Црна хроника

Discussion in 'Политика и настани' started by Ицолгудбејбе, Mar 31, 2017.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2012
    Messages:
    27,166
    Likes Received:
    177,111
    Gender:
    Female
    Демек кубењето коси не беше застапено кога бевме ние деца?! Беше. Само тогаш не беа преземени никакви мерки ниту казнени ниту воспитни.
    Среќа тогаш немаше снимање на телефон и имаше морални вредности. Едниот од едната страна држи, другиот од другата и да се смират тензиите.
    Денес тоа го нема затоа што на родители кога ќе им речеш "Зашто им пуштате вакви содржини на јутуб/тв да гледа детето?" нивниот одговор е "Ништо не е тоа."
    Епа тоа е тоа, од ништо не е станува нешто е.
     
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Joined:
    Jul 13, 2017
    Messages:
    18,279
    Likes Received:
    226,782
    Gender:
    Female
    Кај да реагираме бе Бриџ? Ќе дојде ли некој? И да реагираш нема да дојде. СоцијалНи служби знаеш што викаат? Ние доаѓаме откако ќе се случи. Претходно не е наша работа. Викни полиција ќе ги предупреди за јавен ред и мир. И толку. Дали таткото од тоа ќе прекине да го пцуе своето дете? Немој да ми речеш дека ова ти е непознато.
     
    Rama, Bridget and x.Daisy.x like this.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    Денес има многу помалку тепачки по училиштава. Кога јас бев основно, секој месец имаше тепачка и тоа само у моето училиште. Кога се префрлив од една во друго школо, уште на првиот голем одмор ми се стаи каратистот од мој клас, се степавме, не раздвоија и после најбољи другари си станавме :D
    Зошто ова е ударна вест, е заради мобилните телефони и социјалните мрежи. Тие ја прават штетата поголема.

    А булингот е добро познат проблем, и кај нас и низ светот. Коренот на проблемот е домашното воспитание, поточно невоспитание. Е сега ако не може општеството да ги среди родителите, може да влијае на децата. Педагоците и психолозите треба посериозно да си ја вршат работата, а не само кафиња да пијат и да реагираат откако ќе се случи проблем, туку превентивно, да вршат надгледување на однесувањето на децата.

    И јас бев проблематично дете у основно, па и средно. Учествував во тепачки, бегав од часови, еднаш дури и плукнав у дневникот, а некои работи и не се за кажување на форум :) Ама класниот особено ми обрна внимание и ме отрезни за некои работи, а и неколку разговори со педагогот. Потоа бев првенец на генерација. Затоа велам дека педагоците и психолозите треба сериозно да зафрчат ракави, а и класните раководители исто така.
     
    kikkki, sj *O*, Mari-Ja and 4 others like this.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    6,952
    Likes Received:
    36,962
    Gender:
    Female
    Мене најтрагично во случајов ми е што тепачите добија поддршка од соучениците. Никој не изреагира :( Тоа само говори за домашното “воспитување” со кое се соочуваат нашиве деца. И тоа од мали. Секојдневно се соочувам ( а и на форумов може да се прочита) со ставови на родители дека децата треба да се учат да се бранат ако некој ги закача т.е да ги учиме на дека на насилство треба да одговорат со насилство. Всушност им говориме дека насилството е нормално :^) Ваквите деца потекнуваат од такви родители.
     
    Rama, azelea, PaLaVa and 8 others like this.
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Joined:
    Feb 22, 2017
    Messages:
    8,702
    Likes Received:
    40,074
    Gender:
    Female
    И во наше време, зборувам за пред 10год, кога завршив основно, имаше вакви работи. Физичко и психичко малтретирање, големи тепачки ама тогаш интернетот не е бил толку популарен, а мобилните ни служеа за титкање. Кој разбрал-разбрал, кој не мање битно, а денес се се дознава со брзина на светлината. На денешниве деца сѐ им е дозволено, фејсбуци, ајфони и неограничен нет имаат уште во второ одделение. Многу сме напредни. Како и да е срамот е на родителите. Цела државата да гледа што ти праве детето во школо, во земја би пропаднала
     
