Е, за ова си во право Повеќе би рекла во средно се натпреваруваат со ученичките која ќе биде поубава и подотерана. И тоа молење, ај научи ја таа и таа дефиниција за 2ка. Сè си има по школите, само контрола не
Срамота..не е океј да фрламе ѓубра туку така сепак некој чисти позади нас ама да го натепаш оди лечи се чиче..Срамота е.Ај малиов што испаднал некултурен ама овој испаднал дно-дна.Школството ни е ка-та-стро-фа вклучувајќи и го моето школо.Еден ден да ви снимаме ние средношколцте како ни е во школо мислам дека радо би не оставиле дома да седиме.Нас на последниов голем снег не избрка од училна а надвор снегот не беше исчистен .А бар да беше исчистено после тоа..гадно беше
Да се надоврзам за муабетот околу културата и воспитувањето на новите генерации. https://bukefal.club/2018/04/18/ita...koltsi-im-vrshele-nuzhda-na-podot-od-hotelot/ Невидена сељачана и примитивизам. На фејсбук дури прочитав коментари од типот: „ УБО НАПРАИЛЕ. НЕ САМО НА ИТАЛИЈА ТУКУ ТРЕБА ДА И СЕ ПОСЕРАТ НА ЦЕЛА ЕВРОПСКА УНИЈА ЗА ОВА ШТО НЕ МАЛТРЕТИРААТ И НЕПРИЗНАВААТ 27 ГОДИНИ. “ И зарем очекувате утре да градите иднина со вакви ретардирани морони? Пред некој ден прошетав низ Карпош и Аеродром. Секаде пред зградите купишта ѓубре. Деца, внуци им се играат таму низ тоа ѓубре. Ни да мрднат со прст.
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2807753/ Ништо ново, се перпетуираат циклуси додека не бидне нешто озбилно, па се заборава и повторно ке се потсетиме дека проблемот сеуште постои. Нова работа е социјалните мрежи/телефони со камери/видео па е толку јавно. На форуми фрлање камења (библиски смисол) не менува ништо. Одамна постојат вакви проблеми, но јавната свест не е дотолку загрижена, само кога има вакви сензационализирани настани ке се изнервираме и не правиме ништо во врска со тоа. Треба кампањи, реформација на едукациони системи, владина интервенција.. да не навлагам во политика. Веќе знаеме што сме и кои сме. На темата то ест.
Де бе луѓе аман, имајте осет. Сфаќам дека видеото е вознемирувачко, ама ако ве предизвикуваат вас на насилство, што го гледате? Знаеш, со вакви идеи за измачување не си ништо поразлична од нив. Мислете малку рационално.
Што се научиле сите со тепачки? Да ги прашаш сега и они нема да знаат зошто го млателе девојчето. Б А Н А Л Н О. Нели можат да седнат на раат, со муабет се' да средат или јас премногу барам? Туку некогаш и родителите не се криви. Знаеме во денешно време колку децава збеснуваат, ни родител ни професор не почитуваат. Влезени се во некој филм дека се јаки и никој ништо не им може, јачи се од судбине Кадарот во училиштата исто така ни е на најниско ниво. Се степале деца, не е проблем ќе се смират, другарчиња се. Го избодел со нож, не е проблем во друго школо ќе го префрлиме. А чекај, во тој случај нема да го повтори делото? Треба многу работи да се променат за да почнеме да функционираме правилно.
