упатството колку е штетно, арно. Ако не пишува, како ми кажале така ќе го користам. Може и отров за кучиња ми дале, незнам. Знам за што јас го барам и на што планирам да го користам. Многу не му се замарам. За луѓево гарант некој им го дал. Или го купиле кога бил легален. Може било без декларација купено/дадено. Па дали знаеле колку е штетно е едно огромно прашање. Така да престанете со претпоставките.