Еве ова - дека всушност дечко и ја повлекол и дал лажна изјава, за случајот со Викторија, не го знаев. Тоа многу кажува за селективноста, односно стручноста на медиумите во пренесување на информации.
Како може да ти излета пешак на пешачки? Нели очекуваш пешак на пешачки? Кај нас се научени возат и не подзастануваат ич, па затоа и им излетуваат пешаци. Еве, кажи ми во Словенија дали исто летаат како кај нас? Плус, не за џабе треба да се прилагоди брзината кога се приближуваш на пешачки или раскрсница. Овој, да возел со таа брзина што ја зборите, нема шанси да ја удрел толку силно, за да летне девојчето. Ајде, да не се праиме луди сега. На крај ќе излезе дека лазел, оваа под кола му се џитнала. Јасно е како се испревртуваат фактите кај нас, ама фактичката состојба друго збори. Размисли логички, ќе видиш дека е така и дека нема оправдување ама баш никакво.
Ќе напишам нешто ќе ме напднат одма. Не летаат воглавно, ама има млади дечки де кои пробуваат да летаат. Тука речиси секаде има лежачки полицаец, на главната улица која води до граница и прометна, а спроти има средно школо, има семафор. Има сообраќајки, особено на кружните токови, ама поретки се каде што пешак е удрен. Сите застануваат воглавно и се вози побавно. А ти пишав мое невнимание, не го видов, ама дали и 20 возев пред пешачки.
Татко му како воено лице, доколку му сакал добро на детево ,ќе го пикнел во војска ,под негова наредба да го држат премногу строго ,да научи за ред и дисциплина.А не да му испунува хирови.
Има луѓе кои се преемотивни и кои не можат да дојдат. Тоа ти што си била два пати не те прави нешто подобра личност од другите. Немој со вакви муабети со непознати на форум пошто не знаеш кој каква мака си има на својот грб. Сите сме во жалост заради случајот, никој не се израдува ама дозволете секој да си жали на свој начин.
Ќе се мењавал системот? Детево со мобилен е у притвор. Јас пак за родителите ќе речам, самите создале монструм!
Па добро. Затоа е пешачки. Кога наближуваш на пешачки вртиш глава лево десно или не ?! Кај полагавте бе луѓе ?
Сите учествуваме во сообраќај и никој не внимава, ни пешаците ни возачите. Има и невнимателни пешаци, не почитуваат правила, си поминуваат на црвен пешачки семафор или подолу има пешачки, тие поминуваат сред улица. Исто и возачите, на пешачки ако нема семафор ќе се изначекаш, пошто ретко кој застанува, или еден ќе застане а другиот ќе те качи на хауба. Пола и повеќе не знаат ни да возат ко што треба, основни правила на знаат. Татко му треба дома да го научи на ред и дисциплина. Ти во војска научи или дома те учеа? Тие работи првенствено од дома потекнуваат.
Пешакот исто како и шоферот МОРА да гледа кога префрлува. Ако јас видам пешак на сред кружно треба да го згазам зошто кога полагав ми кажаа дека имам предност? Не може телефонот в рака и скокни на пешачки, посебно тие со велосипеди.
Шофер сум па еве случки од мојот живот: 1. На црвено за пешаци, со слушалици на мобилен гледа врви на пешачки. Среќа беше кривина, возев бавно и закочив и немаше некој позади мене. Дечкото не ме ни регистрира. Јас се паркирав понастрана да се смирам. 2. На главна улица од споредна искача со тротинет како на ливада.. 3. Претрчува на сред партизанска скока жардиниери . Не дај боже се сопнува паѓа кој е крив? И најстрашното, деца на тротинети возат на улица. Дете и родител на еден тротинет.
Мора и пешакот да гледа исто како и возачот сепак и тој е учесник во сообраќај. Иако возачот мора да намали брзина на пешачки и да види дали има пешаци, пешакот не е ослободен од одговорност. Е сега, тука како тргнало треба и на небо и на земја да гледаш и уште еден пар очи да развиеш пошто знаеме дека нема основна култура.
Баш така, и тоа како имаш безобразни пешаци кои поминуваат каде ќе им текне и кога ќе им се присака дури не погледнуваат ни лево ни десно, демек пешак сум што сакам ќе правам. Скоро секогаш кога и да возам гледам вакви случаеви.