Таче сам неќе да се смени, а време му е од коа дое, не па Оливер Ама ќе има смена за брзо, уживајте Се шушка низ МВР, само треба некој да чуе
Леле оние од Кајгана каша попара ми ја направија главава со имиња, криминални банди и сплетки. Како и да е, кој со кого е у одмазда на крај сите ќе го јадат, само невини луѓе да не страдаат у нивните пресметки.
Очи превртувам кога ги читам. Некои се ко баби што баш све знаат, а се знае дека нашата најголема мафија е во Собрание.
Па не баш. Не мора да се Џафери или Таче веруј ми. И нашиве се ѓубриња. МВР е пола корумпирано. Затоа не ги поштувам. Пошо знаат кој дила, кој шо праи. И се праат овде Дева Марија. Абе ајде. Мислите смее некој да се пука вака, или ко у Албум, Рузвелтова, или да дила на велико, а да не е спанџан со некој у МВР или другиве агенции? Овие од правен аспект им требаат на кримосиве, пошо ќе апсат кај треба шо треба, ама затоа си лапаат %че. Ви кажувам буквално ја знам тип шо плаќаше. И му влагаа дома чисто за онака. И од Грчец еднаш исто меракот му го имаа пошо мноогу пари праеше, многу. И тогаш прекина. абе овој свет, или завршуваш у затвор, или со мислите на земја. Нема друга опција
зошто се чудите кога се е баш онака како што напиша @Feminka22. Тоа е разработен систем, мрежа која си функционира и сите знаат. Неможеш да дилаш ако немаш некој позади тебе. И кога луѓето велат дека мвр врие од дилери и кримоси, вистина е. Не треба некој филозоф да си за да сфатиш. Државата стана таква во која само на нив им цветаат ружите. Додека останатите преживуваат овие вртат бизниси на големо. Погледајте само колку се гради во последно време, па тие пари треба ли да се исперат некаде. Погледнете ги браќата и нивните жени како полнат кеси по продавниците и моловите, од многу зној им се парите сигурно. Па ќе рече некој има пари народот, троши како луд, а не прави разлика кој тоа троши и од каде му се парите. Страшна е ситуацијата во државата, децата на велико се навлечени по дрогата, а нивни идоли им се баш ваквите типови со сомнително стекнати пари. И незнам како очекувате да замине Спасовски кога , кога замина Заев тој беше единствениот кој преживеа и остана, посебно сега кога се спрема за претседател.
Не е за чудење ич, напротив више сме си го прифатиле за "нормално". У која институција, установа, агенција, организација наша нема корупција, мито, непотизам и остали гомнарии? Има таква? А Мвр, разузнавање, oбвинителство и правда, место заеднички да соработуваат и да се борат против овие појави, да ги искоренат, таму за воља на вистината највише ќе да ги има. Ко што рековте, како ќе дилаат кримосиве и мафијозиве, како ќе се перат пари и ќе се пуни џеб? Со труд и пот поштено? Па и ова е труд реално, труд си е плус си го ризикуваат животот. Бизнисот не смее да трпи, опасни се они, си ја наредиле убаво. Ај да видам некој без грб шо е, сам, без да стои некој позади него, нека дила, нека краде, еее тогаш одма работи Мвр турбо и тоа, си ја знаат дечките работата и си ја вршат должноста ама ако е некоја покрупна риба у прашање, која ќе им се види атрактивна, тогаш друга песна се пее, па паѓаат договори и пазарења. За мераци. Да имаше правна држава главните актери кои се најголеми кримоси, зад решетки веќе ќе беа одамна ама нема, тоа на сон само. Ќе лежат 2-3 ца само и ќе го јадат немиен во името на сите, другиве ќе си продужат со бизнисите и ќе си се богатат до 10 - то колено. Па за кој курац ќе се перат со европското знаменце и ќе си даваат самите на себе олеснителни околности и алиби. Мора привилегијата да се искористи додека важи, како што си ги знаат дупките по закониве, нема зима за нив. У каков свет живееме?
Не бе сестре, криви сме ние што не сме ја пријавиле бабичката со тезгата дека нелегално продава. Или што фаќаме врски да спасиме жива глава кога полицаецот ни вели оти сме криви шо сме се бранеле од насилник. После оној скандалот со пасошите требаше сите колективно отказ да добијат. Ама видиш, се заборави.
Можеби сме центар за дилање дрога, од овде си оди кон други држави. А можеби сме центар и на некои други работи, како нелегални експерименти, па не оставаат тука да живуркаме, иако овде институциите се пропаднати, многу одамна.
Одсекогаш се знаело и сексде е такс. Држава без мафија не може да опстане. Секаде мафијата и оодземјето се врзани со власта и полицијата. Ние тука само ги дознаваме работите зошо сме мала земја, инску по запад појма немаат шо се дешава. Башка што ние сме центар што црл шверц проаѓа низ нас
Ама бабичката, оној шо украл ќебапчиња и сличните ти се најголемите криминалци, шо ти е. Треба да послужат за пример како не треба и да покаже Мвр дека посветено си ја обавува својата должност. Праиш прекршок, нати санкција, Мвр се максимално посветени, нема лабаво со обиџуко. Тој пак шо ја тегнеше за коса Шеќеринска доживотна робија што не му пресудија за такво монструозно дело. Овие јакиве, големиве батки мафија им се соработници само, затоа друг третман, иначе се си е ко шо треба, ние грешно сфаќаме. Глупички сме јебига, тие сето ова за општо добро го праат. Европско знаменце, мора да се толерира и да се прогледува низ прсти. Па сеа зачудени демек Европјаните од нашиве ахахахаха, кои циркузи.
Да, мафија ама каква мафија? Не е секоја мафија само за шверц на дрога. Имаш и за трговија со луѓе, имаш нешто што се вика neuroscience terrorism... значи има мафија и МАФИЈА. Ако си држава која ги отворила ширум портите за се и сешто, тогаш ќе те цапаат, газат и трошат стриктно како човечки ресурс. Ех, не е овде само дрогата проблем.
Во право си, не реков јас за дрога само… за жал тоа е и ние обичниве смртници сме само тоа и ништо не можеме освен да си праиме муабет вака.. само се надевам дека некои нови генерации подобро ќе работат од нас
Ама види вака и на форум се научуваат многу работи. Овде тие што се квалитетни членови се многу спремни. Не е дека немаме сила, туку не знаеме како да се групираме.