А вистина постои видео веднаш од несреќата? Баш сакам да ми го прати некоја да видам дали навистина има чувства.
На Васо одма со привилегии му обезбедиле убава соба во Шутка и телефон, платено за се.. Греота девојчето што си умре ни криво ни должно, овој после се излеа никаква казна нема да има.. Не ми е јасно како може родител да е толку слеп и глув, да не осеќа со болката на родителите кои изгубиле дете и само неговото дете да му е важно, абе остави го таму нека му дојде памет, како можеле одма да фаќаат врски за телефон да му се даде и соба поубава.. Ако имав жал за нив 0.001% бидејќи не можеш да знаеш дали детето утре ќе ти стане кримос или не, сега ни толку немам жал за нив, дебили и мајката и таткото..
На сите што сме возачи, некој ни истрчал пред кола. Не на пешачки, преку жардињера, било каде. ЗАТОА има ограничување на брзина!! Затоа има зона 30, зона 50. Затоа што 1. Имаш време да изреагираш и 2. Ако немаш, шансите фатално да заврши тој удар со 30 и 50 се речиси непостоечки. НЕ ТРЕБА СИТЕ ДА ВОЗАТ. Оној момент кога седнуваш зад волан МОРА да си свесен дека управуваш со смртоносно оружје и така со почит да се однесуваш кон истото. Сите што возиме може да имаме некаква несреќа. ОВА НЕ Е НЕСРЕЌА.
Има видео после несреќата како Васо стои покрај телото на девојката и се дере: ,,леле што направив". За друго видео не знам.
Не ми се верува дека 3 страни се пишува дал е телефон или не, од авион се гледа, а ич не ме чуди што успеале да му протнат уште прв ден. Епа ако за денес не било јасно дека ќе има собирање, иако се збореше и пишуваше уште од вчера дека ќе се продолжи и во наредните денови, се надевам дека утре ќе биде успешен. Јас немав срце да преминам баш од кај пешачкиот денес
Многу добро знам како се добиваат телефони во шутка. Даваш 300 евра до 500 зависи каков телефон и ти носат одма. Е сега замислете вака - Дрогираш , воси пијан , со 130 на сред град, усмртува девојка, па и ке се ангажирам телефон да му дадат. Да ти се намочам во тоа родителите
Јас кога отворив едно од таквите објави, немаше веке видео. Ваљда беше тргнато. Само да резимирам, оти немам мир два дена од темава, ни вести можам да слушам ни политичари ни ништо,ако, -возење без возачка, -брзина далеку од пропишаната -возење во алкохолизирана состојба не е убиство со умисла, незнам што ли е друго. 20 години има магарето, а не 5 па неможи да размисли со своја глава на последиците. Доста со казни 2-3 годишни за убиства. Тежината на делото е еднакво на убиство од огнено оружје. Ако не и полоша.
Со другар зборев што лежеше во затвор, вика нека му ја мисли Васо ако не им ги плати телефоните на сите од келија што им ги земале поради него.. 5 телефони ако им земале поради него, на сите ќе им врати пари за телефоните што ги земале поради него.
Море ако навистина е вмешана и Шеќеринска , овде многу пари ќе се фрлат да Не се размота клопчето. Та судијка , та обвинител ...многу виновници има во овој случај . Затоа на протести мора ! Секој да си одговара за своето злодело
Се прашувам, каков ли ќе беше исходот од целата ситуација доколку немаше јавна реакција? Повеќе од очигледно е дека, јавните институции без исклучок, постојано затајуваат и поглегнуваат на врски… Лекцијата е далеку од научена.
Море изгледа и од другата партија се замешани, штом во јули е пуштен. И плус сега одма добива телефон Ќе обвинат некој полицаец, ќе заташкаат. Знаеме како врви бизнисот. Го има Пандов на сител, потврди дека табакерата е мобилен
На Твитер обиди за делегитимација на протестите. Среќа па малцинството верува во тие глупости. Не дечки, рацете со црвена боја и отпечатоците што се оставија вчера не се Шарена Револуција, симболиката им е друга и е мотивирана од српските студенти и народ кои неретко се појавуваат со такви транспаренти "Krvave su vam ruke" и обоени раце во црвено. Аман, се гледа дека е чист граѓански револт. Студентите организираат затоа што од соседството видоа колкава моќ имаат. Ако бидат паметни како нив и се оградуваат од било какви обиди за наметнување, верувам дека ќе добиваат сè повеќе поддршка. Време е да пукне балонот. И анти - Влада, и анти - опозиција. Крај. Доста беше. Фросина сега. Фросина пред некоја година. Викторија. Којзнае колку други жртви од такви инциденти. 45 души ни изгореа во Бугарија, 14 во Тетово, 13 загинаа во автобуската несреќа на Дурмо Турс. Онкологија. Козле. Лидери во загаден воздух. Осакатени пациенти од лекарски грешки. Нешто и сигурно заборавам за жал. Редно е да кренеме глас.