    sj *O*, Mari-Ja and EvAngelos like this.
  6. Snow white

    Snow white Популарен член

    Joined:
    Feb 29, 2016
    Messages:
    1,096
    Likes Received:
    1,945
    Gender:
    Female
    Скроз се согласувам со тебе... едноставно нема подобра одбрана од молчењето едноставно се на игнор тоа е најдобрата одбрана на која можиме да го научиме детето се да игнорира... Ова е претерано а ние сме сепак криви пред некоја недела бев излезена вцентар со колиличката и пред мене луѓе многу и мало детенце се тргна за да поминам со количката и мајката негова му се развика зошто дететво се тргнало да поминам со количиката ја слушам и вели шо се тргаш нека си почека така на сите ќе им правиш место стој до мене и уште еднаш да не си се мрднала и на шо личи тоа на воспитување? и после се чудиме зошто децата немаат култура ине даваат предности оти така ги учиме свесно или несвесно... Вакво нешто моето дете несмее да помисли да направи зошто како што јас сум се мачела за моето дете така и некој друг родител се мачел за неговото и да гледа родителот онака некој да се изживува со неговото дете или со моето небитно во двете страни се ставам ее НЕДОЗВОЛИВО...
     
    Rama and azelea like this.
  7. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Joined:
    Aug 30, 2015
    Messages:
    2,531
    Likes Received:
    28,822
    Gender:
    Female
    И тоа што се случи во Чаир и тоа со ученичката е грозно,ни едното,ни другото е за оправдување.
    Ама да бидеме искрени за двете работи нема да се преземе ништо и пак се враќаме на иста точка.
    Дно,дна држава сме.
    Младинава замина во неповрат која е вистинската причина поради тоа не знам.Ама голем удел имаат родителите барем јас така сметам.
    Тепачкава се случила како што разбрав во училишниот двор или сум грешка?
    Акое така каде се наставниците да реагираат на такво нешто,ако вејќе другиве ученици не реагираат и само се смеаат?
     
    Rama, PaLaVa, kikkki and 6 others like this.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    Значи на истрага и терапии треба да одат:
    - Девојчињата што ја тепаа
    - Децата што фаќаа сеир и снимаа
    - Сите нивни родители
    - Сериозна истрага дали психологот/педагогот знаел за однесувањето на овие девојчиња и зошто не реагирал. Ако е така, треба да има јавна опомена, за да се стресат и другите психолози од другите училишта и да си ја вршат работата, знаејќи дека иако од партија можеби им обезбедиле место, дека сепак може да летаат од работа.

    А да се пофали дечкото што изреагира и ги раздвои. Сепак треба храброст за да се оди спротивно на peer-pressure-от.
     
    kikkki, sj *O*, Mari-Ja and 2 others like this.
  9. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Joined:
    May 17, 2015
    Messages:
    1,146
    Likes Received:
    14,447
    Gender:
    Female
    Како дете кое беше малтретирано на училиште...се згрозив ;( Ми се вратија некои слики(иако никогаш не бе физички малтретирана) и бесот ми порасна во мене.За вакви две дивјачки пријавување во полиција,па нека се тегнат по кзнени домови и нека плаќаат родителите казни.Жал ми е за девојчето,класните раководители ретко кога реагираат,а и да изреагираат тоа ќе се сведе на укор и намалено поведние,што не би ги спречило повторно да го тепаат девојчето.А другите соученици,нормално ќе ги поддржат „фраеркиве“,и сите на девојчето.Знам,и мене истото ми го правеа.Психичко млатретирање,омаловажување.Му ја посакувам цела среќа на девојчево,да израсне без последици(иако некои од нив секогаш ќе има).Јас знам колку долго време ми требаше да се вратам во нормала.На ваквите им посакувам,да осетат на своја кожа,да им даде Господ деца,па да видат како е.На родителите и на девојчето им посакувам да останат силни,и да го пребродат ова.После ова се надевам дека ќе се зголеми свеста за насилството во училиштата,и дека педагошките служби ќе реагираат,а нема само да седат и кафе да пијат.Највиновни се родители,и нивното домашно воспитување,пардон разгалување.За жал,ваква младина расте во државата.Без да се едуцираат,не читаат книги,од 12 години се големи-и имаат односи,пијат,гледаат на тв и интернет ишто е за нив и што не е...и после доаѓаат на факултет (само се прашуваш како и зошто кога не сакаат да учат-на што добиваш одговор:да се има едно црно на бело) полуписмени.Срамота е и гревота.
     