Деновиве Неготино го ,,тресе,, нов скандал, кој повторно е поврзан со ученици, ама овојпат средношколци. За да не пре-раскажувам, во спојлер е приказната, која е превземена од ,,Букефал,, Spoiler: Неготински средношколци Хотелите не сакаат веќе да работат со македонски групи за екскурзии, заради отсуство на елементарна култура! Снежана Стојановиќ, тур оператор за Италија и Европа од A&A Group DMC, која што соработувала со туристичката агенција ,,Балкан турист’’, која се најде во центарот на вниманието со средношколците од Неготино, оставени во Италија, по писмен пат ја прекинала соработката со групи од Македонија. Како што е наведено во писмото, причината за тоа е големо невоспитување на средношколците, пишува Фокус. Тони Ристовски, сопственикот на агенцијата ,,Балкан турист’’ го доставил писмото од Стојановиќ до Фокус. -,,Здраво Тони Ти праќам фотографија од купатилото на собата 55 каде некој извршил нужда на подот. Од хотелот ме повикаа утринава и имавме еден долг разговор на тема образование односно необразование и невоспитување на личноста која го сторила тоа. Жената која ги чисти собите не сакала тоа да го избрише, бидејќи никој не е должен да избрише такво нешто освен личноста која го направила. Навистина сите се запрепастени од таквото некултурно и срамно однесување под секое ниво на елементарната култура. Не ми е јасно како вашите професори немаат никаков авторитет во однос на воспитувањето и однесувањето на нивните ученици. Сите хотели се жалеа на нивниот однос и однесување, односно дивеење по хотелите до раните утрински часови. Навистина не ми е јасно што правеа професорите? ПС Хотелите не сакаат повеќе да работат со македонски групи затоа што покажаа невоспитување. Мене ми е жал, но во иднина јас твоите групи од Македонија нема да ги примам. Не сакам да ја доведам во прашање мојата долгогодишна соработка со хотелите поради вашите групи кои се однесуваат во хотелите под секоја елементарна основна култура. Тоа што го сториле е навистина срамно – го пренесува Фокус писмото потпишано од Стојановиќ. Средношколската екскурзија на учениците од трета година на СОУ ,,Свети Кирил и Методиј’, се одржала од 2 до 8 април. Двајца ученици биле оставени сами во Италија, затоа што не се појавиле во договореното време, а групата продолжила во Франција. Екскурзијата на ученици од трета година од СОУ ,,Свети Кирил и Методиј’’, започнала и се одвивала според однапред договорениот план. Четири ноќевања и полупансион, посета на Венеција, Верона и Милано во Италија и посета на Ница, Кан и Монте Карло во Франција била понудата на туристичката агенција ,,Балкан Турист’’ од Кавадарци, чиј сопственик е Тони Ристовски, кој заедно со уште двајца претставници од агенцијата бил присутен на екскурзијата, а покрај нив децата ги придружувале и девет професори и еден лекар. Присутни биле 133 ученици, сместени биле во два хотели, а се патувало со три автобуси. По враќањето од екскурзијата, родители на социјалните мрежи обелоденија дека се случил скандал, кога две деца биле оставени во хотелот во Италија, бидејќи доцнеле петнаесеттина минути, а целата група со професорите и средношколците без нив, со автобусите продолжила во Франција. Децата го минале целиот ден во Италија сами, а групата се вратила назад дури во вечерните часови. Нивната реакција веднаш беше пренесена од страна на повеќе медиуми во земјава, пренесува Фокус. Се прашувам: -Каде грешиме во воспитувањето на децата? -Дали постапката е револт кон нешто сосема друго (алудирам на политичка конотација) или едноставно се должи на лошо домашно воспитување ? -Треба ли да се воведат промени во образованието и да се воведуваат предмети како ,,општа култура и однесување,, ? -Дали наставниците и родителите можат да влијаат врз средношколците ?
Тука има две работи. Прво, две деца биле оставени сами на себе во Италија. што е недозволиво, децата биле пратени под надзор во странска земја. Како можеле да ги остават? Втората работа е ова со писмово кое тој од агенцијата самиот го однел во Фокус, откако учениците се жалеле на неговото однесување и дека ги навредувал. Сме биле сите на екскурзија, знаеме како е, не дека децата биле цвеќиња за мирисање, ама тоа што овој сам го однел писмото малку наведува дека сака со друга работа да го сврти вниманието од себе. Оставил деца сами во хотел, учениците се жалат и на други работи, ништо не било исполнето што било ветено. Тука нешто мириса, не ќе да е само изметот на подот.
