Во ред. Апсолутно сум против силување, трагикомични и ретардирани ми се дофрлувања од кола и на улица. Тоа е мојот став и сметам дека облеката е само глуп изговор за силување. Тој што има нагон да силува ќе го стори тоа и со калуѓерка.
Не ме смејте со споредбиве. И што ако девојка испровоцира со облека? Зошто мене би ме засегало како некој реагира на мојот физички изглед? Ако мене некој ме нервира како појава и ми предизвикува бес како што на таквите миничот им предизвикува сексуална возбуда, би било ли океј и нормално да го начекам во некоја уличка и да го претепам оставајќи му трајни психички и физички последици? Ќе се извадам ли пред народ дека сам си го барал пошто ме испровоцирал, има одбивна фаца, препотентен е и ми иде на живци? Значи 90% од обидите за силување се случуваат по влезови, улички, паркови, темни нераздвижени места кај што е тешко на настанот да посведочат случајни минувачи. И не ми правете филмови дека девојка ќе натегне минич и ќе извади цицки за да провоцира во таква ситуација. Жртви се неретко и постари жени во години кои не можат да се одбранат. Што, и тие да не случајно провоцираат?
Изговорот со облека е многу глуп. Било како да се облечете манијак ќе се обиде да ве силува. Тоа е психички проблем, а не сексуален. Зарем мали девојчиња провокативно се облекуваат, па има илјадници обиди од мажи да силуваат девојче. Не знам што би додал. Борете се, кревајте кампањи, барајте правда. Само тоа што полицијата ќе ве откачи не е резултат на некој вид сексизам или било што, туку едноставно на МВР не им се работи воопшто. Илјадници предмети стојат кај нив неразрешени. Си го прчат по кафанчиња.
Има теми на кои нема место за тролање. Твоите остроумни „смешки“, исто како и оние на господата кои се потсмеваа на жени што раскажуваа на фб лични приказни со вознемирување, звучат како минимизирање и алудирање на тоа дека демек се преувеличува околу проблемот со манијаци. Зборуваме за случај со манијак кој шета гол и напаѓа девојки што едвај му бегаат да не ги злоупотреби, а господинот иронизира, ма браво! Не се секирајте, нема да ви го криминализираме ние „радикалните феминисти“ правото лабаво само да зјапате и после boy gossip муабетот да ви се сведува на добри „риби“. Тоа ќе си остане само сељачко, а проблемот со манијаци е нешто сосема друго. Твоево смејурење покажува токму сѐ што не е во ред со нашава земја по ова прашање. Страшно е што закон и институции го делат тој ист мајндсет.
А што ако те натегне во уличка, те испофаќа, ама си го дрка и сврши на тебе, не внатре, значи нема полов однос? За жал, сериозна сум. Препознава ли нашиов закон некаков сексуален напад или само силување (и тоа едвај)?
За жал, законот е многу лош. Треба измени да прават, ама кој да се замара со тоа кога имаат „побитни“ работи за правење. Инаку ова би се сметало за Задоволување на полови страсти пред друг Член 190 (1)Тој што пред друг врши полово дејствие на јавно место, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Не сакам да бидам офф топик, ама спојлеров ми е контрадикторен со мислењево погоре. Дали ако ти имаш некој недостаток (а сигурно имаш, никој не е совршен) би се продала и себе, и име би сменила или не знам што? Наместо да целиме кон тоа да се подобриме самите себе, ние ќе се обезвреднуваме и продаваме како проститутки?
Човекот е територијално суштество. Држави постојат уште од самиот почеток на цивилизацијата во различни форми. Не банализирајте.
Поентата ми беше себевредувањето. Ако не се цениш самиот не очекувај друг да те цени. Па дали си единка, пар, семејство, нација - сеедно.
Ne sum u tek so nastanite pa samo ke kazam, posle siluvanjeto na devojceto na vesna petrusevska vo taftalidje/kapistec sred bel den, nisto veke ne me cudi... Tolku.
Со статистикиве сме дно . Треба да не запишат во Гинисова Книга на рекорди за најдолг зимски сон , ама на 99% од институциите кои би требало да се грижат за безбедноста и сигурноста на граѓаните во една држава . До таму стигнавме изминативе години . Ова е страшно !
Болката на оние девојки кои биле жртви на силување нема политичка боја.Секој сторител на вакво дело треба да биде казнет,но,задачата особено на МВР не е само во откривање,пронаоѓање и фаќање на сторителите на казниви дела,туку и заштита на животот,личната сигурност и спречување на вршење на казниви дела.Само со таква поставеност ваквите и останатите дела нема да бидат третирани само како случаеви(бројки) кои треба да бидат решени. Потребно е: -Законските одредби да бидат попрецизни и дефинитивно поригорозни. -МВР и останатите институции мора да расчистат со луѓе кои треба да бидат во затвор а сеуште се на слобода,поради XY причини. -Во исто време сум за враќање на стариот (теренски)модел на функционирање на МВР. Апсолутно е недозволиво за институција со околу 11,541 вработени да нема во населба (во зависност од големината на населбата) по околу 10 полициски службеници на терен,плус 1-2 возила кои патролираат.Само на тој начин ќе можат реално да обезбедат спречување на вршење на казниви дела,бидејќи реално,МВР не е само сообраќајна полиција и алко-тестови,додека девојки се силуваат,дрога се дила,а аптеки и супермаркети се ограбуваат.
Воопшто не сме заштитени како грагани од државава Не сум жртва на силување , но некако сум магнет за сексизмот ... Жал ми е за сите такви случаеви и што сме безпомошни како грагани на оваа вукојебина ..
Кога ќе се научите дека на болен психички ум кој се задоволува со покажување моќ и болка над друга особа, му треба само прилика, а не причина? Значи, да не се најдеш во погрешно место и погрешно време, толку е цела таа филозофија. Не се битни облека, изглед, саат од деноноќие. За жал, никогаш нема да сфатат мажите кој е стравот од спротивен пол. Едниот може со голи раце да го убие другиот. Може правно сме еднакви, но за ова никогаш не сме биле и нема да бидеме. Шетајте со другарки, другари, дечковци, мене искрено штом се стемни ми е страв сама било каде да одам. Клучеви, спрејови, нокти, што и да ви се најде под рака за не дај боже ситуации. Од полиција одамна е јасно дека не може многу да очекуваме, финтата е да не се случуваат вакви работи.