    Rama, *Ench@nted*, PaLaVa and 7 others like this.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Joined:
    Oct 12, 2011
    Messages:
    5,083
    Likes Received:
    27,333
    Се згрозив од снимката. Можам само да замислам како ѝ било на тоа девојче и кои трауми може да ѝ ги остави понатаму вакво насилство и понижување.
    Сметам дека не треба да остане само на опомена некаква си или разговор. Кај вакви деца не се средува рабоатата само со разговор. Не знам законски како одат овие работи, ама построго треба да се реагира. Па макар и што се малолетни, ова не е во ред вака да се иживуваат. Не знам и понатаму во какви личности би израснале децава.
    Секако дека ваквото однесување потекнува до некаде од родителите. Но ваквиот став не е оправдување. Во мој клас во основно имаше двајца ученици, девојче и машко кои и мене ме исмејуваа и други од класот. Девојчето знам дека имаше разведени родители. Ама истите овие двајца имаа постари сестри што учеа во истото школо, а за кои сите наставници збореа дека се одлични и примерни ученици. Ете како различно биле воспитани, не знам.
    И јас сум од дисфункционално семејство, имам зборувано какви трауми имам. Ама никогаш не сум сакала да исмејувам некого, камо ли рака да кренам. Зошто знам дека не е во ред. Не ме учел никој, ама знам.
     
    Rama, forumce, sj *O* and 2 others like this.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,201
    Gender:
    Female
    Немам јас ништо грешка сфатено. Либерализмот вклучува разбирање за чинители на насилство и поблаги казни кон нив -- факт и законски регулирано. Анализирај ги децениите наназад во светот, преку 80-ти, 70-ти, 60-ти, да запреме на 1950-та година, споредувај со ова време кое го паметиш, и кажи дали криминалот и безредието се намалуваат или растат паралелно со порастот на либералноста? Прашај постар човек роден во 50-те да ти објасни дали во училишните клупи и надвор од нив, им биле толерирани и дозволени испади налик денешните што и јас и ти сме ги гледале во живо. Не ги идеализирам минатите времиња на сметка на денешното, имале многу недостатоци, но предност била поголемата сигурност. Луѓе кажуваат дека пред неколку децении не ги заклучувале вратите од домовите, што денес ми е незамисливо.
     
    Rama, sj *O* and Vitaly like this.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Joined:
    Nov 17, 2012
    Messages:
    13,119
    Likes Received:
    163,768
    Gender:
    Female
    Ај да се доискажам од вчера...
    Агресија нема никаква врска со либерализам, некои очигледно сакаат на секоја тема да се истакнат како најпаметни, а всушност поимите им се дебело измешани у глава. Али неврмајнд тоа...
    Никаква врска немаат ни стари ни нови времиња, единствената разлика е во снимањето со телефон и објавувањето на интернет, па со тоа уште поголемо психичко понижување за девојката, а и достапност на луѓе да видат со свои очи една ваква гадост и соодветно да реагираат.

    Родители и воспитување имаат голема улога во ова, ама нема врска со финансиска состојба („браво“ што се успеа и деца во семејства што се борат за егзистенција да се поистоветат со насилници! (facepalm)) - туку најмногу примитивно воспитување со мото „ќотекот е излезен од рајот“ не е зачудувачки да резултира со вакви случаи. Исто кога се работи за случки на училиште, виновни се и наставници/професори на кои во улога на професионалци им е гајле колку и на вас што релативизирате, стриктно часовите и интелектуалната настава си ги сметаат за нивна работа, а не се интересираат и мешаат во булинг меѓу ученици кои ескалира во ова.

    За видеото со пукањето во маркет едноставно не знам што би се коментирало освен шок и згрозеност, никој не рече дека не е нешто страшно, не значи дека е во ред ако за другово повеќе се анализира и коментира. Апсурд е да се споредуваат двата случаи.
     
    azelea, Nausicaa, Joi and 8 others like this.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,201
    Gender:
    Female
    Ти ќе одредуваш дали има или нема врска, како пијан за плот се држиш за тој еден снимен случај. И тебе ќе ти кажам, прашај стари луѓе дали тогаш како денес на час или во училиштето им биле дозволени испади против професори и против соученици, зошто не, и како би поминале за таква смелост во тие помалку либерални времиња. Пред да побиваш туѓи мислења, треба да имаш со што, а не сеа ај овие ме нервираат, па ќе ги провоцирам ад хоминем. Преиспитај се себе и своите сфаќања прво. Цело време се изјаснуваш како либерална личност, а си толку нетолерантна и полна со осуди само човек нешто да помисли, тоа е чудо.
     
    forumce, orevokrsacka, H.VAGA and 2 others like this.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,733
    Likes Received:
    38,466
    Gender:
    Female
    @sjdgo не сум смеела да помислам да нападнам наставник или професор. Затоа што од дома така ме учеа.