Мислам дека со писмото сака да се огради од ,,авантурите,, на учениците. Оставил деца?! Па тој е водич на патувањето и не е воопшто одговорен за бројот на децата ! Девет (9) професори биле на 133 деца, што значи дека еден професор е одговорен за 15 деца-средношколци, што е сосема оптимален број за да можеш да внимаваш на нив.Од каде одговорноста на водачот на групата ?! Колку што знам, водичите се одговорни за текот на патувањето и за сместувањето во хотелот, како и за исполнувањето на сите однапред договорени тури, ама не и за тоа кое дете заспало и не стасало на доручек. Во врска со подвлеченото...кои ,,други,, работи ? Може линк ?
Прво што ми излезе кога пребарав за ученициве е дека имало оставени ученици, воопшто не ми излезе ова со писмото. Директорката и професорите се обврзани да се грижат за децата, точно, затоа и од неа се бара одговорност, но она што го прочитав вика, цитирам: "Но професорите не можеле да се спротивстават на сопственикот на туристичката агенција, инаку пријател на директорката на гимназијата, кој не сакал ни 10 минути да ги почекаат двајцата ученици." И наводно затоа ги оставиле. Другите работи кои се наведени се: Покрај овој скандал учениците коментираат дека се излажани за хотелското сместување кое било многу полошо од тоа за кое било платено. Тие престојувале во ладни простории, автобусите со кои патувале исто така немале греење, голем дел од програмата за која биле дадена пари не била остварена, а во Милано, на дожд, цели два часа биле оставени да смрзнуваат и гладуваат на улица. Покрај тоа учениците се жалат од безобразниот и некоректен однос на сопственикот на агенцијата и возачите на автобусите. Родителите бараат директорката да поднесе целосна одговорност за настанот. Истата приказна е пренесена на повеќе портали. http://vesnik.com/life/srednoshkolc...a-direktorkata-si-ja-prodolzhila-ekskurzijata Оттаму ми е и впечатокот за сопственикот на агенцијата дека сака да се покрие некако по целата лошо изведена екскурзија од негова страна.
Водичот како што го нарекувате е всушност пратител и треба телефонски да се обиде да ги контактира тие што задоцниле, доколку не може, тропа на вратата од собата.. Доколку и тогаш нема одговор, се чека 15тина минути по протокол и се заминува. Водичот со лиценца може да води тури во МК, за надвор е пратител на група и тоа е посебна лиценца Агенцијата не сноси одговорност за оставени ученици затоа што ниту еден писмен акт не ја обврзува на тоа, ниту пак таков договор имаат потпишано со родителите (доколку се малолетни во моментот) Доколку се полнолетни, секој е одговорен за себе, ако добро ме служи меморијава ниту професорките не можат да преземат одговорност за нив. Инаку, на тие екскурзии особено во Италија и Франција, ретко, скоро никогаш собите не се двокреветни Така да малку ми е чудно што само 2 ученици биле оставени.. Можеби е повеќе за скандал..
Во последно време се соочуваме со невоспитани и разгалени деца , со кои ни сопствените родители неможат да се справат а не некој друг, па целата ситуација ме наведува да мислам дека се работи за тинејџерски каприц поради кој се случил целиов скандал. Ако на екскурзијата биле 133 деца и ако 131 дете сфатило дека се доручкува во 8 и се трга на пат во друга држава во 9, тогаш треба навистина да се замислиме каков е менталниот склоп на двајцата ,,оставени,, Сигурна сум дека и другата страна ќе даде изјава и демант. Да не судиме слушајќи ја само едната страна.
На наставниците кој им плаќа да одат? Според мене, наставник требало да остане во хотелот и да ги чува децата. Еве да не бил директорот водич туку најмен водич, сосема 10та особа, кој ќе беше крив? Убаво пишал, за две деца 131 пропуштаат. Сега се нешто ќе наоѓаат да се жалат, а на директорот кој ќе му надомести штета што изгубил соработка со италијаните? Среќа што добро се завршило, за памет ова нека им е. Страшна е денешнава младина, добро е и шти се нафатиле да ги носат...
Каков и да им е менталниот склоп како може да се остават во туѓа држава сами? Според пишаното не им ни кажале, отишле децава на паркинг и ги немало автобусите. Што не им рекла кога и се јавиле, нема доручек, тргаме одма. Верувам дека вака преку портали не може да се знае што точно се случило, се пумпаат најчесто работите за кликови, како ова со писмово, шокирано, дрн дрн, тоа па не да е премногу... Баш сега дека е актуелно тоа колку е невоспитана младината може и да се протнат вакви "вести". Ама знаеме и какви ни се агенциите од друга страна.
