Секогаш иста приказна, обвини ја опозицијата, иако ти имаш тотална власт во државата. Аха, Шеќеринска е крива. Обавезно. А онаа па Јанкулоска твитнала, зарем можеме да и го заборавиме тефтерот? Колку луѓе изгазија, кој лежеше од нивните? Ќе рикаат пак ко Вучич сега, странски служби ја рушеле државата
Аааа гарант има замешани и од вемерото. Нели старателот на Васо бил активист пишуваше. Плус у сегашнава власт нели го "судеа". Затоа пишав дека многу пари ќе се фрлат , само да не се размота клопчето. Сегашнава власт според мене е најголемиот виновник , да не се разбереме погрешно . Шеќеринска ја пишав како + вмешана ( ако воопшто е точно тоа ). Сегашниве што се криви ,криви се , апсолутно !
Ете, ја отеравте во политика работава. Знаев дека ќе се исполитизира Фросина исто како Тамара и Мартин.
Точно. Никому не е целта државен удар и бутање на власт (ја бутнавме, два пати) туку целта е ОВАА власт да се занимава со она што на нас ни е најважно, да не дреме во фотељи и да се вади како претходните "со години уништувале". Океј, затоа сте вие сега тука, фатете се за работа. Јас вистински промени за речиси цела година не гледам, така што, да, мораме да ги натераме.
Не е само каков ќе беше, туку каков ќе биде сега натаму. Оти може и сега да го пикнат во притвор, да почекаат да се смири тензија, па нешто одлагаат судења демек не знам што, на крај некоја условна и ај на здравје. Веч видено, за жал. Типот што ги уби дечките во Охрид и тешко повреди 3 девојки (кај Св. Наум сообраќајката) доби условна. Возел со 100+ кај што се вози 60, влегува во спротивна и директно се судира со колава со дечкиве. Да, условна. Ама заборавивме... Убиецот на Иван Билински си кидна странство, со години се влечеше судењето додека типот си кулираше во Австрија мислам беше. И еве се заборави и тоа дете, нема притисок, неговите само може да се надеваат дека некогаш ќе дојде правда. Дури наводно и веќе застари тој случај, повеќе не ни може да очекуваме нешо. Сообраќајката кај Млечен, исто некоја условна беше. Жената што преживеа беше адвокат и мислам пак не успеа да извлече правда. И за овие гореа социјални мрежи ама пак, заборавивме и правда не добија никогаш. И десетина други што не ми ни текнуваат веќе. Затоа до над е да не застануваме на протести од три дена па да чекаме некој од нас да е следен пред да се дигнеме пак.
И Влада да си работи ко што треба, и опозиција конструктивно да критикува кога треба, и да сугерира, и тоа да биде критички прифатено/ одбиено, и ние како народ барем за 1% да се смениме кон подобро, и и и... и да профункционираме како општество барем минимално. Сега сме ништо. Знам, многу оптимистично, ама сум под импресии од север и искрено, љубоморам.
И јас. Со Хрватите се обединија! Вакво нешто не се памти, нашиве да имаат иницијатива, ќе ги поддржувам секој ден.
На инстаграм страната "koj e Sleden" гледам дека студенти добро се подготвуваат за утре. Ајде да видиме.
Тоа е твое искрено размислување дека не е целта смена на власт ама реалноста е дека ќе се прави нова шарена. Бев вчера на протест и видов. Девојките што шараа и викаа во прв ред пред судот беа Нво шарени. Тоа е таа мантра, за онкологија и модуларна немаше протести и истурање црвени бои зошто тогаш нивните беа на власт. Пак се пробува да се искористи немил настан во политички цели. Јас ако се прашувам до сега директорот на Шутка требаше да даде оставка заради телефонот а судијката што го ослободи да добие дисциплинска. Ама јас размислувам неутрално, а кај нас се е политички.
А за што ке се прави Шарена ? За кој да дојде на власт ? Тие што беа претходно ? Или овие што се сега а што исто беа претходно .? Ги знаеме и едните и другите. Исти говна се. Треба да се бориме против корумпираното судство.
Па политичари и обвинители од две партии го переле малиот. Инаку и на Фросина фамилијата е ВМРО активисти и тоа гласни подржувачи, и со бизниси со се.. така да не верувам да остават така.
Шарената да се тргне од овој случај! Како можете да мешате политика не ми е јасно... Немој да мешате политика и да браните неодбранливо. За ова дете вака да дивее цел распад систем бил позади него сите партии го чувале. Најсериозно веќе не е важно од која партија се, тотално е небитно, детево со криминално досие си харало низ Скопје без око да му трепне. Родителите го поддржувале. Судии го поддржувале. Васил уби невино девојче. Заебете се друго од муабети. И не ја мешајте Србија, аман! Глејте си дома да се среди заебете споредба со други држави.
Многу е лесно во затвор да забранат телефони, стави блокатори на сигнал и со телефоните ќе можат само да се сликаат.. Ама не, им одговара бизнис модел, 500 евра еден телефон да продаваат на затвореници.. Многу е едноставно решението, само треба да сакаш..
СДС не се враќаат во догледно време на власт секако, очигледно беше на изборите, утре да се повторат ист резултат ќе биде. Да не навлегувам понатаму. НВО нема зошто да не се приклучат, не гледам проблем во истите.
Ти или си Марга од Твитер или таа ти е идол. Сиве теми што се за некаков граѓански револт ги спамаш со иста мантра, дај ти се молам. Ни обид ни ништо за шарена не успева сега, просто премногу ни се свежи претходните, а актуелни сегашниве за да знаеме дека нема аир од никој од нив! Плус гледа народ, гледа што се дешава во екс - Ју, гледа дека не мора да е сè според политика. Искрено како некоја секта сте на Твитер што пробува да ги оцрни протестиве со политика, ама жалам, не е така и нема да ви успее. Оставете ги студентите да си го направат своето.
Не е штека цигари, убави парички си зимаат командири, стражарите по затворите. И од прв ден си добиваат телефони. Идризово мислиш хотел е во некои оддели. Телевизори, фрижидери, теретани. Се си имаат.
Мене ми се гади од луѓе шо пробват протестите да ги обојат политички. И од политичари шо пробват да собират поени на ваква трагедија. Не е ко да има корупција само во едната партија. Сите се исто големо гомно. За да стигниме до тука значи само дека секој еден шо ќе дојди на власт, не прај ништо за корупцијата. Но, тоа не е се! Ја продлабочва. И то е уствари проблемот. И ми се гади оти пробват толку голема граѓанска иницијатива, непартиска, да ја бојат партиски.