    За случкава најмногу се виновни родителите. Не си ги воспитуваат децата како што треба. И затоа децата стануваат насилници. Секогаш страдаат оние што се мирни. Се силат и на постари. Ти не знаеш кој е татко ми. На што личи тоа? Па и на професори им се закануваат со таа реченица. Домашно воспитување.
     
    Rama, Joi, sj *O* and 2 others like this.
  15. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Joined:
    Sep 19, 2014
    Messages:
    1,027
    Likes Received:
    2,774
    Кој е виновен не знам, мене уште повеќе ме изритираа личностите што биле околу, снимале и терале сеир наместо да спречат поголем инцидент. Само сеир да се терало, бруки.
    На запад со вакво однесување веднаш ги бркаат од училиште, а овде?
    Замислете, да и нанеле уште поголеми повреди на жртвата?
    И после ова, сигурна сум дека нема да има поголема казна освен намаленото поведение.
    Такви се законите овде.
     
    Rama, Joi, sj *O* and 2 others like this.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Joined:
    Jan 29, 2010
    Messages:
    3,840
    Likes Received:
    101,403
    Gender:
    Female
    Се тепало и во мое време.Само што тогаш не се снимаше со мобилни зашто немаше.
    И кога веќе решиле да се тепаат зошто не оделе една на една.Барем да има смисла ова.
    Искрено се ежам кога гледам,мразам насилство .А сите одоколу што гледаат и ништо не преземаат се наш индиго пример.
    Често читам дека родителите се криви, а знаете ли колку има деца кои имаат благи родители а истите се зло.
    Дали е нешто во генот,не знам.
    Но ова треба да се казни,родителите парично а децата мора да си го носат својот крст.Па нека биде тоа и исклучување и повторно полагање,советување...Ако се остави на случајност ова може да има поголем размер.
    Мора да се знае дека оваа држава не подржува насилство.

    Само дали така ќе биде?
     
    Joi, H.VAGA, Tan4ence and 4 others like this.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Joined:
    Apr 23, 2017
    Messages:
    7,014
    Likes Received:
    14,500
    Gender:
    Female
    беше и во наше време кубењето коси ама мерки и тоа како беа преземени,сега не верувам дека ќе преземат нешто.
    јас лично би се потрудила да спречам тепачка т.е да пробам да ја одбранам жртвата ама зависи од ситуацијата. Една моја пријателка беше ужасно изненадена кога од нигде никаде детр бега низ улици од двајца други и сирото тоа немајќи каде влегло кај пријателкава вдуќан и двајцава го притиснале вќош,едниот брутално тепа а другиот е штит да не може женава да реагира,таа едино посегна по телефонот да бара полиција. Двајцата се откажаа излегоа многу нормално детето сирото едвај се совзеде. Е поради тоа јас не би дозволила мое дете да се меша во училишни тепачки но веднаш да реагира кај надлежни-директор наставник воспитувач.... Никако да гледа и да се прави дека ништо не се случило. Да се тепа само кога е нападнато иинаку во никој случај.
     
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Joined:
    Jan 2, 2013
    Messages:
    5,335
    Likes Received:
    29,194
    Gender:
    Female
    Немој да ме јебеш... Точно е дека ни денес не сме блиску до отстранување булинг во школо, ама да се спомнуваат времиња од минатиот век како некој пример за идеалистична контрола од страна на авторитет... I call bullshit.
    Мој професор (роден '62) на шестгодишна возраст бил брутално истепан од страна на неговата учителка поради тоа што нацртал swastika во тетратката, иако немал појма што е тоа.

    Секако учителката не се соочила со никакви последици, бидејќи тоа бил стандарден начин на справување со работите, уште кога дедо ми одел во школо. Мислиш дека кога е општествено прифатено учителка да истепа шестгодишно дете, некој (истата учителка) ќе се потресе кога учениците се тепаат меѓу себе?
    Си ги вадите работиве од ракав и одите во крајности, како и обично.