Леле, Референтка, каков бил менталниот склоп на двајцата ако они не сфатиле дека се трга во 9? Каков е менталниот склоп на тој кој од инает тебе те остава и не се ни труди да те најде и врати дома, а ти си му платил. Што бараш да водиш деца и екскурзии? Што бараш да водиш туристичка агенција, ако не си способен да се справиш со елементарна работа како да однесеш и вратиш 133 деца? Ти таа тура и тие пари што ќе ти легнат на сметка ја тераш оти тие две деца исто му платиле! Иста сума ко и останатите “паметните“. Ако му платиле, негова должност е да ги врати и оро да игра. Јас да сум родителот, парче ќе го направев да ми го остави детето. Не уште некој да полемизира каков бил менталниот склоп на детето. Богдачува. Во последно време се соочуваме и со безобразни агенции кои не заслужуваат да се агенции. Кои ветуваат и не остваруваат, и кои оставаат гости без смештај, без храна, без многу од основните работи кои ги ветуваат. Затоа, да не го вртиме вниманието на тоа какви пурјаци невоспитани биле децата наши, оти и мене ми звучи ко некој (агенцијата, а знаеме какви се) да си ја ишка мувата од капата. Да оставиш две деца сами, а ги носиш со автобус -значи, можеш и да подзакасниш, нешто сериозно треба да ти фали во главата ко прво. Ко второ, што агенција си ти? Кој тоа тебе ти дал лиценца? И кој тоа тебе те избрал да ги носиш децата? Што мајка си се пријавил да организираш тура, ако знаеме какви се децата?
Професорите што се нафатиле да ги носат децата (кои баш и не се деца на тие години туку тинејџери ) верувам дека за тие 3-4 год колку што учеле во школото знаеле т.е. добро биле запознаени со нивниот однос. Тука најголем проблем е што типично македонски, бесплатно патување или кажано како-кад је гага и киселина је блага па ај ќе ги носам. Што ако се такви. Што не реагирале уште од овде!? Чим се невоспитани се знае-намалено поведение. Чим е намалено не може да одат и крај. Директорот не дава. Ама не. Повеќе треба да одат за повеќе пари да се дадат. Не дек тие биле воспитани. Не дека тие тинејџери се во право ама чим си се нафатил да ги носиш треба и да ги вратиш. Па тука казнувај ги колку сакаш.
Не се појавиле во договореното време читај биле мортус пијани претходната вечер. Така секогаш се прави по екскурзии и сабајлето не можат да се освестат. Сите можеле да отидат, само они двајца пази ги заборавиле. Овие се разгалени луѓе што се им е дадено на тацна. Не знаат што да прават од глупирање. Ајде нека отиде на екскурзија некое поскромно и посиромашно дете па да видиме дали ќе се пијанчи, ќе врши нужда во соба или ќе оди со радост по сите места. И ајде што не се појавиле на договореното место, па морале таков чин да извршат? Па и чистачките и собарките се луѓе. Гадови невоспитани.
Јас сакам сликите од вцто во хотелот да ги објават (pics or it didn't happen) На еден портал пишуваше дека 2 факултативи не ги посетиле оти водачот не можеле да го разбудат. Мене ми се чини дека агенцијата ќе напише се и сешто сега, само да не излезе дека тие се "лошите".
Не можам да сфатам зошто еден професор не останал да чека/бара децата. Ај ако морале да одат, ај ако не сакале другите деца да го испуштат денот, ај ако не сакале да почекаат колективно... Ама тие деца се одговорност на професорите. Мора барем еден да останел таму. Малолетни се, деца, со кој памет ги оставиле и си заминале.
Пошо им се шетало и на професорите. Ај што им е сѐ бесплатно, и сите факултативи платени, агенцијата им дава и дневници затоа што се грижат за децата. Значи на "печалба" одат, и ни еден не бил човек да остане со тие деца.