Ти се чудам на размислувањето,ти си писмена и паметна девојка. Адвокатите оправдале силување?? Па адвокати се, што очекуваш, ако треба и убијци ќе бранат тоа им е работа.
Оправдуваат силување на *малолетно лице. Работа им е на адвокатите да извлечат најмалку казна од таа што ја заслужуваат, и да убиеш некој да извлечат според сите околности најмалце казна . Тука има доказ најверојатно видео снимки за повеќето од нив.
Луѓе не знам во каков свет живеете. Свесетете се, нема правда. Адвокатите се платени да ги бранат клиентите, и нив не им е битно што направил клиентот, битно им е да победат, и толку. Ако сакате да ве освежам со случајот за 16 месечното бебе што беше оставено само, за мајката да отиде на одмор. Бебето почина, мајката е на слобода. Знаеш зашто? Добар адвокат. Јас би ја линчувала на сред плоштад ако ме прашуваш. Ама јбг, живееме во свет каде што ако платиш добар адвокат, нема да одговараш дури ни ако го убиеш сопственото дете на грозоморен начин.
Леле многу тежок случаj, не ми се ни пишува не сакам ни коментари да ми сотојат искрено. Така си го оставила 16 месечно бебче и си отишла 11 дена на одмор. Оставила неколку шишиња млеко и тоа е тоа. Ужас. Страшно. Плачам, срцево ми се кине кога мислам на тоа душиче...
Ама знаеш за убиство велат дека не се случило, лажат адвокатите, тоест тврдат дека клиените се невини, а овде признаа дека се случило, ама девојчето зацрнила некоја фамилија, удрила некој човек со кола, па сите ја знаеле. Значи признаа дека луѓево се педофили, ама демек девојчево си го барало. Делото го признаа вака или така, ама требало да бидат ослободени осудените. Нека им поднесат утре од Меѓаши, и други женски нво кривична на адвокатите, па ќе видиме дали ќе е сеедно. Што ако се адвокати, демек не ги фаќа закон нив? И нели адвокатот од Прилеп се нафати да брани осомничен дека пипкал деца, тренер, и кажа дека ако излезе еден доказ дека е виновен, нема да го брани и така и постапи. Е тоа е човек. Ние да имаме саглам судски органи, дали по допрен глас адвокатите ќе беа повикани во суд, за изјавите со кои си оправдаа педофилија?
Прво ја осудија на доживотен, па после по поплака, и сведочење на нејзините родители дека не била во стабилна психичка состојба, ја ослободија и дадоа некоја минимлна казна, нешто да се лекува и кратко да биде во затвор, додека пратев случајот, сега веќе немам сила да пратам, али таа заслужува смртна казна!!!
Замислете ги истиве адвокати да бранат девојка на која бивши дечко и пуштил во етер една експлицитна фотографија, е замислете во таква ситуација како ќе се однесуваа и што ќе зборуваа. Дуковски порано беше соработник или работеше во Хелсиншки.
И за вакви уште нема бесење на плоштад и да ги плукаме? Штета. Значи треба вакви јавно да се судат, сите нервози, ПМС, хормони
Во Велес врсничко насилство во ОУ-Блаже Конески. 7мо одделенец задавил 6то одделенец. Детето е во критична состојба. Дума.мк портал објави дека дететво паднало на рамна површина. Страшно како се прикриваат настаните. Се запрепастив, потресена сум од вчера.
Освен Дума.мк вестите не се објавени на други портали. Како шо гледам Duma.mk не е во изворите на time Инаку насловите се креираат зависно потребата и пропагандата која се тера. Да беше релација жена - маж насилство секако ќе беше пренагласено. Голена штета, ги испуштивме младите... и самите ние со нив... Се надевам дека е можно да помине без тешки последици
Не знам зошто не пишуваат, се знае се. Давено до степен да му тече крв од уши. Детево што давело ( насилникот) било на некој вработен во Општината. Господ да го чува детето, и дај боже да преживее. Вчера имаше полиција и брза помош во училиштето и беше забрането минење. Зошто се прикрива не знам.
Леле, што зборувате... ц ц ц. За греота детенцето, отишло на училиште, сега за живот се бори Прежално!
Страшно! Дали е пријавено ви полиција? Ако излезе во МВР Билтен, ќе мора точно да објават медиумите, а не поради пад. Додуша, во државава, шо од шо покорумпирано…
Да пријавено е, сега дума.мк напишаа нова објава дека е врсничко насилство, информација од МВР. Сега ќе има и во сите портали, училиштето денес ќе излезе со соопштение. Ако немаше коментари дека се прикрива мислам дека немаше да напишат нова објава.