    И ај ве молам сите што почнавте да влегувате во филмови како ова е вина на ајфоните и социјалните мрежи, демек зло на 21 век, младината се упропастува и слични веќе стопати слушани муабети, потсетете се дека толку омразената младина не се израснува сама по себе и вината всушност е во вас.

    Настрана тоа, неколку индивидуи не се пример за целата младина, па ве молам да не избрзувате со заклучоци за тоа кој сè не чини. Исто така, ваквите испади се случуваат поради љубомора и прикриени комплекси, слаба емоционална интелигенција, и како што спомна некој, менталитетот дека работите се решаваат со кубење коса (кој, да потенцирам, не е научен на јутјуб, туку од мама и тато). Појавата на деца со вакви ,,дијагнози" не е ретка појава, баш напротив, таа е константна во сите времиња, разликата е само како општеството реагира на нив.

    Некогаш учителките не се секираат, па и самите маваат, некогаш татко ти дупло повеќе те истепува дома, некогаш некој отстрана снима и го постира видеото на твитер...
    Сите начини се подеднакво неефективни. Најдобар начин е да се спречат насилствата со засилена контрола од тие на кои тоа им е работа, а не отпосле да мислиме како ќе ги казниме насилниците кога веќе штетата е направена.

    How about вие да му кажете на вашето дете да не помисли да влече некого за коса? Знам што ќе кажете, сите до еден си ги воспитувате децата да бидат најпримерни, истото би го кажал секој родител што постои на светов, а сепак пак имаме вакви случаи. Стварно замислете се чија е вината.
     
    WildMk, jacqueline.s, SV1911 and 10 others like this.
  19. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Joined:
    Jul 26, 2016
    Messages:
    2,593
    Likes Received:
    4,649
    Gender:
    Male
    Факт е дека денес ваквте случки се се почести. Порано не биле толку чести но ги имало благодарение на построгото воспитување и дома и во училиште. Ако тоа е лек за ваквите случување неможеш никого да убедиш дека таквото воспитување било лошо кога во пракса тоа било добро.
     
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Joined:
    Nov 17, 2012
    Messages:
    13,119
    Likes Received:
    163,768
    Gender:
    Female
    Не е точно и не е никаков факт, туку само уште една заблуда, клише, идеализирање на времиња во кое ни повозрасниве од тебе уште не биле родени, а не пак ти.
    Баш пред неколку дена видов пост во некоја група (Стари скопјани) во која постари луѓе евоцираат спомени, е еден имаше пишано за ферките како супер спомен, како нешто најнормално. И булинг постоел, само што не бил дефиниран и именуван така, па некои неинформирани и игнорантни персони кои не осетиле на своја кожа може да речат дека и тоа е нешто вообичаено меѓу деца, а именувањето и третирањето на појавава во новиве времиња е занес и пречувствителност, како што се вели за многу појави и состојби во денешно време.

    Пак ќе повторам, клучната разлика е само во технологијата, и тоа не преку влијание на социјални мрежи или не знам ти што, туку едноставно телефонот како обично средство за снимање на брукава, споделување и достапност на јавноста да види дека ова се случува.

    Квалитетот на училиштата, посебно основните е во хаос, наставниците (како и родителите) се многу незаинтересирани за односите меѓу учениците и нивната психа - но решение за тоа никако не е гледање назад во минатото и методите на воспитување тогаш, туку она што е потребно е вистинска стручност по најнови стандарди.
    А и поврзувањето на таа одбивна претерана строгост во училиштата пред децении и векови со вистинска заинтересираност, а не воведување ред само во работното време на тие наставници во минатото - е тешка и огромна заблуда.

    Јас на факултет сум на наставна насока, имам еден стручен предмет што се занимава со методи на предавање и учам како од професионален аспект се гледа на застарените методи на учење, па во нив и психолошкиот дел и справувањето со чувствата и однесувањето на учениците.
    Така што, никој не може да ме убеди дека е нормално да пекаме по старите начини на училишно воспитување (посебно кога тука се алудира и на можно кревање рака од страна на наставник за „превоспитување“), па колку сака нека изгледам како нетолерантна и фејк либерал во очите на посебни снегулки влезени во филм во секоја тема да се истакнуваат плукајќи по „мода“ и „либерализам“.
     
    Last edited: Apr 15, 2018
    WildMk, crimson, Tan4ence and 3 others like this.